Горно Свиларе
Горно Свиларе — село во Општина Сарај, во околината на градот Скопје. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 712 жители.
Горно Свиларе | |
Поглед кон Горно Свиларе од падината на Жеден | |
Координати 42°2′39″N 21°16′45″E / 42.04417° СГШ; 21.27917° ИГД | |
Општина | Сарај |
Население | 845 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 25056 |
Надм. вис. | 439 м. м |
Горно Свиларе на општинската карта Атарот на Горно Свиларе во рамките на општината | |
Горно Свиларе на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиГорно Свиларе се наоѓа во западниот дел на Скопската Котлина, северно од Вардар.
Историја
уредиВо XIX век, селото е дел од нахијата Кара Даг во Скопската каза во Отоманското Царство. Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било мешано со христијанско[2] и муслиманско[3] население, каде имало 10 христијански и 1 муслиманско домаќинство. На овој попис биле забележани 42 мажи христијани, со 3 новороденчиња и 3 мажи муслимани без новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 96 жители.
Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 206 жители.[4]
Според податоците на бугарскиот публицист Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 86 жители Албанци муслимани и 60 Македонци христијани.[5] Како село со албанско население било означено и од страна на Леонард Шулце Јена во 1927 година.[6] Исто така, слични податоци дава и Афанасиј Селишчев во 1929 година.[7]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 250 Албанци, 25 до 50 Македонци и 25 до 50 други жители.[8]
На пописот од 2002 година, селото имало 712 жители, од кои 711 Албанци и 1 останат.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 845 жители, од кои 830 Албанци и 15 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 146 | — | 271 | 284 | 313 | 358 | 505 | 0 | 600 | 712 | 845 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Родови
уредиГорно Свиларе е албанско село, а порано имало и Македонци.
Според истражувањата од 1948 година, родови во селото се:
Албански
- Доселеници: Матњан (7 к.) доселени се од областа Мат во северна Албанија. Они се првите албански доселеници. Го знаат следното родословие: Фета (жив на 70 г. во 1948 година) Имер-Јакуп-Асан-Мемет, кој се доселил; Дибран (9 к.) доселени се кога и претходниот род. Доселени се од Дебарско. А таму се доселени од Албанија; Љумљан (10 к.) потекнуваат од фисот Шаља во северна Албанија. Името го добиле по областа Љума од каде потекнува фисот; Дац (7 к.) потекнуваат од фисот Тсач во северна Албанија.
Македонски
- Доселеници: Ѓорески (2 к.) и Чинговци (2 к.) доселени се од селото Кучково. Во родот Ѓорески го знаат следното родословие: Крсто (жив на 48 г. во 1948 година) Кузман-Ѓоре, кој се доселил; Васовски (1 к.) потекнуваат од предокот Стојан кој дошол како посинет во родот Чинговци. По потекло овој род е од Тетовско.[15]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта
- Кале — кале од римското и доцноантичкото време
Личности
уреди- Сулејман Реџепи — поранешен водач на Исламската верска заедница на Македонија
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
- ↑ Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
- ↑ Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900.
- ↑ Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
- ↑ Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ . Трифуноски, Јован (1964). Сеоска насеља Скопске котлине - развитак села, порекло становништво и привредне одлике. Скопје. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link)
Надворешни врски
уреди- Сателитска снимка на Горно Свиларе, на Карти на Гугл