Тажево
Тажево — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.
Географија и местоположба Уреди
Историја Уреди
Жителите на село Тажево биле населени од друго село, Попои Куќи, кое денес не постои. Тоа село постојано било напаѓано и ограбувано од Турците, па така еден ден група Турци почнале да го оргабуваат и им ја зеле цела стока, па месното население останало без ништо и било принудено да се пресели на друго место. Името на селото го добило по тоа што луѓето кога бегале од Попои Куќи и се населувале на друго место, многу тажеле, па од самите жители го нарекле – Тажево. (Според Марко Цепенков)
Стопанство Уреди
Население Уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Тажево имало 215 жители, сите Македонци.[2] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Тажео имало 200 Македонци патријаршисти.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото живееле само 7 жители, сите Македонци.[4]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 215 | 200 | 233 | 258 | 248 | 218 | 87 | 23 | 24 | 7 | 2 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Родови Уреди
Тажево е чисто македонско православно село. По преданието селото најпрво се наоѓало покрај реката Треска, на местото Попови куќи. Но, поради чума селото целосно опустело. Имало, кажуваат толку многу мртви, што луѓето не можеле да ги погребаат, него кучињата ги јаделе. Во селото останале брат и сестра, братот отишол со стоката, а сестрата отишла во Црква. Но, по пат ја нападнале кучиња и бегајќи скршила нога, поради што останала саката. Потоа, некој Петре Дебранец, овчар, дошол во селото да чува овци. Братот му ја дава сестрата и тој се жени со неа. Но, бидејќи не можеле убаво да се согласуваат, зетот и сестрата одат и го основаат селото Брезница, а братот останува во Тажево. Од братот води потекло цело село.
Родови во Тажево се: Костевци-Пауновци (7 к.); Димовци (2 к.); Петковци (1 к.); Јандријовци (3 к.); Стојовци (6 к.) и Вељановци (1 к.).
Културни и природни знаменитости Уреди
Општествени установи Уреди
Самоуправа и политика Уреди
Избирачко место Уреди
Во селото постои избирачко место бр. 0269 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватна просторија.[11]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место бил запишан вкупно 1 гласач.[12] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место бил запишан вкупно 1 гласач.[13]
Редовни настани Уреди
Личности Уреди
Култура и спорт Уреди
Иселеништво Уреди
Наводи Уреди
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.258.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.156-157.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. ISBN 9989649286.
- ↑ Евидентирани Археолошки наоѓалишта во и околу ПНП Јасен
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 16 октомври 2017.
- ↑ „Локални избори 2017“. Посетено на 16 октомври 2017.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-05-05. Посетено на 5 мај 2019.
- ↑ 14,0 14,1 . Крајчески, Цуте (2017). Порече (1943 - 1945). Скопје: Државен Архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link)