Горно Оризари (Битола)

село во Општина Битола
(Пренасочено од Горно Оризари (Битолско))

Горно Оризари — градска населба во североисточниот дел на градот Битола, на излезот кон Прилеп, во централниот дел на територијата на Општина Битола.

Горно Оризари
Горно Оризари во рамките на Македонија
Горно Оризари
Местоположба на Горно Оризари во Македонија
Горно Оризари на карта

Карта

Координати 41°3′3″N 21°20′48″E / 41.05083° СГШ; 21.34667° ИГД / 41.05083; 21.34667
Регион  Пелагониски
Општина  Битола
Население 2.521 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 02025
Надм. вис. 565 м
Горно Оризари на општинската карта

Атарот на Горно Оризари во рамките на општината
Горно Оризари на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Горно Оризари е населба во градот Битола која се наоѓа на излезот кон Прилеп на магистралниот пат М-5. Во оваа населба се наоѓа ПОУ „Тодор Ангелевски“ - Горно Оризари, фабриката „Лозар“ и фабриката за тутун „Сокотаб“. Низ оваа населба поминува железничката пруга Битола - Скопје. Јужно од оваа населба се битолските нови и стари гробишта, како и црквата Црква „Св. Недела“ - Битола. Горно Оризари е административно во состав на Општина Битола, брои 2.454 жители од кои 2.431 се Македонци, од нив 1.209 биле мажи, а 1.222 жени. Порано село, сега приградска населба во Битола, Горно Оризари е сместено северно од Битола (на далечина од само 1 км), источно од излезниот пат кон Прилеп, и ограничениот пат кој ја поврзува Битола со Охрид и Ресен (западно) и Прилеп (северно).

Околни села се: Долно Оризари на исток и Раштани на запад. Порано, водата за пиење се добивала од чешми (две) и еден бунар. Во дворот од секоја куќа бунарот обично бил длабок 5-10 метри. Но, водата од нив била тешка и избивала од земјата, феномен кој се нарекува "езерска глина".

Атарот на населбата е голем. Потези се: Тумба, Рид, Градено, Лозје, Мутишица, Ограѓе, Подлинија, Гладно Поле, Средно Патче, Мерите и Чаир. Горно Оризари е населба од збиен тип. Куќите во стариот дел од населбата се групирани во две маала: Горно и Долно. Поединечни делови во маалата се викаат по родовите - Галевци, Реџовци, Аршинковци итн.

Улици

уреди

Улици во оваа населба се:

  • Ванчо Јаневски
  • Васил Брклевски
  • Владимир Назор (8 Септември)
  • Костурска
  • Крсте Нале
  • Кукуш
  • Мраморец
  • Петко Шалевски (Кире Костадиновски)
  • Рашанец
  • Раштанска
  • Стара Чешма

Историја

уреди

Крај патот Битола - Прилеп е потегот Тумба. Во 50. години од минатиот век, во селото се пронајдени остатоци од гробови. Мештаните говорат дека тоа биле "арапски гробишта". По тоа тие заклучуваат дека некогаш во ова село живееле Арапи. На местото на тие гробишта денес се наоѓа фабриката за изработка на цигли.

Горно Оризари се вбројува во постарите села од битолскиот крај. Тоа се гледа и по сочуваните старински родови. Најпрво, ова село се викало "Оризаре". Подоцна, за да се разликува од новото село Долно Оризари, го добило името "Горно". Името на селото дошло по одгледувањето на ориз. Оризот до средината на 19. век се одгледувал на потезите Мерите и Чаир.

Во XIX век, Горно Оризари се наоѓало во Битолската каза на Отоманското Царство.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, Горно Оризари имало 236 жители, сите Македонци-христијани. По ослободувањето од Турците во 1912 година, во Горно Оризари беа забележани неколку чифлици. Сопственици биле: Рифат (имал најмногу земја), Азис, Неџип-ефенди, Шаќир-ефенди, Мемет Бањарот, Анка и други. Сите живееле во Битола, освен малобројните родови Галевци и Реџовци. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Горно Оризари имало 216 жители, сите Македонци.

Во 1912, селото имало 40 македонски куќи. Потоа мештаните ги купувале поседите од читлук сабијата. Некои го добивале земјиштето со аграрна реформа. Во атарот на Горно Оризари, ова земјиште го купувале и жителите на Карамани, Раштани (Битолско) и градот Битола. Од некогашниот просторен атар, жителите на Горно Оризари имаат само една четвртина, поради тоа што на атарот се наоѓа и битолскиот монопол.

Стопанство

уреди

Со оглед на фактот дека станува збор за малку урбанизирана средина, не може да стане збор за некаква развиена економија. Во населбата има само мали претпријатија и тоа главно од трговски карактер, што е и главна причина за неговата неразвиеност.

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948414—    
1953449+8.5%
1961531+18.3%
1971990+86.4%
19812.066+108.7%
ГодинаНас.±%
19912.090+1.2%
19941.992−4.7%
20022.454+23.2%
20212.521+2.7%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Горно Оризари живееле 236 жители, сите Македонци.[2]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Горно Оризари имало 216 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Горно Оризари се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 36 куќи.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[5]

Горно Оризари било село и во 1961 година имало 531 жител, додека во 1994 година бројот се зголемил на 1.992 жители, македонско население.

Поради близината со градот, Горно Оризари по 1970-тите години станало имиграциско место каде што денес живее бројно население со потекло од битолските пелагониски, Железник (Демир Хисар) и Мариово.

Во 1990-тите во Горно Оризари добиле куќи и имоти и жителите на раселеното село Биљаник поради ширењето на рудникот Судовол, а исто така, во атарот на Горно Оризари се наоѓа и новоизградената Стрежевска Населба, каде што живеат доселеници од потопеното село Стрежево поради изградбата на хидросистемот Стрежевско Езеро.

Според пописот од 2002 година, населбата Горно Оризари броела 2.454 жители, од кои 2.431 Македонец, 13 Роми, 1 Влав, 3 Срби и 6 останати.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во населбата Горно Оризари живееле 2.521 жители, од кои 2.442 Македонци, 1 Албанец, 2 Турци, 4 Роми, 11 Власи, 8 Срби, 4 останати и 49 лица без податоци, и претставува најстарата населба во општината и воопшто во Битолско.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 236 216 414 449 531 990 2.066 2.090 1.992 2.454 2.521
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови

уреди

Горно Оризари било македонско православно село, едно од поголемите во Битолско, кое веќе претставува населба. Родовите се староседелски и доселенички.

Родови во Горно Оризари се:

Староседелци: Аршинковци (5 куќи), Поповци (5 куќи) и Ѓелевци (3 куќи).

Не се знае дали се староседелци или доселеници со непозната старина: Грујовци (13 куќи).

Доселеници: Галевци (5 куќи) доселени се од Радобор; Дрнковци (5 куќи) доселени се од Лознани; Стрезовци (5 куќи) доселени се од Новоселани; Биљаровци (2 куќи) и Кумитовци (2 куќи) доселени се од Коњари, Прилепско; Секоја (3 куќи) доселени се од Подино, таму биле староседелци; Прпачо (1 куќа) доселени се од Ношпал; Гроздан (1 куќа) доселени се од Горно Агларци; Тасе (1 куќа) и Комарец (1 куќа) доселени се од Раштани; Консуло (1 куќа) доселени се од Лопатица; Рек (1 куќа) доселени се од Крклино; Егејци (1 куќа) доселени се од Неокази, Леринско; Реџовци (9 куќи), Брбушковци (4 куќи), Дисковци (3 куќи) и Биљовци (1 куќа) доселени се однекаде, Блажевци (2 куќи) доселени од Беранци. Реџовци и Дисковци потекнуваат од ист предок.[12]

Општествени установи

уреди

Во Горно Оризари постои ПОУ "Тодор Ангелевски" кое работи во склоп на ЦОУ "Тодор Ангелевски".

Самоуправа и политика

уреди

Избирачко место

уреди

Во селото постојат избирачките места бр. 0039, 0039/1, 0040 и 0040/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 2.364 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитости

уреди
Цркви

 · Црква Св. „Талалеј“ - камен темелник воставен во јуни 2021 година;[15]

Редовни настани

уреди

Населбата Горно Оризари и селото Долно Оризари имаат панаѓур за Велигден. Тогаш во овие населени места доаѓаат гости и се приредува собир. Селските гробишта се во црквата Света Недела.

Личности

уреди

Култура и спорт

уреди
  • ФК Младост, настапува во Третата македонска фудбалска лига (запад).

Иселеништво

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 239.
  3. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 166-167.
  4. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 11.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 20 декември 2022.
  7. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
  13. „Описи на ИМ“. Државна изборна комисија. Посетено на 13 октомври 2021.
  14. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. Осветување на камен темелник за изградба на нов храм посветен на „Светиот маченик Талалеј“, во Горно Оризари

Надворешни врски

уреди