Полошки Регион

регион во Македонија

Полошки Регион — еден од осумте статистички региони на Република Македонија. Регионот се наоѓа во северозападниот дел од државата и се граничи со Косово и Албанија и внатрешно со Југозападниот и Скопскиот Регион. Главен град на регионот е Тетово. Наречен е по областа Долни Полог.

Полошки Плански Регион
Регион
Logo of Polog Region.svg
Грб
Потекло на името: Името потекнува од името на Полошката Котлина
Земја Македонија Македонија
Површина 2,416 км2
Население 304,125 (2002)
Основано 2009
Часовен појас UTC+1
Повикувачки бр. 044
Oпштини 9
Седиште Његошева 2, 1200 Општина Тетово
Раководител Фатмир Саити
Местоположба на регионот во рамките на Македонија.
Местоположба на регионот во рамките на Македонија.
Портал: http://www.rdcpolog.mk

Официјално мрежно место

ОпштиниУреди

 
Карта на општините.

Полошкиот Регион е поделен на девет општини:

  1.   Боговиње
  2.   Брвеница
  3.   Врапчиште
  4.   Гостивар
  5.   Желино
  6.   Јегуновце
  7.   Маврово и Ростуше
  8.   Теарце
  9.   Тетово

ДемографијаУреди

 
Демографска карта на регионот.

НаселениеУреди

Моменталната бројка на населението на полошкиот регион изнесува 304.125 жители.

Попис Население Промена
1994 282.432 н/п
2002 304.125 +8,24 %

Најголеми населени местаУреди

Најголемите населени места се:

Ранг Населено место Население
1 Тетово 52.915
2 Гостивар 35.847
3 Мала Речица 8.353
4 Чегране 6.748
5 Боговиње 6.328
6 Челопек 5.287
7 Добри Дол 5.223
8 Врапчиште 4.874
9 Камењане 4.834
10 Пирок 4.701

Етнички групиУреди

Полошкиот Регион е единствен регион во Македонија каде Македонците не се мнозинство. Етничките групи се:

Број %
Вкупно 304.125 100
Албанци 222.679 73.21
Македонци 57.079 18.76
Турци 16.386 5.38
Роми 4.194 1.37
други 3.178 1.04

ПоврзаноУреди