Стојаково

село во Општина Богданци

Стојаково — село во Општина Богданци, во областа Бојмија, во околината на градот Богданци.

Стојаково

Сретселото во Стојаково

Стојаково во рамките на Македонија
Стојаково
Местоположба на Стојаково во Македонија
Стојаково на карта

Карта

Координати 41°9′20″N 22°34′39″E / 41.15556° СГШ; 22.57750° ИГД / 41.15556; 22.57750
Регион  Вардарски
Општина  Богданци
Област Бојмија
Население 1.451 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1488
Повик. бр. 034
Шифра на КО 06029
Надм. вис. 60 м
Стојаково на општинската карта

Атарот на Стојаково во рамките на општината
Стојаково на Ризницата

Географија и местоположба

уреди
 
Главната улица во селото

Населбата се наоѓа во областа Бојмија, во јужниот дел на Гевгелиско-валандовската Котлина, на територијата на Општина Богданци, чиј атар на тесен дел се допира со државната граница со Грција. Всушност, селото лежи на левата страна на реката Вардар, недалеку од автопатот Скопје-Гевгелија, а на самиот локален пат кон Богданци.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 60 метри. Од градот Гевгелија е оддалечено 8 километри.[2]

Атарот е голем и зафаќа површина од 27,4 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 1.731 хектар, на пасиштата отпаѓаат 644 хектари, а на шумите 141 хектар.[2]

Историја

уреди

Територијата на која лежи Стојаково била населена уште од античко време, а за тоа сведочат многубројните археолошки наоди пронајдени во негова близина.

Првобитната локација на Стојаково се наоѓала крај месноста Шипков Дол, во близина на денешната населба. Старото име на оваа населба е Трнова. Но, пред неколку векови со пустошењето на болеста чума, жителите на ова место биле принудени да ги напуштат своите родни огништа и да побараат ново место на кое ќе подигнат нова населба. Местото на кое се населиле е всушност денешната територија на која се наоѓа Стојаково.

Името Стојаково било дадено подоцна од причини што оваа населба се наоѓала на главниот пат, кој поврзувал важни региони (пат користен уште од антиката, Белград - Солун), па така тука во ановите останувале и отспивале голем број на трговци кои биле на пат. Првобитно бил нарекуван Стојакот (место каде што се останува, се стои, за подоцна да биде именувано како Стојаково, име кое и ден денес се користи).

Во XIX век, Стојаково било христијанско село во рамките на Гевгелиската каза на Отоманското Царство.

Селото било тешко оштетено при Валандовскиот земјотрес во 1931 година.[3]

Вкупно 4 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]

Стопанство

уреди

Селото има полјоделско-сточарска функција.[2]

Населението во Стојаково претежно се занимава со одгледување на земјоделски производи (најмногу раноградинарски) пред сѐ поради погодната топла клима и силните средоземни влијанија кои продираат во овој регион. Исто така е застапено и одгледувањето на винова лоза од кое се прозведува квалитетно вино и ракија.

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.566—    
19531.646+5.1%
19611.933+17.4%
19712.063+6.7%
19812.125+3.0%
ГодинаНас.±%
19912.048−3.6%
19942.041−0.3%
20021.931−5.4%
20211.451−24.9%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Стојаково имало 1.520 жители, од кои 1.350 Македонци, 80 Турци и 90 Роми.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Стојаково имало 1.724 жители.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 1.350 Македонци.[7]

Стојаково е големо село, коешто во 1961 година имало 1.933 жители, од кои 1.815 биле Македонци, а 101 Србин. Во 1994 година, бројот се зголемил на 2.041 жител, од кои 2.010 жители Македонци, а 23 жители Срби.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Стојаково имало 1.931 жител, од кои 1.890 Македонци, 36 Срби, 1 Влав и 4 останати.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 1.451 жител, од кои 1.363 Македонци, 1 Турчин, 1 Влав, 12 Срби, 3 останати и 71 лице без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 1.520 1.724 1.566 1.646 1.933 2.063 2.125 2.048 2.041 1.931 1.451
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Општествени установи

уреди
 
Спортската сала изградена во дворот на училиштето
Образовни
Општествени
Здравствени
  • Амбуланта
Културни
  • Дом на културата

Самоуправа и политика

уреди

Селото влегува во рамките на Општина Богданци, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Богданци.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Стојаково, во која влегувале селата Селемли и Стојаково.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Богданци, во која покрај селото Стојаково се наоѓале градот Богданци и селата Богородица, Ѓавато и Селемли.

Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Богданци.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија.

Избирачко место

уреди

Во селото постојат избирачките места бр. 368 и 369 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.379 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости

уреди

Штрковски гнезда

уреди

Во 2016 година енормно се зголемил бројот на штркови кои прават свои гнезда во селото. Поради ова жителите на Стојаково планираат покренување на иницијативи овие птици преселници да станат нивен заштитен знак, да се крстат семејствата штркови и да се собираат информации за нив - од каде доаѓаат, колку време престојуваат, колку принови имале и слично.

Месната заедница во Стојаково заедно со Македонското еколошко друштво направиле евиденција на гнездата и штрковите со помош на дрон. Летото во 2018 година биле изброени 208 штркови на 37 гнезда, 74 стари, а 134 млади.

Во селото освен на секој електричен столб и бандера, гнезда на штрковите има и на објекти. Поради нив Стојаково е посетувано од луѓе кои доаѓаат да ги фотографираат штрковите од близу. Месната заедница планира за таквата цел да се подигнат и две посматрачници.[16]

Цркви[17]

Редовни настани

уреди
  • Првомајски традиционални трки — трки во повеќе дисциплини, како трка со коњи, трка со магариња, трка на сто метри (јуниори и сениори во машка и женска конкуренција), скокање со вреќи, трка со ролерки (почнувајќи од 2007 г.), трка на 3.000 метри, трка со велосипеди и влечење со јаже.

Личности

уреди
Родени во Стојаково
Починати во Стојаково

Култура и спорт

уреди

Во селото постојат повеќе спортски друштва, како:

  • Риболовно друштво „Риболовец“
  • Фудбалски клуб „Пролетер“
  • Ловечко друштво „Тигар“
  • Спортско друштво „Цико“

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 286. Посетено на 11 јули 2017.
  3. Порта3 (2017-12-21). „Разурнувачкиот земјотрес во Валандово од 1931 година“. Порта3 - градежништво, архитектура и екологија. Посетено на 2021-10-08.
  4. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 151.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 194-195.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 11 јули 2017.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 21 декември 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-13. Посетено на 21 декември 2019.
  16. „Штрковите во Стојаково ќе добијат имиња и биографии оти летово има 37 гнезда“. Сакам Да Кажам. 13 август 2018. Посетено на 13 август 2018.
  17. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  18. „II Р Е Г Л Е Д НА ПЕЧАТЕНИ КНИГИ, СТРУЧНО-НАУЧНИ ТРУДОВИ, СЦЕНАРИЈА И РЕПОРТАЖИ ОД ПРОФ. Д-Р ДИМИТАР ЌОРНАКОВ, ИСТОРИЧАР НА УМЕТНОСТА од 1956 до 2009 год“ (PDF). Каламус. Посетено на 2012-05-13.

Надворешни врски

уреди