Мирче Ацев (село)
Мирче Ацев — село во Општина Кривогаштани, во околината на градот Прилеп.
Мирче Ацев | |
Координати 41°19′8″N 21°25′23″E / 41.31889°N 21.42306°E | |
Регион | Прилепско Поле |
Општина | ![]() |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | |
![]() |
Историја
уредиПоранешното име на селото е Петрово. Тоа е колонистичка населба формирана од православни Срби доселени во 1922 година од Далмација.[2] До почетокот на Втората светска војна селото нараснало на 28 домаќинства, а имало и свое училиште. Во 1941 година бугарскиот окупатор ги иселил жителите во Србија, а на нивно место доселил жители од Локвица, Порече и од околината на Струга.[2] По завршувањето на војната само две семејства се вратиле од Србија.
Географија и местоположба
уредиСелото било рамничарско и во близина се селата Врбјани, Кадино Село, Боротино и Славеј.
Население
уреди
|
| ||||||||||||||||||||||||||||||
Селото е раселено и според пописот од 2002 година нема жители.[3] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | — | 163 | 151 | 126 | 44 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[4]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[5]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]
Родови
уредиРодови во селото биле: Шоргиќи (1 к.) и Станисављевиќи (1 к.) Срби. Доселени од Далмација; Локвичанци (20 к.) и Стружанци (6 к.) Македонци. Првите се од селото Локвица во Порече, а вторите од Струшко.[8]
Самоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 1519 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште на селото Славеј.[9]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 309 гласачи.[10]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Ф. Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина. Српска академија наука и уметности. стр. 347.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина. Српска академија наука и уметности.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски
уреди- Сателитска снимка на Мирче Ацев на Карти на Гугл