Луково (Кратовско)

село во Општина Кратово

Луково — село во североисточниот дел на Македонија, во Општина Кратово, во околината на градот Кратово.

Луково

Воздушен поглед на Луково

Луково во рамките на Македонија
Луково
Местоположба на Луково во Македонија
Луково на карта

Карта

Координати 42°02′52″N 22°14′40″E / 42.04778° СГШ; 22.24444° ИГД / 42.04778; 22.24444
Регион  Североисточен
Општина  Кратово
Област Осогово
Население 1 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1360
Повик. бр. 031
Шифра на КО 14017
Надм. вис. 1.060 м
Луково на општинската карта

Атарот на Луково во рамките на општината
Луково на Ризницата

Географија и местоположба

уреди
 
Поглед на селото

Селото се наоѓа во крајниот јужен дел на територијата на Општина Кратово, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Пробиштип.[2] Селото е планинско, сместено на надморска височина од 1.060 метри. Од градот Кратово селото е оддалечено осум километри.[2]

До селото се стигнува преку земјен пат, кој се двои од регионалниот пат 29271. До селото може да се стигне и преку земјен пат, кој се двои од регионалниот пат 2232, преминувајќи ја Злетовска Река.

Селото се наоѓа во долината на Злетовска Река.

Историја

уреди

Во 1019 година, Луково е споменато како дел од Скопската епархија на Охридската архиепископија.[3]

Во септември 1903 година селото било запалено и ограбено од турскиот аскер, што се случило по борба помеѓу чета на ВМРО и аскерот. Подоцна, мештаните морале да најдат засолниште на други места.[4]

Стопанство

уреди

Атарот на селото зафаќа простор од 9,7 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 742 хектари, на пасиштата отпаѓаат 127 хектари, а на обработливите површини само 44 хектари.[2]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948167—    
1953200+19.8%
1961147−26.5%
1971107−27.2%
198149−54.2%
ГодинаНас.±%
199117−65.3%
199416−5.9%
20024−75.0%
20211−75.0%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година Луково има 120 жители, сите Македонци христијани.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Луково имало 80 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[7]

Луково е мало село, коешто во 1961 година броело 147 жители, а во 1994 година само 16 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Луково живееле 4 жители, сите Македонци.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 1 жител, Македонец.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 120 80 167 200 147 107 49 17 16 4 1
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]


Самоуправа и политика

уреди

Кон крајот на XIX век, Луково било село во Кратовската каза на Отоманското Царство.

Селото се наоѓа во Општина Кратово, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кратово. Селото припаѓало на општината Кратово и во периодот 1955-1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Кратовска градска општина, во која покрај градот Кратово, се наоѓале и селата Близанци, Горно Кратово, Емирица, Железница, Живалево, Кавран, Кнежево, Којково, Куново, Мушково, Нежилово, Приковци, Туралево, Филиповци и Шлегово. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната општина Злетово, во која влегувале селата Злетово, Зеленград, Јамиште, Лесново, Луково и Ратавица.

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 0908 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватна куќа. Во него се опфатени селата Близанци, Куново и Луково.[13]

На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 6 гласачи.[14]

Личности

уреди
Родени во или по потекло од Луково

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 79.
  3. „Историја на Охридската архиепископија“. www.promacedonia.org. Посетено на 2022-10-24.
  4. Апостолов, Александар, Кондев, Тодор и Апостол Керамитчиев. Злетовска област. Географско-историски осврт, Скопje 1974, с. 558.
  5. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 223.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 130-131.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 24 октомври 2022.
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 24 октомври 2022.
  14. „Локални избори 2021“. Архивирано од изворникот на 2022-10-24. Посетено на 24 октомври 2022.

Надворешни врски

уреди