Марино
- За истоименото село во Славонија, Хрватска, видете ја оваа статија.
Марино е населено место во Општина Илинден, во околината на градот Скопје.
Марино | |
![]() Влезот на Марино од страната на Кадино | |
Координати 41°59′35″N 21°35′27″E / 41.99306° СГШ; 21.59083° ИГДКоординати: 41°59′35″N 21°35′27″E / 41.99306° СГШ; 21.59083° ИГД | |
Општина | Илиден |
Население | 3533 жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 1041 |
Шифра на КО | 25085, 25585 |
![]() |
Географија и местоположбаУреди
Марино се наоѓа во Општина Илинден, сместено во Скопската Котлина. Места со кои се граничи се Јурумлери, Илинден, Кадино и Миладиновци.
ИсторијаУреди
Значително зголемување на населението Марино доживува во педесеттите години на XX век, со доселувањето на голем број луѓе од кривопаланечките села, а подоцна и од Куманово и Кратово.
СтопанствоУреди
НаселениеУреди
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Марино живееле 100 жители, сите Македонци.[1]
Според послениот Попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 3.533 жители. Следува табела на националната структура на населението:[2]
Националност | Вкупно |
Македонци | 3 396 |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Албанци | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 129 |
Бошњаци | 0 |
останати | 8 |
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[3]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | 220 |
1953 | 175 | — | — | — | — | 72 | ... | 5 | 252 |
1961 | 141 | — | — | ... | ... | 97 | ... | 5 | 243 |
1971 | 316 | — | — | — | ... | 81 | ... | 3 | 400 |
1981 | 2.342 | — | — | — | — | 120 | ... | 41 | 2.503 |
1991 | 3.141 | — | — | — | — | 143 | — | 36 | 3.320 |
1994 | 3.205 | — | — | — | — | 148 | — | 1 | 3.359 |
2002 | 3.396 | — | — | — | — | 129 | — | 8 | 3.533 |
РодовиУреди
Марино е македонско-српско село.
Според истражувањата од 1953 година, родови во селото се:
Српски
- Доселеници: Станковиќи (2 к.) и Митиќи (3 к.) доселени се во 1922 година од селото Пуковца во околината на Прокупље во Србија; Станојевиќи (1 к.) и Савиќи (1 к.) доселени се во 1922 година од селото Маловишта кај Ниш во Србија; Велковиќи (2 к.) доселени се во 1922 година од селото Шаиновца кај Прокупље во Србија; Костадиновиќи (1 к.) доселени се од околината на Лесковац во Србија; Дејановиќи (1 к.) доселени се во 1923 година од околината на Ниш; Адровиќи (1 к.) доселени се во 1926 година од селото Адровиќа во црногорското приморје; Гајиќи (1 к.) доселени се во 1932 година од Срем; Паковски (1 к.) доселени се во 1946 година од Витина во Косово. Некои ги сметаат за православни Роми.
Македонски
- Доселеници: Нешиќи (1 к.) доселени се во 1923 година од селото Кучевиште; Левајковиќи (1 к.) доселени се во 1925 година од селото Мирковци; Тапшаноски (2 к.) доселени се во 1928 година од селото Љубанци; Костовци (1 к.), Илијевци (1 к.) и Павлеви (1 к.) доселени се во 1941 година од селото Љуботен; Ѓоргијовски (1 к.) доселени се во 1941 година од селото Бунарџик; Арсовски (1 к.) доселени се во 1941 година од некое село во Овче Поле; Мирчевски (1 к.) доселени се во 1941 година од Тетово; Брзаковски (1 к.) доселени се во 1941 година од селото Љубанци; Симоноски (1 к.) доселени се во 1941 година од Скопје. Некои велат дека се православни Роми (поради темната кожа); Слезенкови (1 к.) доселени се во 1941 година од селото Љубанци; Цветаноски (1 к.) доселени се во 1941 година од скопското маало топанско; Топузовци (1 к.) доселени се во 1941 година од селото Љубанци; Кароски (1 к.) доселени се во 1941 година од селото Мирковци; Сурловски (1 к.) доселени се во 1941 година од селото Љубанци; Канчевски (1 к.), Кајевски (1 к.) и Цветковски (1 к.) доселени се во 1941 година од мијачкото село Галичник; Митрови (1 к.) доселени се во 1942 година од селото Љуботен. Таму биле доселени од селото Побожје, припаѓале на родот Радиќевци; Пешовци (1 к.) доселени се во 1946 година од селото Побожје; Трпчески (1 к.) доселени се во 1948 година од селото Горно Соње.[4]
Општествени установиУреди
Самоуправа и политикаУреди
Културни и природни знаменитостиУреди
ЛичностиУреди
- Лилјана Дирјан (Скопје, 1953) - македонска писателка и новинар.
- Христина Андоновска (р. 1973) - асистент-истражувач на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.
НаводиУреди
- ↑ Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.206
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1964). Сеоска насеља Скопске котлине - развитак села, порекло становништво и привредне одлике V. Скопје: Филозофски факултет.