Општина Старо Нагоричане
Општина Старо Нагоричане — општина во северниот дел на Македонија. Центар на општината е селото Старо Нагоричане. Општина Старо Нагоричане како општина е формирана 1996 година,во неа гравитираат 39 населби. Во општината постојат 43 архиелошки наоѓалишта, 14 некрополи, 6 архелошки објекти и 2 осамени наоди. Археолошките наоѓалишта потекнуваат од следните хронолошки периоди: неолит, бакарно време, брозено време, железно време, рана антика, римски период, доцна антика и среден век. Градоначалник е Жаклина Јовановска. Претходно, територијата на Општина Старо Нагоричане била во рамките на Општина Куманово.
Општина Старо Нагоричане | |||
---|---|---|---|
Општина | |||
| |||
![]() | |||
Држава | Македонија | ||
Седиште | Старо Нагоричане | ||
Населени места | Список
| ||
Управа | |||
• Градоначалник | Жаклина Јовановска | ||
Површина | |||
• Вкупна | 433,41 км2 (167,34 ми2) | ||
Население (2021)[1] | |||
• Вкупно | 3.501 | ||
• Густина | 8,1/км2 (21/ми2) | ||
Часовен појас | CET (UTC+01:00) | ||
• Лете (ЛСВ) | CEST (UTC+02:00) | ||
Повикувачки број | +031 | ||
Регистарски таблички | KU | ||
Мреж. место | staronagoricane.gov.mk |


Географија уреди
Општина Старо Нагоричане се наоѓа во североисточниот регион во Република Македонија. Во општина Старо Нагоричане се наоѓаат селата: Алгуња, Аљинце, Арбанашко, Бајловце, Брешко, Буковљане, Војник, Враготурце, Врачевце, Дејловце, Длабочица, Добрача, Драгоманце, Дренок, Жегљане, Жељувино, Канарево, Карловце, Коинце, Кокино, М’гленце, Макреш, Малотино, Младо Нагоричане, Никуљане, Облавце, Орах, Осиче, Пелинце, Пузајка, Рамно, Руѓинце, Старо Нагоричане, Степанце, Стрезовце, Стрновац, Цветишница, Цвиланце и Челопек (Кумановско).
Историја уреди
До 1965 година на сегашната општинска територија постоела општина Старо Нагоричане којашто е укината од страна на тогашната власт. Со новиот закон за територијална организација од 1996 година, општина Старо Нагоричане е возобновена и како општински центар е земено с. Старо Нагоричане, односно искористена е истата општинска зграда во којашто функционирала општината до 1965 година.[2]
Стопанство уреди
Демографија уреди
Вероисповед | Вкупно |
православни | 4.237 |
муслимани | 3 |
католици | 1 |
протестанти | 0 |
останати | 17 |
Јазик | Вкупно |
македонски | 3.406 |
албански | 0 |
турски | 0 |
ромски | 2 |
влашки | 0 |
српски | 838 |
бошњачки | 0 |
останати | 12 |
Општествени установи уреди
Во Општината Старо Нагоричане се наоѓаат следните основни училишта:
Самоуправа и политика уреди
Градоначалник на општина Старо Нагоричане е Жаклина Јовановска од редовите на СДСМ. Таа била избрана на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[4] Советот на општина Старо Нагоричане е составен од 9 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:
Културни и природни знаменитости уреди
Во рамките на општината се наоѓаат следниве знаменитости:
- Зебрњак
- Костоперска карпа
- Црква „Св. Ѓорѓи Победоносец“ - Младо Нагоричане
- Црква „Св. Петка“ - Младо Нагоричане
- Црква „Св. Ѓорѓи“ - Старо Нагоричане
- Испосница на Свети Прохор Пчински
- Геотермална бања Стрновац
- Манастирска Црква Света Богородица во Забел
- Меморијален Центар АСНОМ
- Светиот даб
- Кокино
- Карпино
- Сув орах
Редовни настани уреди
Личности уреди
- Карпош - водач на Карпошовото востание и легендарен македонски ајдутски војвода
- Станко Младеновски - македонски политичар
- Роса Пауновска - македонски изведувач на народни песни
- Тимотеј Дебарско-кичевски - митрополит на Дебарско-кичевската епархија
- Тоде Илиќ - градоначалник на Општина Куманово
- Марјан Димитријевски - македонски историчар
- Горазд Европски - архијереј на Македонска православна црква - Охридска архиепископија
Иселеништво уреди
Наводи уреди
- ↑ „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-03-05. Посетено на 2015-05-24.
- ↑ „Население во Република Македонија на 31.12 по специфични возрасни групи, по пол, по општини, по години“. Државен завод за статистика на Република Македонија. Посетено на 2 мај 2018.[мртва врска]
- ↑ „Заклучок за конечност на резултати од гласањето во вториот круг на Локалните избори 2017“. Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 3 декември 2017.
Надворешни врски уреди
- Портал на Општина Старо Нагоричане Архивирано на 13 март 2014 г.
- Општина Старо Нагоричане во „АБВ - деловен именик“ Архивирано на 6 март 2016 г.
- [1]