Брждани
Брждани — село во областа Копачка, во Општина Кичево, на патот помеѓу градовите Кичево и Демир Хисар. До март 2013 година, селото било дел од поранешната Општина Другово, која била споена со Општина Кичево.
Брждани | |
Панорамски поглед на низинскиот дел од селото | |
Координати 41°26′48″N 20°54′24″E / 41.44667° СГШ; 20.90667° ИГД | |
Регион | Југозападен |
Општина | Кичево |
Област | Копачка |
Население | 85 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 6255 |
Повик. бр. | 045 |
Шифра на КО | 12007 |
Надм. вис. | 910 м |
Слава | Свети Никола |
Брждани на општинската карта Атарот на Брждани во рамките на општината | |
Брждани на Ризницата |
Потекло на името
уредиИмето на селото првпат е споменато како „Брждани“ во XV век.
За значењето на името има неколку мислења:[2]
- од Брдјани, луѓе населени на брдовито место;
- од топонимот „Брдо“; и
- од Брдјани, согласната група „дј“ сѐ до крајот на XIII век давала рефлекс „жд“.
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во областа Копачка, во јужниот дел на територијата на Општина Кичево, од десната страна на реката Треска, а на северозападните падини на Илинска Планина.[3] Селото е планинско, на надморска височина од 910 метри. Од градот Кичево е оддалечено 11 километри.[3]
Селото има слична положба како соседното село Видрани: поголемиот дел од куќите се наоѓаат на стрмната страна од планинскиот масив, лево од Беличка Река. Останатите куќи се сместени во подножјето на падините, покрај самата река. Околни села се: Јудово, Свињиште и други.[4]
Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Селиште, Капиница, Јароштица, Локви, Равен, Латков камен, Рудиње, Плоштак, Селце, Бигор, Кремен, Раменов кладенец и други.[4]
Селото има разбиен тип. Постојат три маала: Горно Маало, Долно Маало и Реканско Маало. Најново и најниско маало е Реканското. Истото цело време се шири поради преселувањето на домаќинствата од горните маала во него.[4]
Селото се наоѓа во областа Долна Копачка, во долината на Беличка Река. До селото има магистрален пат кој оди до Битола.
Атарот на селото граничи со атарите на следните села: Турје и Јудово од југозапад и запад, Подвис и Видрани од северозапад и север, Манастирско Доленци од исток, и Свињиште од југ.
Историја
уредиДо крајот на XVII век, Брждани било поделено на неколку помали населби. Едно било во месноста Селиште (на патот за селото Јудово), друго на потегот Селце (на патот за селото Видрани), трето на потегот Гочмајнца (атар на соседното село Свињиште. На месностите Селиште и Селце се наоѓаат остатоци од гробишта, ќупови, јаглен и друго.[4]
На граница помеѓу атарите на селата Брждани и Свињиште се наоѓа возвишувањето Богоројчина Краста. Таму до крајот на XVII век постоеле манастир и тврдина. И денес се сретнуваат остатоци од ѕидини, од манастирскиот под, стари дабови и друго.[4]
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1476/77 година, како дел од Кичевската нахија и имало 4 словенски христијански куќи.[4]
Денешното село било основано пред околу 200 години (околу 1760 година). Основачи биле македонски доселеници од некое село од околината на Пешкопеја, денес во Албанија.[4]
Во XIX век, Брждани било село во Кичевската каза на Отоманското Царство.
Стопанство
уредиАтарот зафаќа простор од 7,3 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 320,3 хектари, на пасиштата отпаѓаат 206 хектари, а на обработливото земјиште 77,6 хектари.[3]
Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.[3]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците од 1873 година, селото имало 45 домаќинства со 168 жители христијани (Македонци).[5]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Брждани имало 230 жители, сите Македонци.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Брждани имало 640 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Брждани се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 60 куќи.[8]
Една статистика, која ја подготвил кичевскиот училиштен инспектор Крсто Димчев во 1909 година, ги дава следниве податоци за Брждани:[9]
Домаќинства | Гурбетчии | Писмени | Неписмени | ||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
мажи | жени | вкупно | мажи | жени | вкупно | ||
77 | 77 | 105 | 20 | 125 | 177 | 218 | 395 |
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.[10]
Брждани во 1961 година броело 328 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 209 жители, македонско население.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Брждани живееле 162 жители, сите Македонци.[11]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 85 жители, од кои 54 Македонци, 1 Србин и 30 лица без податоци.[12]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 230 | 640 | 366 | 347 | 328 | 285 | 239 | 152 | 209 | 162 | 85 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[13]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[14]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]
Родови
уредиБрждани е македонско православно село.[4]
Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1960-тите години родови во селото се:
- Доселенички: Василевци (11 к.), Дојчиновци (9 к.), Манчевци (7 к.), Николовци (7 к.), Љупевци (6 к.), Милевци (4 к.), Павлевци (4 к.) и Бачковци (2 к.), доселени се од околината на Пешкопеја во Албанија, од село кое исто така се викало Брждани, во родот Василевци се знае следното родословие: Софронија (жив на 62 г. во 1961 година) Стојан-Спасен-Кале-?-Василе кој се доселил тоа било во ХVIII век; Андреевци (3 к.), доселени се од некое село во околината на Елбасан во Албанија, имаат роднини во селата Видрани и Свињиште; Петковци (4 к.) доселени се од Илино во Железник.
Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се:
- Староседелски: Шуниќовци (5 к.), Милевци (5 к.) и Василевци (5 к.);
- Староседелски или Доселенички: Ликовци (2 к.), Трпевци (3 к.), Грговци или Дојчиновци (8 к.), Петковци (4 к.), Николевци (7 к.), Андревци (3 к.), Пауновци (2 к.), Љупевци (6 к.) и Ќутевци (3 к.), староседелци се, или пак доселени од селото Брежани во Дебрца, или пак Брежани кај Дебар (?), точно не знаат;
- Доселенички: Манчевци (13 к.), доселени се од селото Свињиште; Мијаковци (4 к.), доселени се од Мијачијата.[17]
Општествени установи
уреди- Пошта (6255)
- Основно училиште „Христо Узунов“, подрачно училиште на средишното ОУ „Христо Узунов“ - Другово
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Другово.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1950-1955, селото било седиште на тогашната Општина Брждани, во која покрај селото Брждани, се наоѓале и селата Белица, Видрани, Јудово, Козица и Свињишта.
Избирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 0759 според Државната изборна комисија, сместено во основното училиште.[18]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 116 гласачи.[19] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 112 гласачи.[20]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 106 гласачи.[21]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[22]
- Богородичина Краста — доцноантичка тврдина;
- Водици — средновековна црква и некропола;
- Селиште — доцноантичка населба со топилница и некропола; и
- Водици — доцниантичка населба.
- Цркви[23]
- Црква „Св. Никола“ — главна селска црква.
- Спомен-чешми
- Спомен чешма Ветриец со плоча за сите загинати борци
- Реки[24]
- Беличка Река — тече низ селото, се влева во Треска
Редовни настани
уредиТрадиционално, во селото има прослави и собири за:
- Свети Никола — селска и црковна слава.
- Екранова убавица или Мис Брждани, манифестација организирана од страна на списанието „Екран“
Личности
уреди- Родени во Брждани
- Борис Спиров (1897-1974) — македонски лекар и политичар
- Воцка Ангеловска — учесник во НОВ на Македонија.
- Ѓорѓија Велјаноски (1918-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Крсте Матески (1909-1943) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Митко Миноски (1911-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Аце Настески (1922-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Трајче Ристески (1922-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
Иселеништво
уредиСосема се иселил, а дел и изумрел родот Матеевци, кои биле по потекло од селото Требичево во околината на Ресен. До 1918 година неколку домаќинства се иселиле во Бугарија, после 1945 година највеќе се иселени во Кичево, а иселеници има и во Качарево (Ѓоковски, Вељаноски и Стаменкоски) како и во Јабука (Божиноски, и уште 2 други семејства).[4]
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 74.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 39. Посетено на 6 јануари 2019.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 4,7 4,8 Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина: Селски населби и население. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 94–95.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 90-91.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 256.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 154-155.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 35.
- ↑ Стойчева, Станислава. Аспекти на грамотността на българското население в Македония (1878 – 1912), Македонски преглед, година ХХХVІІІ, 2015, кн. 2, с. 75.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 6 јануари 2019.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Кичевија - Тома Смиљаниќ (1926) - Кичево“. Кичево. 2018-05-16. Посетено на 2018-11-25.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 6 јануари 2019.
- ↑ „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-08-06. Посетено на 6 јануари 2019.
- ↑ „Референдум 2018“. Посетено на 6 јануари 2019.[мртва врска]
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка картаг на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 12. ISBN 978-9989-2117-6-8.