Јачинце

село во Општина Куманово

Јачинце — село во Општина Куманово, во областа Средорек, во околината на градот Куманово.

Јачинце

Воздушен поглед на селото Јачинце

Јачинце во рамките на Македонија
Јачинце
Местоположба на Јачинце во Македонија
Јачинце на карта

Карта

Координати 42°5′45″N 21°52′59″E / 42.09583° СГШ; 21.88306° ИГД / 42.09583; 21.88306
Регион  Североисточен
Општина  Куманово
Област Средорек
Население 72 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1304
Повик. бр. 031
Шифра на КО 17042
Надм. вис. 400-460 м
Јачинце на општинската карта

Атарот на Јачинце во рамките на општината
Јачинце на Ризницата

Потекло и значење на името

уреди

Името на селото првпат е забележано во XVI век (1519 г.) како Јаченци. Името на селото потекнува од личното име Јаче (Јаким или Јаков) или пак Јачо.[2]

Географија и местоположба

уреди
 
Поглед на селото Довезенце, а во позадина се гледа и селото Јачинце

Селото се наоѓа во источниот дел на територијата на Општина Куманово, чиј атар на мал дел се допира со подрачјето на општината Старо Нагоричане. Тоа е сместено на левиот брег на Крива Река, недалеку од десната страна на железничката линија Скопје-Куманово-Бељаковце.[3] Селото е ридско и неговите маала се наоѓаат на надморска височина од 400 до 460 метри. Од градот Куманово, селото е оддалечено 26 километри.[3]

Низ атарот на самото село поминува регионалниот пат 29277.

Куќите на ова село во поголемиот дел се наоѓаат лево од Крива Река во маалата Горно и Долно Јачинце. Во поново време е основано Јачинско Маало, кое се наоѓа десно од реката. Во минатото, мештаните со вода за пиење се служеле од бунари и од една чешма.[4]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Локустово, Река (Крива Река), Ѓерен, Оџин Рид, Царец Кладенец, Макрешански Рид, Средни Рид, Ѓумбарац, Чарапиново Ливадче, Туревица, Буриица, Пударница, Коњушке Нерезине, Селиште и Лука.[4]

Селото има збиен тип, поделено на Горно и Долно Јачинце и Јачинско Маало. Првите две маала се главниот дел на селото.[4] Долно Јачинце е сместено во долината на Крива Река, додека Горно Јачинце се наоѓа неколку километри на југ во северното подножје на планината Манговица.

Историја

уреди

Јачинце најпрвин било збиено село, сместено на пониското земјиште кај Крива Река, на нејзиниот лев брег. Кај тоа старо село постоеле црква и гробишта. Но, во отоманскиот период, мештаните го напуштиле ова село и основале ново село на повисокото земјиште. Од старото село тоа било оддалечено 2,5 километри. Сокриената местоположба на новото село правело тоа да не може да се види од долината на Крива Река.[4]

Селиште е месноста каде некогаш се наоѓало старото село. Таму се наоѓаат остатоци на куќи и големи земјени ќупови. Во близина се ѕидовите на срушената црква, како и некогашните и денешните гробишта.[4]

Во 1912 година, мештаните од повисокиот дел на Јачинце повторно почнале да се спуштаат во понискиот дел, на местото на старото село. Оттогаш селото е поделено, на Горно и Долно Јачинце. Училиштето останало да биде во горниот дел на селото.[4]

Во 1955 година поради лизгање на глинестото тло биле, куќите во Горно Јачинце биле напуштени.[4]

Стопанство

уреди

Атарот на селото зафаќа простор од 7,8 км2, при што преовладуваат обработливите површини со површина од 570 хектари, на пасиштата отпаѓаат 137 хектари, а на шумите само 3 хектари.[3]

Во основа, селото има полјоделска функција.[3]

До пред крајот на отоманскиот период, во атарот на Јачинце се наоѓал имотот на некој Асип-бег. Дел од атарот го поседувале и самите мештани. Околу 1908 година, тој ја продал земјата на селаните и заминал за Скопје.[4]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948443—    
1953508+14.7%
1961500−1.6%
1971389−22.2%
1981229−41.1%
ГодинаНас.±%
1991139−39.3%
199493−33.1%
2002106+14.0%
202172−32.1%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Јачинце живееле 246 жители, сите Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Јачинце имало 48 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија и 184 Македонци патријаршисти.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[7]

Од Јачинце се иселил значителен број од неговото население, па така, тоа бројно се намалило од 500 жители во 1961 година, на само 94 жители во 1994 година, македонско население.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Јачинце живееле 106 жители, сите Македонци.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 72 жители, од кои 69 Македонци, 2 Срби и 1 лице без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 246 232 443 508 500 389 229 139 93 106 72
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови

уреди

Јачинце е македонско село.[4]

Според истражувањата од 1972 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Коњарци (4 к.), Ефендици (3 к.), Неранџини или Баба Стојкини (2 к.), Ситновез (2 к.), Божиновци (1 к.), Саздевци (1 к.), Крајисевци (6 к.), Џунџуловци (2 к.), Чарапинци (5 к.), Пелтеци (3 к.) и Опашаци (1 к.).
  • Доселеници: Макрешанци (2 к.), доселени се од селото Макреш за време на отоманскиот период; Поповци (1 к.), доселени се од селото Мургаш пред 1912 година; Жидиловци (3 к.), доселени се во 1920 година од селото Жидилово кај Крива Паланка; Џелевци (1 к.), доселени се во 1925 година од селото Радибуш кај Крива Паланка; Гужварци (1 к.), доселени се од селото Довезенце; Миљинци (4 к.), Ефендици (4 к.) и Ристинци (3 к.) и Џелепци (2 к.), доселени се во 1908 година од селото Радибуш кај Крива Паланка; Муратовци (5 к.) и Стојменовци (2 к.), доселени се во 1920 година од селото Милутинце кај Крива Паланка; Гарчанци (3 к.), доселени се од селото Градец кај Крива Паланка во 1920 година; Милинци (2 к.), доселени се од селото Радибуш кај Крива Паланка во 1920 година; Црцовци (2 к.), доселени се од селото Црцорија кај Крива Паланка во 1920 година.

Иселеништво

уреди

Постари иселеници има во Клечевце (Зекици), Доброшане (Јачинци), Проевце (Бошковски).

После Втората светска војна иселување имало кон градовите Скопје и Куманово.[4]

Општествени установи

уреди
  • Поранешно основно училиште во Горно Јачинце

Самоуправа и политика

уреди

Кон крајот на XIX век, Јачинце било село во Кумановската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Куманово, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Клечевце.

Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Куманово. Селото припаѓало на некогашната општина Клечевце во периодот од 1955 до 1962 година.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Клечевце, во која покрај селото Јачинце, се наоѓале и селата Бељаковце, Довезенце, Зубовце, Клечевце, Косматац, Мургаш и Новоселани. Во периодот 1950-1952 година селото било дел од некогашната Општина Довезенце, во која влегувале селата Бељаковце, Довезенце, Јачинце и Мургаш.

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 1147 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на приватен објект.[14]

На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 56 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости

уреди
Археолошки наоѓалишта[16]

Личности

уреди
Родени во или по потекло од Јачинце

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија : (Б,Ѓ,Е,Ј,Н,Р,Т,Ќ,У,Ф,Х,Џ,Ш). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 101. ISBN 978-608-220-026-2.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 140.
  4. 4,00 4,01 4,02 4,03 4,04 4,05 4,06 4,07 4,08 4,09 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје: САНУ. стр. 180–182.
  5. Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с. 215
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 128-129.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 9 декември 2022.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2023-12-09. Посетено на 9 декември 2023.
  16. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 209. ISBN 9989-649-28-6.

Надворешни врски

уреди