Врбица (Кочанско)
Врбица — село во Општина Чешиново-Облешево, во околината на градот Кочани. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 12 жители.
Врбица | |
Координати 41°54′34″N 22°14′39″E / 41.90944° СГШ; 22.24417° ИГД | |
Општина | Чешиново-Облешево |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 13007 |
Надм. вис. | 390 м |
Врбица на општинската карта Атарот на Врбица во рамките на општината | |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во Кочанското Поле, западно од градот Кочани.
Историја
уредиНа крајот на XIX век селото било дел од Кочанската каза на Отоманското Царство. Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 100 Македонци.[2] Според бугарскиот публицист Димитар Мишев, во 1905 година селото имало 1042 Македонци христијани и 90 Власи.[3]
Стопанство
уредиГлавна стопанска гранка во селото е земјоделството.
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци и 100 Власи.[4]
Според пописот од 2002 година, селото имало население од 12 жители, од кои 10 Македонци и 2 Власи.
Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[5]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | 278 |
1953 | 99 | — | 82 | 32 | 119 | 1 | — | 1 | 219 |
1961 | 117 | — | — | — | ... | — | — | 96 | 213 |
1971 | 96 | — | — | — | ... | — | — | 41 | 137 |
1981 | 38 | — | — | — | 10 | — | — | — | 48 |
1991 | 20 | — | — | — | — | — | — | — | 20 |
1994 | 13 | — | — | — | 6 | — | — | — | 19 |
2002 | 10 | — | — | — | 2 | — | — | — | 12 |
2021 | — | — | — | — | — | — | — | — | 0 |
Родови
уредиВрбица е македонско-влашко село.
Според истражувањата од 1960 година, родови во селото се:
Македонски
- Ѓајинци (3 к.) и Зрзовци (4 к.) најстар селски род. Не знаат од каде се доселени.
- Мартиновци (4 к.) доселени се во 1915 година од селото Гујновци кај Пробиштип.
- Бунешани (3 к.) доселени се во 1938 година од селото Бунеш кај Пробиштип.
Влашки
- Брова (10 к.) доселени се во втората половина на XIX век. Овде дошле Штерјо и Зико. Биле Браќа, го знаат следното родословие: Калчо (жив на 45 г. во 1960 година) Нако-Зико. Власи наречени Брова имало и во Грамошта во Егејска Македонија, па најверојатно од таму се доселени.
- Лука (7 к.) доселени се кога и родот Брова. Основачот на родот бил Михал Лука. Власи наречени Лука имало и во Крушевско и Битолско.[6]
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.226.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, р. 132-133.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина. Скопје: Универзитетска печатница.
Поврзано
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди- Сателитска снимка на Врбица на Карти на Гугл
Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |