Речане

село во Општина Гостивар

Речане — село во Општина Гостивар, во областа Горен Полог, во околината на градот Гостивар.

Речане

Воздушен поглед на селото Речане

Речане во рамките на Македонија
Речане
Местоположба на Речане во Македонија
Речане на карта

Карта

Координати 41°45′11″N 20°49′36″E / 41.75306° СГШ; 20.82667° ИГД / 41.75306; 20.82667
Регион  Полошки
Општина  Гостивар
Област Горен Полог
Население 683 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1231
Повик. бр. 042
Шифра на КО 07065
Надм. вис. 740 м
Речане на општинската карта

Атарот на Речане во рамките на општината
Речане на Ризницата

Потекло и значење на името

уреди
 
Куќи во селото

Името на селото првпат е забележано во XVI век (1568-69 г.) како Речани. Името доаѓа од хидронимот „река“ + -јани што означува „жители на река, луѓе населени покрај река“.[2]

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа во јужниот дел на територијата на Општина Гостивар, а во изворишното подрачје на реката Вардар.[3] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 740 метри.[3]

Речане е големо село во подножјето на Влаиница, сместено во тесната долина на Мелца, притока на Вардар. Селото е добро скриено од ветрови и обилува со вода. До 1946 година, водата за пиење се добивала од чешми и од извори. Тие биле наречени: Крој Бард, Уј Бард, Метоа Чешма, Чар, Дулци и други.[4]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Теќе, Леска, Ара Ѓат, Феришта, Манастир, Калдрма, Осој, Свињец, Лака, Огради, Врбица, Равш, Забел, Секе, Краста, Карпа, Бела Вода, Велчева Нива, Асаноа Чешма, Дуфски Пат, Алилов Гроб, Букоа Сеља, Љуга, Суа Река, Врбица, Орќушко Гробје, Чар, Срт, Новоселски Пат, Гури Калајнџиас (Калајнџиски Камен), Стрмец, Рупа, Врв и Викала.[4]

Речане е збиено село, кое се дели на маалата: Маала Епр, Маала Касаларве, Маала Касамаларве и Маала Монит. Во првите три маала живеат разни родови, додека во последното маало живее само еден род.[4]

Историја

уреди

Речане е старо село, во кое некогаш живееле православни Македонци. Подоцна тие жители се иселиле или изумреле. Денес, во селото живеат муслимани, кои говорат на албански јазик. Помеѓу старото и новото население постоел континуитет што се забележува во зачуваните словенски топоними, како и по името на селото. Сепак, многу малку се знае за старото македонско население.[4]

На атарот на селото постојат траги од срушени манастири или цркви. Еден манастир се наоѓал на месноста Манастириште или Св. Богородица, сместено околу половина час пеш на север од селото. На месноста се гледаат поголеми камени блокови, бигорни плочи, извор, а порано имало и гробови со крстови. Секоја година на Велики петок се собирале околните христијани, палејќи свеќи околу изворот, врзувајќи врвци и оставајќи пари. Порано, таму оделе многу повеќе луѓе. За овој манастир се наоѓаат податоци и од други автори, но тие погрешно го именуваат како вруточки. Жителите на Вруток споменуваат дека манастирот бил голем, имал пространи ниви, а неговите пчеларници се наоѓале на местото на денешното село Речане.[4]

Друг речански манасти се наоѓал североисточно, во месноста Теќе каде денес има ниви. На споменатото место не се познаваат никакви остатоци, но мештаните за тој дел од атарот често меѓу себе викаат Манастир. Во Вруток се споменува дека овој манастир се нарекувал Свети Илија.[4]

Третиот храм од селото се наоѓал покрај денешниот пат Гостивар-Маврово, каде до 1946 година таму се наоѓало селското гумно и ниви со назив Ара Манастирит. До 1940-тите години се познавале остатоци од храмот, а земјиштето околу него не било обработувано.[4]

 
Амбар во селото

Во 1913 година, локалните Албанци учествувале во побуна против српската војска, поради што селото било запалено (од 273 куќи, останале само 13). Набрзо селото било обновено, но поради тоа во него нема стари куќи.[4]

Во 1932 година, во селото била подигната нова општинска зграда. При поставувањето на темелите биле пронајдени гробови со крстови, а недалеку од зградата се наоѓало Иваноско Маало. Денес, тука е џамијата, а околу нејзе се наоѓаат албански куќи. Православно население имало и во Горното Маало, каде се наоѓа месноста Вора Шкинас (Христијански Гробишта).[4]

Вкупно 8 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[5]

Стопанство

уреди

Атарот на селото зафаќа простор од 9,6 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 691 хектар, на обработливото земјиште отпаѓаат 249 хектари, а на пасиштата само 32 хектари.[3]

Врз основа на составот на атарот селото Речане има полјоделско-шумарска функција. Во селото работат услужни објекти.[3]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.314—    
19531.471+11.9%
19611.640+11.5%
19711.679+2.4%
19811.380−17.8%
ГодинаНас.±%
199115−98.9%
1994995+6533.3%
20021.054+5.9%
2021683−35.2%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Речане живееле 1.000 жители, сите Албанци муслимани.[6]

Според Афанасиј Селишчев во 1929 година, Речане е дел од Врутовската општина во Горнополошкиот срез и има 214 куќи со 1.013 жители (Албанци).[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 1000 Албанци.[8]

Селото е големо, но со намалување на населението и е населено со албанско население. Така, селото во 1961 година имало 1.640 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 995 жители.[3]

Пописот од 1991 година не бил целосно одржан во селото Речане, бидејќи дел од неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема целосни податоци.[б 1]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.054 жители, од кои 1.038 Албанци и 16 останати.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 683 жители, од кои 1 Македонец, 664 Албанци и 18 лица без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 1.000 1.314 1.471 1.640 1.679 1.380 15 995 1.054 683
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Родови

уреди

Денес, Речане е муслиманско село со население кое говори албански јазик. По етничката припадност може да се подели на исламизирани и албанизирани Македонци, на Албанци и на Роми.[4]

Според истражувањата од 1946 година, родови во селото се:[4]

  • Исламизирани и албанизирани македонски родови: Мучле (23 к.), Лингур (2 к.) и Лескалар (20 к.), сите староседелци. Најстарите предци го зборувале само македонскиот јазик. Сега веќе не се разликуваат од другите Албанци.
  • Албански родови: Моналар (35 к.), доселени се од Љума, северна Албанија, прв дошол предокот Раман, кој се доселиле со синовите Авмет, Браим, Исмаил и Мерсим; Касалар (24 к.) и Касамлар (15 к.), доселени се од Љума во северна Албанија. Овде живеат од XVIII век. Ова е еден од најстарите албански родови во селото;[15] Меметалар (24 к.) и Ќерималар (32 к.), доселени се од северна Албанија, овде живеат од XVIII век; Асалар (11 к.), доселени се од Хас во северна Албанија, родовското име го добиле од таму; Бицалар (3 к.), доселени се од селото Биц во Љума, северна Албанија; Незиралар (8 к.), Заимлар (6 к.), Мустафалар (9 к.), Дакалар (6 к.) и Муслиалар (5 к.), доселени се од северна Албанија; Оџалар (4 к.) и Куртишалар (4 к.), доселени се од околината на Пешкопеја во северна Албанија.
  • Ромски родови: Скендер (2 к.), овде живеат од отоманскиот период, не се знае од каде се населени. По вера се муслимани, а говорат на албански, турски и ромски.

Околните Албанци забележуваат дека селаните во Речане имаат поинаков говор од нивниот, што говори фактот дека доселениците на патот од Северна Албанија се задржувале во Горна Река.[4]

Иселеништво

уреди

Од селото има многу иселени албански семејства. Поради печалба околу десет семејства заминале во Романија. Во 1913 година, кога селото било запалено, околу 30 албански семејства се иселиле во Гостивар. Родот Зитои (1 к.) се иселил во Вруток, родот Фида (1 к.) се иселил во Чегране, Фератовци (2 к.) се иселиле во Чајле, додека родот Маџанлар изумрел.[4]

Општествени установи

уреди
 
Основното училиште во селото

Самоуправа и политика

уреди

Кон крајот на XIX век, Речане било село во Гостиварската нахија на Тетовската каза на Отоманското Царство.

Селото се наоѓа во рамките на Општина Гостивар, која била значително проширена со територијалната поделба на Македонија во 2004 година. Претходно, во периодот 1996-2004 година, селото било дел од Општина Вруток.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Гостивар.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Вруток, во која покрај Речане се наоѓале Вруток, Дуф, Ново Село, Орќуше, Печково и Равен. Во периодот 1950-1952 година, селото било дел од тогашната општина Вруток во која влегувале селата Вруток, Мердита, Печково и Равен.

Избирачко место

уреди

Во селото постојат избирачките места бр. 0528 и 0528/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[16]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 1.097 гласачи.[17] На локалните избори во 2021 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.096 гласачи.[18]

Културни и природни знаменитости

уреди
Цркви[4]

Во минатото во селото постоеле три цркви или манастири.

Џамии[19]
Споменици
Реки

Личности

уреди
Родени во или по потекло од Речане

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија : (Б,Ѓ,Е,Ј,Н,Р,Т,Ќ,У,Ф,Х,Џ,Ш). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 144. ISBN 978-608-220-026-2.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 257.
  4. 4,00 4,01 4,02 4,03 4,04 4,05 4,06 4,07 4,08 4,09 4,10 4,11 4,12 4,13 Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ. стр. 226–229.
  5. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  6. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1902, стр. 213.
  7. Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр. 25.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 6 август 2023.
  10. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  11. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  12. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  13. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  14. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  15. Албанците во Македонија само од 1780 година, д-р Ристо Ивановски, Битола, 2014 г., 10 стр.
  16. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  17. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  18. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2023-08-06. Посетено на 6 август 2023.
  19. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Забелешки
  1. Во Пописот од 1991 година, во населените места: Страчинци, Љуботен, Арачиново, Грушино, Мојанци, Орланци, Боговиње, Жеровјане, Пирок, Милетино, Радиовце, Теново, Челопек, Горно Јаболчиште, Велешта, Горно Татеши, Долно Татеши, Врапчиште, Топлица, Вруток, Долно Јеловце, Здуње, Речане, Балин Дол, Беловиште, Гостивар, Дебреше, Мало Турчане, Чајле, Баниште, Дебар, Кривци, Селокуќи, Хаме, Делогожди, Корошишта, Ливада, Мислодежда, Ново Село (Делогожди), Горна Бањица, Долна Бањица, Симница, Долна Лешница, Желино, Озормиште, Требош, Бачишта, Букојчани, Горно Строгомиште, Зајас, Колари, Лешница, Палиград, Смесница, Копанце, Шемшево, Горно Палчиште, Долно Палчиште, Камењане, Кичево, Долно Свиларе, Кондово, Радуша, Рудник Радуша, Бедиње, Горно Коњаре, Д`лга, Куманово, Лопате, Романовце, Сопот, Табановце, Черкези, Белановце, Матејче, Никуштак, Опае, Ропалце, Жужње, Нистрово, Сенце, Тануше, Добри Дол, Калиште, Неготино-Полошко, Сенокос, Бериково, Гарани, Јагол, Ново Село (Осломеј), Поповјани, Премка, Србица, Стрелци, Туин, Шутово, Охрид, Ќојлија, Арнакија, Буковиќ, Грчец, Крушопек, Ласкарци, Љубин, Семениште, Барово, Јаболци, Биџево, Долна Белица, Заграчани, Калишта, Радолишта, Струга, Батинци, Вртекица, Морани, Студеничани, Глоѓи, Доброште, Непроштено, Пршовце, Слатино, Теарце, Голема Речица, Лавце, Мала Речица, Сараќино, Тетово, Баланци, Форино, Чегране, Џепиште, Гајре, Лисец, Скопје дел - Гази Баба, Скопје дел Карпош, Скопје дел - Центар и Скопје дел - Чаир, дел од жителите не прифатија да замат учество (го бојкотираа) во Пописот.

Надворешни врски

уреди