Орман (Охридско)

село во Општина Охрид

Ормансело во Општина Охрид, во околината на градот Охрид.

Орман
Орман во рамките на Македонија
Орман
Местоположба на Орман во Македонија
Орман на карта

Карта

Координати 41°8′24″N 20°47′3″E / 41.14000° СГШ; 20.78417° ИГД / 41.14000; 20.78417
Општина Охрид
Население 119 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО
Надм. вис. 684 м
Орман на општинската карта

Атарот на Орман во рамките на општината
Орман на Ризницата

Географија и местоположба

уреди
 
Охридско Езеро гледано од ридот Чекоштина.

Лежи на источните падини на ридот Чекоштина. Се наоѓа на околу 2,5 км северозападно (воздушна линија) од средиштето на Охрид. Северно од Орман е Долно Лакочереј кое е оддалечено околу 2 км (воздушна линија). На северозапад е Подмоље на 3,6 км далечина во воздушна линија. Од Охридско Езеро оддалечено е околу 1,8 км во воздушна линија.

Историја

уреди

Во XIX век селото било дел од Охридската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

уреди
 
Поранешна продавница во средиштето на Орман.

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
194888—    
1953104+18.2%
1961139+33.7%
1971160+15.1%
1981139−13.1%
ГодинаНас.±%
1991161+15.8%
1994121−24.8%
2002104−14.0%
2021119+14.4%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Орман живееле 50 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Орман имало 88 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Орман е претставен како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 11 куќи.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Македонци.[5]

Според пописот на населението во Македонија од 2002 година, селото има 104 жители, сите Македонци.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 119 жители, од кои 106 Македонци, 2 Албанци и 11 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 50 88 88 104 139 160 139 161 121 104 119
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови

уреди

Орман е македонско село.

Според истражувањата од 1978 година, родови во селото се:

  • Доселеници: Тодоровци (2 к.) најстар род во селото. Доселени се од селото Оровник, го знаат следното родословие: Никола (жив на 67 г. во 1978 година) Димо-Тодор, основачот на родот кој се доселил, тоа било во 1880 година; Стојановци (10 к.) доселени се од селото Косел; Ѓоргијовци (2 к.) доселени се од селото Завој; Трајковци (1 к.) доселени се од селото Куратица; Балазовци (1 к.) доселени се од селото Велмеј, Дебрца; Николовци (3 к.) доселени се во 1933 година од селото Косел; Ристевци (3 к.) доселени се во 1934 година од селото Речица; Трајчевци (3 к.) доселени се од селото Коњско; Младеновци (2 к.) и Ничевци (1 к.) доселени се од селото Коњско после Втората светска војна; Неделковци (1 к.) доселени се од селото Куратица после Втората светска војна; Мицковци (1 к.) доселени се од селото Свиништа после Втората светска војна.[12]

Општествени установи

уреди

Самоуправа и политика

уреди

Културни и природни знаменитости

уреди
 
Црквата која се наоѓа одвоена од селото, на запад.
 
Опеничка Река кај Орман.
Цркви
Археолошки наоѓалишта[13]
Реки

Редовни настани

уреди

Личности

уреди

Култура и спорт

уреди

Иселеништво

уреди

Но и покрај тоа што во селото се забележувало доселување од околните села. Тоа сепак и дало иселеници. До 1980 година иселеници има во Охрид (две семејства) и во Австралија (четири семејства).[12]

Орманчани се иселиле во селото Подмоље.[12]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 252.
  3. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.162-163.
  4. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 29.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  7. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. 12,0 12,1 12,2 Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област. Белград: САНУ.
  13. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 254. ISBN 9989649286.
  14. Екологистите од Грашница бараат да се изработи археолошки сондажно истражување на Мауцкер

Надворешни врски

уреди