Горни Подлог
Горни Подлог — село во Општина Кочани, во околината на градот Кочани.
Горни Подлог | |
Координати 41°57′52″N 22°23′0″E / 41.96444° СГШ; 22.38333° ИГД | |
Регион | Источен |
Општина | Кочани |
Население | 571 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2300 |
Повик. бр. | 033 |
Шифра на КО | 13010 |
Надм. вис. | 313 м |
Горни Подлог на општинската карта Атарот на Горни Подлог во рамките на општината | |
Горни Подлог на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во Кочанската Котлина, од десната страна на реката Брегалница. Селото е рамничарско, на надморска височина од 314 метри. Оддалечено е 4 килиометри од Кочани.
Историја
уредиВо XIX век Горни Подлог било дел од Кочанската каза на Отоманското Царство.
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Горни Подлог живееле 230 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Долни Подлог имало 280 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[4]
Според пописот од 2002 година, селото има 704 жители, од кои 702 Македонци, 1 Србин и 1 Влав.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 571 жител, од кои 538 Македонци, 2 Бошњаци, 4 останати и 27 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 230 | 280 | 435 | 531 | 668 | 713 | 747 | 758 | 749 | 704 | 571 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови
уредиГорни Подлог е македонско село.
Според истражувањата од 1959 година, родови во селото се:
- Родови доселени во текот на турското владеење: Ефремовци (5 к.) и Газарци (3 к.) потекнуваат од ист предок. Доселени се од селото Тркање; Наневци (11 к.) и Лазаровци (5 к.) доселени се, но не знаат од каде; Кузмановци (3 к.), Витановци (2 к.) и Зашовци (2 к.) порано биле еден род. Доселени се, но не знаат од каде; Андовци (3 к.), Таневци (3 к.) и Тоневци (3 к.) доселени се од селото Мојанци; Теренчанци (5 к.) доселени се од селото Теранци; Манчевци (3 к.) и Денковци (2 к.) доселени се од селото Долни Подлог; Атанасовци (3 к.) доселени се од селото Безиково; Ѓерасимовци (2 к.) и Уткинци (2 к.) доселени се од селото Соколарци; Мустревци (2 к.), Комарци (1 к.) и Тасевци (1 к.) порано биле еден род, и доселени се од селото Мојанци; Домазетовци (3 к.), Андовци (3 к.), Чанданци (3 к.), Миајловци (1 к.), Грашковци (5 к.) и Давидовци (2 к.) сите овие родови се доселени, но не знаат од каде.
- Родови доселени од 1912 до 1946 година: Грковци (2 к.) доселени се од селото Мојанци; Рашковци (2 к.) доселени се од некое село Чурилек кај Делчево; Маријинци (3 к.) доселени се од селото Облешево; Сандо (1 к.) доселени се од селото Пашаџиково; Лазар (1 к.) доселени се од селото Полаки; Шутевци (5 к.) доселени се во 1942 година од селото Пресека; Безинковци (2 к.) доселени се во 1946 година од селото Безиково; Малин (1 к.) доселени се од селото Речани; Трајан (1 к.) доселени се од селото Касир на Осогово.[11]
Самоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 862 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на задружен дом.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 554 гласачи.[13]
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.227.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рp. 132-133.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина. Скопје: Универзитетска печатница.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски
уреди• Сателитска снимка на Горни Подлог на Карти на Гугл