Стрмашево
Стрмашево — село во Општина Демир Капија, во околината на градот Демир Капија.
Стрмашево | |
Селото Стрмашево во 1931 година | |
Регион | Вардарски |
Општина | Демир Капија |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 18010 |
Надм. вис. | 892 м |
Стрмашево на општинската карта Атарот на Стрмашево во рамките на општината | |
Стрмашево на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСтрмашево — село во општина Демир Капија. Оддалечено 4 км југозападно од Демир Капија. Соседни села се Барово, Драчевица, Крњево, Чемерско, и др.
Историја
уредиСелото е старо по постанок, за што сведочат и некогашните стари родови во селото.
Стопанство
уредиНаселение
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[2]
Според пописот од 2002 година, селото било раселено. Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 434 | 384 | 203 | 47 | 4 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[3]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[4]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[5]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]
Родови
уредиСтрмашево било македонско село.
Според истражувањата од 1920титие, родови во селото биле:
- Староседелци: Николовци (8 к.), Пешовци (7 к.), Галевци (1 к.), Камчевци (2 к.), Петкановци (2 к.), Трајановци (3 к.), Јовановци (1 к.), Аџијовци (2 к.), Степовци (1 к.), Митревци (3 к.), Геговци (3 к.),
- Доселеници: Терзијовци (2 к.) потекнуваат од предокот дедо-Дино Вла кој дошол околу 1850 година од Крушево; Бојковци-Витановци (1 к.) доселени се на чифлик ви средината на XIX век од селото Конопиште; Ѓоргевци (1 к.) дошол дедо Ѓорге Вла од влашкото село Ливадија кај Воден околу средината на XIX век; Трајковци (2 к.) дошол Доне како домазет во Пешовци од селото Прждево кон средината на XIX век; Лесковци-Аврамовци (1 к.) се доселил дедо Костадин од селото Радња околу 1870 година, поддалечно потекло од селото Лесково во Меглен; Џолевци (2 к.) дошле синовите на Ѓорге од Бохула како домазети. Неде домазет во изумрените Павлевци доселен околу 1880 година, Јованче домазет во изумрените Грујовци околу 1900 година. Уште постаро потекло од некое село Пиперово во Арнаутлук; Ристовци (2 к.) се доселиле двајца братучеди од селото Горни Дисан. А таму кон крајот на XVIII век од селото Долни Дисан; Поповци (1 к.) доселени се во 1908 година од селото Радња. Поддалечно потекло од селото Корешница; Мрежички (1 к.) доселени се во 1910 година од селото Мрежичко; Ѓорговци (1 к.) доселени се во 1920 година од селото Бохула; Камбер (1 к.) тој бил Ром. Доселен околу 1920 година од Неготино.[7]
Општествени установи
уредиСамоуправа и политика
уредиКултурни и природни знаменитости
уредиРедовни настани
уредиЛичности
уреди- Диме Поп Атанасов — учесник во НОВ
- Мара Атанасова — учесник во НОВ на Македонија и носител на Партизанска споменица 1941.
Култура и спорт
уредиИселеништво
уредиСтари иселеници се Будуровци, Аџијовци и уште 10 други семејства. Се иселиле во местото Кара Азмак. Од Терзијовци во 1914 година едно семејство се иселило во Аргентина.[7]
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 7,0 7,1 Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Рајец.
Надворешни врски
уредиОваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |