Рашче
Рашче (албански: Rashçja) — село во Општина Сарај, во околината на градот Скопје. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 2.697 жители.
Рашче | |
![]() Поглед на селото | |
Координати 42°1′21″N 21°15′2″E / 42.02250° N; 21.25056° EКоординати: 42°1′21″N 21°15′2″E / 42.02250° N; 21.25056° E | |
Општина | ![]() |
Население | 2.697 жит. (поп. 2002) |
Шифра на КО | 25160, 25660 |
Надм. вис. | 291 м |
Географиja и местоположбаУреди
Селото се наоѓа на десниот брег на Вардар, во западните предели на Скопската Котлина. Во атарот на селото Рашче се наоѓаат изворите од кои поголемиот дел од населението во градот Скопје се снабдува со питка вода.
ИсториjaУреди
Подрачјето на Рашче е населено уште од бронзеното време, за што сведочи наоѓалиштето Врело северно од селото, покрај самите извори.
Кон крајот на XIX век Рашче било село како дел од Скопската каза на Отоманското Царство. Како село со албанско население било означено од страна на Леонард Шулце Јена во 1927 година.[1] Исто така, слични податоци дава и Афанасиј Селишчев во 1929 година.[2]
ДемографијаУреди
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 2.697 жители. Следува табела на националната структура на населението[3]
Националност | Вкупно |
Македонци | 2 |
Турци | 1 |
Роми | 1 |
Албанци | 2 677 |
Власи | 0 |
Срби | 0 |
Бошњаци | 2 |
останати | 14 |
РодовиУреди
Рашче е албанско село.
Според истражувањата од 1940-тите родови во селото се:
- Полику (17 к.) и Бакиу (22 к.) доселени се кон крајот на XVIII век од местото Лике во северна Албанија.
- Хаџију (23 к.) доселени се кога и претходните родови од некое место во областа Мат во Албанија.
- Коваче (24 к.) доселени се од северна Албанија. Потекнуваат од фисот Бериша.
- Хоџа (10 к.) доселени се од северна Албанија.
- Ќуреци (10 к.) доселени се од областа Љума во северна Албанија.
- Исмани (11 к.), Чилафе (8 к.) и Штрјку (5 к.) доселени се од северна Албанија.
- Бериша (3 к.) доселени се од фисот Бериша во северна Албанија.
- Сефа (4 к.), Мазлами (2 к.), Џика (9 к.), Рамети (8 к.), Томанлар (6 к.) и Леза (4 к.) доселени се од северна Албанија.
- Дураку (5 к.), Штафе (6 к.) и Хети (3 к.) доселени се од областа Љума во северна Албанија.
- Кроси (5 к.) потекло како и претходните родови. Имаат роднини во селото Арнакија.
- Бец (1 к.) потекло како и претходните родови.
- Дамин (1 к.), Идризи (2 к.), Демир (1 к.) и Ајваз (1 к.) они се Роми. Во селото биле ковачи. Никој не си го знае потеклото.[4]
Културни и природни знаменитостиУреди
- Пештери
- Археолошки наоѓалишта
ГалеријаУреди
Поглед на селото Рашче од падината на Жеден
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
- ↑ Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
- ↑ Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Трифуноски, Јован (1954). Скопски Дервен. Белград: Српски етнографски зборник.
Надворешни врскиУреди
- Сателитска снимка на Рашче, на Карти на Google
Оваа статија за за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |