Варварица
Варварица — село во Општина Василево, во околината на градот Струмица.
Варварица | |
Црквата „Св. Петка“ во Варварица | |
Координати 41°30′2″N 22°31′44″E / 41.50056° СГШ; 22.52889° ИГД | |
Општина | Василево |
Население | 2 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 27011 |
Надм. вис. | 789 м |
Слава | Света Петка |
Варварица на општинската карта Атарот на Варварица во рамките на општината | |
Варварица на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиВарварица се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во југоисточната падина на планината Смдрешник, во најзападниот дел на Општина Василево, додека атарот на селото граничи со Општина Конче. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 15 километри.
Надморската височина во селото е 789 метри додека селото зафаќа површина од 8,2 км2. Од нив 517,2 хектари се шуми, 167,2 хектари се обработливо земјиште и 34,4 се пасишта[2]
Селото се граничи со Седларци, Требичино, Вељуса, Горни Липовиќ, Папавница.
Историја
уредиОтоманско Царство
уредиВо текот на XIX век, селото било чисто македонско. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 8 семејства и 35 жители Македонци[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 140 жители Македонци[3][5]. Во 1895 година во селото била формирана Евангелска заедница[6]. Според Пејо Јаворов, во 1897 година во селото престојувал Гоце Делчев, кој агитирал низ населението за да се вклучи во борбата против османлиската власт[6].
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 88 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија и 18 македонски протестанти[3][7].
По започнувањето на Балканските војни, од селото 1 лице бил доброволец во Македонско-одринските доброволни чети.[8]
Југославија
уредиПо крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС. На 27 октомври 1944 година во Варварица бил формиран Првиот околски народно-ослободителен одбор за Струмица и Струмичко, од избрани делегати на сите општински одбори во околијата. За претседател на Околискиот одбор бил избран Иван Палифров. По своето формирање Околискиот одбор раководел со работата на општинските одбори во Струмичко. Седиштето на одборот до 5 ноември 1944 година било во Варварица[6]. По крајот на Втората светска војна, Варварица било вклучено во НР Македонија, во составот на СФРЈ.
Македонија
уредиПо распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Василево.
Демографија
уредиСпоред германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[9]
Во 1961 година селото имало 176 жители. Во 1994 година во селото живееле 2 Македонци[2]..
На пописот од 2002 година, селото имало 2 жители. Следува табела на националната структура на населението[10]
Националност | Вкупно |
Македонци | 1 |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Албанци | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 1 |
Бошњаци | 0 |
останати | 0 |
Денеска, селото е напуштено[11].
На табелата е прикажано движењето на населението низ сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 140 | 224 | 208 | 224 | 176 | 150 | 29 | 14 | 2 | 2 | 2 |
Самоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 1796 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место е опфатено и селото Требичино.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 13 гласачи.[13]
Културни и природни знаменитости
уредиРедовни настани
уреди- Традиционален марш до Варварица
Личности
уреди- Димка Митева (р. 1946) — лексиколог, лексикограф и ономастичар
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Панов Митко, Енциклопедија на селата во Република Македонија, Патрија, Скопје, 1998. стр. 38.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 186-187.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 161.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 Манол Пандевски - Ѓорѓи Стоев - Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 106-107.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 833.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Населени места - Општина Василево
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски
уреди- Општина Василево Архивирано на 25 јуни 2008 г.
„Варварица“ на Ризницата ? |