Долна Душегубица
Долна Душегубица — село во областа Копачка, во Општина Кичево, на патот помеѓу градовите Кичево и Охрид. До март 2013 година, селото било дел од поранешната Општина Другово, која била споена со Општина Кичево.
Долна Душегубица | |
![]() Поглед на селото со автопатот Кичево-Охрид во изградба (во позадина) | |
Координати 41°30′0″N 20°49′0″E / 41.50000° СГШ; 20.81667° ИГДКоординати: 41°30′0″N 20°49′0″E / 41.50000° СГШ; 20.81667° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Копачка |
Население | 3 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 6261 |
Повик. бр. | 045 |
Шифра на КО | 12017 |
![]() |
Географија и местоположбаУреди
Селото се наоѓа во областа Копачка, во јужниот дел на територијата на Општина Кичево, во изворишниот дел на реката Треска, а на јужните падини на планината Бистра.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 900 метри. Од градот Кичево е оддалечено 14 километри, а од патот Кичево-Охрид околу 2 километри.[2]
Куќите во ова село се наоѓаат на издигнати тераси, високи над 950 метри. Околни села се: Лавчани, Извор и Кленоец.[3]
Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Староец, Вирои, Речиште, Круша и други.[3]
Селото има збиен тип. Не постојат маала, бидејќи се работи за мало село.[3]
Сместено е во областа Горна Копачка, во подножјето на планината Бистра.
ИсторијаУреди
Мештаните наведуваат дека Душегубица е старо село. Во историските извори, историчарот М. Пурковиќ претпоставува дека е споменато околу 1300 година, кога е спомената „воденица под Душегубица“.[3]
Други историски извори се турските пописни дефтери од 1476/77 година, кога е споменато под името Душица и имало 53 куќи.[3]
Во месноста Косов Рид се среќаваат руини од стар храм. Селото порано било сместено во месноста Старо Село, кое било напуштено поради насилство.[3]
Во XIX век, Долна Душегубица било село во Кичевската каза на Отоманското Царство.
СтопанствоУреди
Атарот е заеднички со селото Горна Душегубица. Тој зафаќа простор од 19 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 970,8 хектари, на шумите отпаѓаат 823,1 хектар, а на обработливото земјиште само 69,3 хектари.[2]
Селото, во основа, има сточарско-шумарска функција.[2]
НаселениеУреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Душегубица (Горна и Долна) и Кленоец имало 580 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Душегубица имало 240 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
Инаку, Долна Душегубица е мало село, кое што уште во 1971 година броело 78 жители, а во 1994 година уште помалку, само 15 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Долна Душегубица живееле 11 жители, сите Македонци.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 580 | 240 | —[б 1] | —[б 1] | —[б 1] | 80 | 48 | 23 | 15 | 11 | 3 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
РодовиУреди
Долна Душегубица е македонско православно село.[3]
Родови во селото се: Трпевци, Картаровци, Мојсовци, Китановци и уште некои други, сите заедно имаат 59 куќи. Сите се староседелски родови.
Самоуправа и политикаУреди
Селото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Другово.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1950-1955, селото било дел од тогашната Општина Извор, во која покрај селото Долна Душегубица, се наоѓале и селата Горна Душегубица, Ехлоец, Иванчишта, Извор, Кленоец, Малкоец и Попоец.
Избирачко местоУреди
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0761 според Државната изборна комисија, кое е сместено во селскиот дом во селото Горна Душегубица, во кое влегуваат селата Горна и Долна Душегубица.[11]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 10 гласачи.[12] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 7 гласачи.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 8 гласачи.[14]
Културни и природни знаменитостиУреди
- Цркви[15]
- Црква „Св. Богородица“ — главна селска црква, заедничка со соседното село Горна Душегубица
ИселеништвоУреди
Од Душегубица имало често иселување на населението. Родот Поповци (2 к.) кон крајот на XIX век преминало во мијачкото село Росоки. Поголеми иселувања имало по Втората светска војна, кога одредени домаќинства се преселиле во пониските кичевски села, како Извор, Другово и Староец. Родот Новевци (2 к.) во 1964 година се иселил во селото Степанци.[3]
ГалеријаУреди
Забелешки и наводиУреди
БелешкиУреди
- ↑ 1,0 1,1 1,2 Податоците од населеното место Долна Душегубица, согласно важечките територијални организации за време на пописите од 1948, 1953 и 1961 година, се вклучени во податоците за населеното место Горна Душегубица.
НаводиУреди
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 102. Посетено на 15 јануари 2019.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина: Селски населби и население. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 93–94.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 256.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 154-155.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 14 јануари 2019.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 15 јануари 2019.
- ↑ „Локални избори 2017“. Посетено на 15 јануари 2019.
- ↑ „Референдум 2018“. Посетено на 15 јануари 2019.[мртва врска]
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
ПоврзаноУреди
Надворешни врскиУреди
- Долна Душегубица на Ризницата ?