Ново Село (Општина Велес)

село во Општина Велес

Ново Село — село во Општина Велес, средишна Македонија. Денес нема жители.[2]

Ново Село
Ново Село во рамките на Македонија
Ново Село
Местоположба на Ново Село во Македонија
Ново Село на карта

Карта

Координати 41°44′01″N 21°50′57″E / 41.73361° СГШ; 21.84917° ИГД / 41.73361; 21.84917
Регион  Вардарски
Општина  Велес
Област Повардарие
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1407
Повик. бр. 043
Шифра на КО 29047
Надм. вис. 400 м
Ново Село на општинската карта

Атарот на Ново Село во рамките на општината
Ново Село на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Селото е сместено во рамницата на левиот брег на Вардар, меѓу Каратманово на север и Велес на југозапад. Лежи на надморска висина од 400 м. Атарот е мошне мал, со површина од само 1,2 км2.[3]

Историја

уреди

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Ново Село-Исток (Novo-Selo-Est, за да се разграничи од другото велешко Ново Село, означено како Ново Село-Запад) било село со 14 домаќинства од 59 жители Македонци.[4][5]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Ново Село било село со 156 жители, сите Македонци христијани.[4][6]

На почетокот на XX век целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Ново Село имало 128 или 200 Македонци под егзархијата (едниот податок е за Ново Село во Чашка, но не е јасно кој).[7] Според тајна преписка на Бугарскиот конзулат во Скопие, во 1907 г. 28 од 43 куќи во селото ја признале Цариградската патријаршија под притисок на српската пропаганда, но по Младотурската револуција во 1908 г. истите се вратени под Бугарската егзархија.[8]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
194888—    
195368−22.7%
196111−83.8%
19711−90.9%
19810−100.0%
ГодинаНас.±%
199100.00%
199400.00%
200200.00%
202100.00%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[9]

Населението на Ново Село приметно опаднало во повоениот период и продолжило да се намалува. Најзначаен пад е забележан во текот на 1950-тите, веројатно поради индустријализацијата и преселбата село-град. Целосно е иселено во 1970-тите откако на пописот во 1971 г. е забележан само еден жител. Според пописот од 2002 година, Ново Село немало ниеден жител.[2] Истото било потврдено и на пописот во 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 156 128/200 88 68 11 1 0 0 0 0 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]


Родови

уреди

По истражувањата од 1929 година, родови во селото биле:

Македонски

  • Доселеници: Богојевци (4 к.), Караѓоргевци (5 к.), Хаџиовци и Ботовци (2 к.) и Петрушевци (1 к.) сите биле стари доселеници од селото Каратманово во Овче Поле; Џидимирлије (1 к.) доселени од селото Џидимирци. Кај нив имало и домазет Стојан Сандевиќ од селото Уланци; Андовиќ (1 к.) доселени од Раштани.[14]

Личности

уреди
Родени во Ново Село
Починати во Ново Село

Иселеништво

уреди

Селото е целосно раселено. Населението е иселено во градот Велес.

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 јануари 2021.
  3. Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 213. ISBN 9989-862-00-1.
  4. 4,0 4,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 180-181.
  6. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 156
  7. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 118-119.
  8. Георгиев, Величко, Стайко Трифонов, История на българите 1878 – 1944 в документи, том 1 1878 – 1912, част втора, стр. 298, 302.
  9. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. . Филиповиќ, Миленко (1935). Северна велешка села. Белград: Етнографски музеј. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  15. „Дневник на четите, изпратени в Македония от пункт Кюстендил. 1903-1908“, ДА - Враца, ф. 617к, оп.1, а.е.1, л.47

Надворешни врски

уреди