Козбунар

село во Општина Радовиш, Македонија

Козбунар — село во Општина Радовиш, во околината на градот Радовиш.

Козбунар

Поглед на куќите долж регионалниот пат 2431

Козбунар во рамките на Македонија
Козбунар
Местоположба на Козбунар во Македонија
Козбунар на карта

Карта

Координати 41°43′36″N 22°28′20″E / 41.72667° СГШ; 22.47222° ИГД / 41.72667; 22.47222
Регион  Југоисточен
Општина  Радовиш
Област Јуруклак
Население 3 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2420
Повик. бр. 032
Шифра на КО 22025
Надм. вис. 1.050 м
Козбунар на општинската карта

Атарот на Козбунар во рамките на општината
Козбунар на Ризницата

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 17 жители,[2] со што селото се вбројува во мали села во областа на Конче и Радовиш.[3]

Географија и местоположба

уреди
 
Куќи во селото

Селото се наоѓа во крајниот северен дел на територијата на Општина Радовиш, чиј атар се издига до сртот на планината Плачковица, каде што се допира со подрачјето на Општина Виница.[4] Селото е планинско, сместено на надморска височина од 1.050 метри. Селото се наоѓа северно од градот Радовиш, оддалечено 12 километри.[4]

Во близина на самото село поминува регионалниот пат 2431, каде се наоѓаат повеќе новоизградени куќи.

Историја

уреди

Според бројните археолошки наоѓалишта во близина на селото, може да се потврди дека во атарот на селото постоел живот уште во дамнина.[5]

Стопанство

уреди

Атарот на селото е релативно голем и зафаќа простор од 29 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 2.539 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 209 хектари, а на пасиштата 125 хектари.[4]

Во основа, селото има полјоделско-шумарска функција.[4]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948401—    
1953436+8.7%
1961236−45.9%
1971118−50.0%
198152−55.9%
ГодинаНас.±%
199136−30.8%
199423−36.1%
200217−26.1%
20213−82.4%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, Козбунар имало 190 жители, сите Македонци.[6] По податоци на секретарот на егзархијата, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) од 1905 година во Козбунар (Kozbounar) имало 216 жители.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[8]

Козбунар е мало село по големина, коешто во 1961 година броело 236 жители, додека во 1994 година само 23 жители, македонско население.[4]

Според пописот од 2002 година, во селото Козбунар живееле 17 жители, сите Македонци.[2]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 60 401 436 236 118 52 36 23 17 3
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови

уреди

Козбунар е македонско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1928 година родови во селото:[13]

  • Доселеници: Омарци со Крстовци и Ристовци (12 к.), доселени се во XVIII век од Кратовско; Каровци (8 к.), доселени се од Кратовско; Стојановци и Домазетовци (3 к.), и тие се од Кратовско; Николовци (5 к.), исто така од Кратовско; Димитријевци (8 к.), доселени од Кратовско; Мановци (2 к.) и Коцировци (8 к.), доселени се, но не знаат од каде.

Општествени установи

уреди
  • Месна заедница

Самоуправа и политика

уреди

Во XIX век, Козбунар било село во Радовишката каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Радовиш, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Радовиш.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш. Селото припаѓало на некогашната општина Радовиш во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Радовишка градска општина, во која покрај селото Козбунар, се наоѓале градот Радовиш и селата Аликоч, Коџалија, Парналија, Раклин, Супурге и Шипковица. Во периодот 1950-1952, селото претставувало седиште на некогашната Општина Козбунар, каде влегувале селата Козбунар и Шипковица.

Избирачко место

уреди
 
Главната селска црква „Св. Троица“

Во селото постои избирачкото место бр. 1606 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната заедница. Во избирачкото место влегува и селото Ново Село.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 8 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 6 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости

уреди
Археолошки наоѓалишта[5]
Цркви

Личности

уреди
Починати во Козбунар

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 1 јуни 2016.
  3. Атанасов, Зоранчо (2011). Инфраструктурни одлики на населените места во општините Радовиш и Конче (PDF). стр. 65–77. Посетено на 16 јануари 2022.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 152. Посетено на 17 јануари 2022.
  5. 5,0 5,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 328. ISBN 9989-649-28-6.
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 234.
  7. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp.138-139.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. Русиќ, Бранислав. Радовишка Област. Архивиски фонд на МАНУ к-9,AE 116/II I.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
  16. „Локални избори 2021“. Архивирано од изворникот на 2021-12-02. Посетено на 17 јануари 2022.
  17. „Општина Радовиш | ОДБЕЛЕЖАНИ 75 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ДЕДО ДАНЕ ТРАЈКОВ“. radovis.gov.mk. Архивирано од изворникот на 2022-01-18. Посетено на 2022-01-18.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди