Кушкулија
Кушкулија — село во Општина Василево, Струмичко. Денес нема жители.[2]
Кушкулија | |
Координати 41°36′28″N 22°37′56″E / 41.60778° СГШ; 22.63222° ИГД | |
Регион | Југоисточен |
Општина | Василево |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Повик. бр. | 073 |
Шифра на КО | 27038 |
Надм. вис. | 885 м |
Кушкулија на општинската карта Атарот на Кушкулија во рамките на општината | |
Кушкулија на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на крајниот северен дел од Струмичкото Поле и северно од Василево.[3] Лежи помеѓу Нивичино на југоисток и Подареш на запад.
Историја
уредиПодрачјето околу Кушкулија е населено барем уште од средниот век, за што сведочи некрополата на наоѓалиштето Готен околу 5 км североисточно од селото.[4]
Во XIX и XX век Кушкулија било чисто турско село во Радовишката каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Кушкули имало 75 жители Турци.[5]
Според османистот Димитар Гаџанов во 1916 г. во Кушкуља живееле 99 Турци.[6]
На 5 јуни 1944 г., за време на Мајската (Пролетна) офанзива во судир со бугарската војска во Кушкулија загинал македонскиот комунист и композитор Панче Пешев.
Демографија
уредиСпоред германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Турци.[7]
Во периодот од почетокот до средината на XX век селото доживеало голем пораст. Ова траело сè до 1950-тите кога речиси целото население се иселило во Турција. Во 1961 г. во него останале само 4 лица, а во текот на следните години Кушкулија е наполно напуштена. Според пописот од 2002 година, Кушкулија немала ниеден жител.[2] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 75 | — | 226 | 251 | 4 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта
- Готен — некропола од средниот век
Личности
уреди- Панче Пешев (1915 – 1944) — партизан, деец на НОВМ
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 13 јануари 2021.
- ↑ Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 171. ISBN 9989-862-00-1.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 409. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 234. ISBN 954430424X.
- ↑ Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 243.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.