Нивичани

село во Општина Кочани

Нивичани — село во Општина Кочани.

Нивичани
Нивичани во рамките на Македонија
Нивичани
Местоположба на Нивичани во Македонија
Нивичани на карта

Карта

Координати 41°57′19″N 22°20′14″E / 41.95528° СГШ; 22.33722° ИГД / 41.95528; 22.33722
Општина Кочани
Население 233 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2300
Шифра на КО 13025
Надм. вис. 682 м м
Нивичани на општинската карта

Атарот на Нивичани во рамките на општината
Нивичани на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Историја

уреди

Подрачјето на Нивичани е населено уште од неолитот, за што сведочи наоѓалиштето Дамјаница на 3 км југоисточно од селото. Покрај тоа, целиот атар изобилува со остатоци од градби од доцната антика.

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948552—    
1953624+13.0%
1961625+0.2%
1971575−8.0%
1981433−24.7%
ГодинаНас.±%
1991382−11.8%
1994364−4.7%
2002343−5.8%
2021233−32.1%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.[2]

Во 2002 година во селото живееле 343 жители.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 233 жители, од кои 217 Македонци, 2 Албанци и 14 лица без податоци.[3]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 460 498 552 624 625 575 433 382 364 343 233
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[4]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[5]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]

Родови

уреди

Нивичани е македонско село.

Родови во селото се: Орашци (7 к.) најстар род во селото, можеби се староседелци; Ралевци (10 к.) и Терзици (8 к.) порано биле еден род, доселени се од некое село во Скопско, го знаат следното родословие: Стојко (жив на 56 г. крајот на 50-тите) Атанас-Јосиф-Трајчо, се доселил неговиот дедо; Парастаци (11 к.) потеклото им е од Саса кај Македонска Каменица; Огњановци (5 к.), Деповци (4 к.), Џирговци (2 к.) и Миленковци (1 к.) за нивното место на старина не се знае, родовите Деповци и Миленковци порано имале многу повеќе куќи, но се расипале; Прдлевци (5 к.) доселени се од некое село крај Вардар, затоа порано ги викале Вардарци, го знаат следното родословие: Тодор (жив на 41 г. крајот на 1950-тите) Спиро-Стојмен-Сребрен-Велко, кој се доселил; Шоповци (4 к.) доселени се од селото Пашаџиково во 1910 година.[8]

Самоуправа и политика

уреди

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 870 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[9]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 248 гласачи.[10]

Културни и природни знаменитости

уреди
Цркви
Археолошки наоѓалишта[11]

Иселеништво

уреди

Од ова село највеќе иселеници има во Кочани. Таму се иселиле преку 20 семејства. Некои се иселени во Кочани уште од 1905 година.

До 1959 година 3 семејства се иселиле во Скопје, а 2 семејства се иселиле во Белград.

Иселеници исто така има и во некои пониски кочански села, како Долни Подлог (Митеви и Доневи), Бања (Парастаци). Во Мојанци е иселено 1 семејство. А исто така и во Облешево.[8]

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  3. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  4. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  5. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  6. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  7. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  8. 8,0 8,1 Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина. Скопје: Универзитетска печатница.
  9. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  10. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  11. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 178-179. ISBN 9989-649-28-6.

Надворешни врски

уреди