Мечкуевци

село во Општина Свети Николе

Мечкуевци — село во областа Овче Поле, во Општина Свети Николе, во близина на градот Свети Николе.

Мечкуевци

Поглед кон селото

Мечкуевци во рамките на Македонија
Мечкуевци
Местоположба на Мечкуевци во Македонија
Мечкуевци на карта

Карта

Координати 41°55′02″N 22°03′40″E / 41.91722° СГШ; 22.06111° ИГД / 41.91722; 22.06111
Регион  Вардарски
Општина  Свети Николе
Област Овче Поле
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2220
Повик. бр. 032
Шифра на КО 24021
Надм. вис. 480 м
Слава Света Троица
Мечкуевци на општинската карта

Атарот на Мечкуевци во рамките на општината
Мечкуевци на Ризницата

Географија и местоположба

уреди
 
Поглед на селото

Селото се наоѓа во областа Овче Поле, во источниот дел на територијата на Општина Свети Николе, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Пробиштип.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 480 метри. Од градот Свети Николе е оддалечено 13 километри.[2] Мечкуевци е сместено на јужните падини на Манговица.

Селото се наоѓа источно од селото Немањици, сместено во една долина. Тука е границата помеѓу ридската зона на запад и котлинскиот дел на исток. Жителите се снабдуваат со вода за пиење од една чешма и еден извор (Стар Кладенец). Има и неколку бунари, но нивната вода не е за пиење.[3]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Лајкова Грамада, Ѓурева Страна, Кадија, Купчи-Камење, Св. Петка, Унгулица, Градиште, Средни Рид, Спасовица, Раскрсница, Радичево, Соколова Чука, Главица, Гушкарник, Царев Рид, Цингар, Маркова Стапалка, Царска Глава, Пашалиски Камен, Присој, Смрдливец и Тољ.[3]

Селото има збиен тип и е поделено на повеќе маала: Гајдеско, Курталеско, Мургоско, Чифлак и Средорек. Последното претставува средиштен дел на селото.[3]

Низ селото поминува регионалниот пат Свети Николе-Пробиштип.

Историја

уреди
 
Куќа во селото

Јужно од селото се наоѓа возвишението Градиште, каде се наоѓаат ѕидини, камења и пасишта. Мештаните велат дека таму некогаш имало „град“.[3]

Мечкуевци е старо село и секогаш се наоѓало на тоа место. Но, во него староседелските родови не се зачувани. Денешните родови потекнуваат од предци кои се доселиле во отоманскиот период, како и во периодот 1850-1910 година. Најстари родови се Шоповци и Мурговци.[3]

Источно од Мечкуевци постоело планинското село Тољ, кое по заминувањето на Турците, селото било раселено. Неговиот простран атар од 600 хектари бил купен, по една половина од селаните на Мечкуевци и Пестришино, а другата половина од селаните на Трооло.[3]

Стопанство

уреди

Атарот е релативно голем и зафаќа простор од 22,2 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 1.120 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 934 хектари, а на шумите само 97 хектари.[2]

Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.[2]

За време на отоманскиот период, дел од селаните поседувале своја земја, но постоел и чифлиг. Чифлигот се протегал на најдобрата земја и припаѓал на турскиот род Прчковци од Штип. Подоцна, тој бил поделен на четири браќа и на крајот продаден. По завршувањето на Балканските војни, некои посиромашни селани добиле своја земја во атарот на соседното село Буриловци.[3]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948593—    
1953566−4.6%
1961506−10.6%
1971278−45.1%
198152−81.3%
ГодинаНас.±%
199126−50.0%
199418−30.8%
200215−16.7%
20210−100.0%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Мечкуевци живееле 360 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Мечкуевци имало 520 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.[6]

Од Мечкуевци се иселил значителен дел од населението, така што селото преминало од средно во мало село. Така, во 1961 година селото броело 506 жители, од кои 459 биле Македонци, 18 Албанци и 23 жители останати, а во 1994 година само 18 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Мечкуевци живееле 15 жители, Македонци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 360 520 593 566 506 278 52 26 18 15 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови

уреди

Мечкуевци е македонско православно село.[3]

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1957/58 година родови во селото се:

  • Македонски родови: Поповци (3 к.), родот го основал Бошко, доселени се од Свети Николе; Мурговци (4 к.) и Шљагоровци (2 к.), порано биле еден род, доселени се од селото Мургаш, Кумановско; Крталовци (8 к.), Минџевци (5 к.) и Војчевци (2 к.), порано биле еден род, доселени се од селото Пресека, Кочанско во 1878 година; Крчевци (4 к.) и Уплашовци (2 к.), и тие се доселени во 1878 година од селото Пресека, Кочанско; Јашарци (3 к.), доселени се од селото Древено, кај Пробиштип; Анџици или Куковци (2 к.), и Липсанци (1 к.), доселени се од селото Куково, Пробиштипско; Терзиовци (5 к.), и тие се доселени од Куково; Дивчеви (1 к.), доселени се од селото Дивље, Скопско; Рунтовци (1 к.), доселени се од селото Барбарево, Пробиштипско; Самутковци (4 к.), доселени се од раселеното овчеполско село Тољ, таму биле староседелци; Черкесци (1 к.), и тие се доселени од раселеното село Тољ; Здравковци (6 к.), Наџаковци (5 к.), Бачовци или Ѓорговци (2 к.), Грашевци (6 к.), Недевци (1 к.), Славковци (2 к.), Кајеви (2 к.), Попаѓини (4 к.), Шелерци (1 к.), Штирковци (1 к.), Гиџевци (1 к.), Дукевци (1 к.) и Гочанци (1 к.), доселени се однекаде.
  • Влашки родови: Ванѓеловци (4 к.), доселени се во 1948 година од селото Костурино, Струмичко; Атанасовци (1 к.), доселени се од селото Софилари, Штипско во 1954 година.

Иселеништво

уреди

Од ова село има и постари и понови иселеници. Денес селото е пред изумирање. Се знае за следните иселеници. Резини и Мечкарци се иселиле во селото Пеширово, во периодот од 1925-28 година. Ефремови, Арсови и Славеи иселени се во селото Амзабегово, од 1924-1939 година. Ѓичевци се иселиле во селото Буриловци во 1936 година. Во XVIII век во градот Свети Николе се иселил големиот род Уплашевци. До 1960-та година три семејства се иселиле во градот Штип. Едно семејство се иселиле во Скопје.[3]

Самоуправа и политика

уреди

Во XIX век, Мечкуевци било село во Штипската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Свети Николе, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Свети Николе.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Свети Николе. Селото припаѓало на некогашната општина Свети Николе во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Немањици, во која покрај селото Мечкуевци, се наоѓале и селата Арбасанци, Горно Барбарево, Долно Барбарево, Макреш, Немањици, Орел, Патетино, Равници и Стануловци. Селото било седиште на некогашната општина Мечкуевци во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Арбасанци, Буриловци, Мечкуевци, Ранчинци, Патетино и Станулевци.

Избирачко место

уреди

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1697 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на приватна куќа на селото Ранченци. Во избирачкото место влегуваат селата Мечкуевци, Патетино и Ранченци.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 22 гласачи.[13]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 18 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитости

уреди
 
Главната селска црква „Св. Никола“
Археолошки наоѓалишта[15]
Цркви[16]

Редовни настани

уреди
Слави[3]

Личности

уреди
Родени во или по потекло од Мечкуевци

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 45. Посетено на 12 април 2021.
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 Трифуноски, Јован (1964). Овчепољска Котлина. Загреб: Југословенска академија на науките и уметностите. стр. 736–738.
  4. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 232.
  5. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 134 - 135.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 12 април 2021.
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  13. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. „Предвремени избори за пратеници 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 24 март 2021.
  15. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 346. ISBN 9989-649-28-6.
  16. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди