Чифлик (Демиркаписко)
Чифлик — село во Општина Демир Капија, во близина на градот Демир Капија.
Чифлик | |
Улица во селото | |
Координати 41°23′17″N 22°13′22″E / 41.38806° СГШ; 22.22278° ИГД | |
Регион | Вардарски |
Општина | Демир Капија |
Население | 76 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1442 |
Повик. бр. | 043 |
Шифра на КО | 18033 |
Надм. вис. | 140 м |
Чифлик на општинската карта Атарот на Чифлик во рамките на општината | |
Чифлик на Ризницата |
Потекло и значење на името
уредиВо минатото, селото било именувано како Будур Чифлик.[2]
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во средишниот дел на територијата на Општина Демир Капија, недалеку од реката Бошавица.[3] Селото е рамничарско, на надморска височина од 140 метри.[3] До селото води асфалтен пат од градот Демир Капија.
Чифлик е сместено во рамница на десниот брег на Дошница, а над нејзиното устие со Бошавица. До почетокот на XIX век, устието на овие реки се наоѓало околу половина километар спротиводно од селото кај месноста Средорек. Тогаш, селото се наоѓало на десниот брег на реката Бошавица, како глава река, чие корито се наоѓало 200 метри далеку од селото. Потоа, реките кај Средорек се раздвоиле и повторно се соединиле кај месноста Царевец по два километри, поради што реката Дошница се приближила до селото. Во селото постои бунар.[2]
Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Оризарска Гробишта, Падарница, Падина, Шутин Дол, Скинато, Модра Стена, Бресје, Пресека, Вршник, Љути Рамен, Брајова Нива, Црвена Стена, Почивало и Смреките.[2]
Селото има овален облик, поделено на Горно и Долно Маало, поделени со главниот пат, а помеѓу нив се наоѓа сретселото.[2] Како дел од селото се сметаат и издвоените куќи во маалото Дошница покрај истоимената хидроцентрала.
Историја
уредиСелото било христијанско и од чифлички тип од неговото основање.[2] Во атарот на селото се наоѓаат и две раселени села. Селиштето Оризари, кое се наоѓало спротиводно на Дошница, на патот кон Дрен, пропаднало во 1909 година. Се верува дека Оризари не било чифличко и дека христијаните во него живееле на свое. Селиштето Јанков Чифлик, пак, во месноста Царевец опустело во 1916 година, а кулите и куќите биле срушени во 1918 година. По преданието, пред беговите селото припаѓало на христијанскиот сајбија Јанко, кој живеел во Демир Капија.[2]
Првичната местоположба на селото било кон Средорек, но во 1830 година тоа село било растурено од арамии. Тоа Старо Село, Турците одамна го потурчиле и го направиле свој чифлиг, а во блискиот манастир „Св. Петка“ го убиле ѓаконот Будур, кој се бунел против зулумџиите. На Старото Село кај месноста Падарница се забележуваат одредени остатоци, додека од манастирот „Св. Петка“ имало манастириште додека не била подигната новата црква „Св. Атанасиј“.[2]
Кон средината на XIX век се иселиле последните потурчени родови Селманчовци во Бистренци, а Ибраим и Али Алковци во Корешница. Од старите христијански родови, останал само еден род.[2]
Во 1913 година, селото изгорело поради што се изгубил ликот на вистински чифлиг и селото се проретчило.[2]
Стопанство
уредиАтарот зафаќа простор од 5,3 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 112 хектари, на шумите отпаѓаат 90 хектари, а на пасиштата отпаѓаат 75 хектари.[3]
Селото, во основа, има полјоделска функција.[3]
Селаните главно се занимавале со земјоделство. Во отоманскиот период, работеле на самиот чифлиг, а агите биле од Бесвица, Тремник и Кавадарци. Многу послабо, мештаните се занимавале со сточарство. На реката Дошница постоеле бројни воденици.[2]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. во Чифлик живееле 185 жители, сите Македонци христијани.[4][5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Чифлик имало 172 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[7]
Селото е мало и населено со македонско население. Тоа, во 1961 година имало 256, а во 1994 година 106 жители.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Чифлик имало 90 жители, од кои 89 Македонци и 1 останат.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 76 жители, од кои 65 Македонци, 2 Срби и 9 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 185 | 172 | 111 | 186 | 256 | 166 | 112 | 108 | 106 | 90 | 76 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Родови
уредиЧифлик е христијанско македонско село.[2]
Според истражувањата на Воислав Радовановиќ во 1924 година родови во селото се:
- Староседелци: Настовци (1 к.), староседелци. Поместени од старото село околу 1830та;
- Понови доселеници: Поп-Стојановци (1 к.), доселени се околу 1870 година од селото Драчевица; Златевци (2 к.), доселени се околу 1880 година исто така од селото Драчевица; Пасковци (1 к.), доселени се во 1885 година од селото Копришница; Ристовци (2 к.), доселени се од селото Бесвица во 1890 година; Митревци (1 к.), доселени се од Јанков-Чифлик, а таму од Тимјаник; Пиперковци (1 к.), потекнуваат од домазет доселен од селото Бохула во 1900 година, а таму се доселени од Арнаутлук; Мајсторовци (1 к.), доселени се од селото Миравци во 1903 година. Уште подалечно потекло од селото Долни Дисан; Јован Чехајини (1 к.), доселени се од селото Дрен; Клисуровци (2 к.), доселени се во 1907 година од селото Драчевица, а таму се доселени кон крајот на XVIII век од старото село на Клисура; Кимовци (1 к.) и Аџијовци (1 к.), доселени се од селото Драчевица во 1913 и 1915 година; Саботковци (1 к.), потекнуваат од предокот Неде, кој се доселил од селото Јанков-Чифлик кога опустело; Анѓеловци (1 к.), Јовановци (1 к.) и Андовци (1 к.), и тие се доселени од Јанков-Чифлик и Грозевци-Црвењаковци (1 к.), доселени се од селото Дрен во 1919 година, а таму од селото Зборско во 1916 година.
Општествени установи
уреди- Поранешно основно училиште
Самоуправа и политика
уредиВо XIX век, Чифлик било село во Тиквешката каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Демир Капија, која била една од ретките општини која не била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така било дел од Општина Демир Капија.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Неготино. Селото припаѓало на некогашната општина Неготино во периодот од 1957 до 1965 година. Во периодот 1955-1957 селото влегувало во рамки на општина Демир Капија.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Демир Капија, во која покрај селото Чифлик, се наоѓале и селата Бесвица, Бистренци, Демир Капија, Драчевица, Дрен, Иберли, Клисура, Копришница, Корешница, Кошарка и Человец. Во периодот 1950-1952, селото било исто така дел од некогашната општина Демир Капија, во која влегувале селата Демир Капија, Драчевица, Дрен, Копришница, Клисура и Чифлик.
Избирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 1244 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната заедница.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 79 гласачи.[15] На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 75 гласачи.[16]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[17]
- Грамаѓе (Чифлик) — рудник од римското време;
- Илинов Рид — населба од римското време;
- Оризарски Гробишта - Воденица — некропола од римското време; и
- Оризарско Поле – Старо Село — населба од римското време.
- Цркви[18]
- Црква „Св. Атанасиј“ — главна селска црква.
- Споменици
- Споменик во чест на НОБ[3]
- Месности
- Топли Вирови — месност на реката Дошница
Редовни настани
уреди- Слави[2]
- Петковден — поранешна главна селска слава кој се прославувал кај Вакафска Чешма до 1880 година
Галерија
уреди-
Водотек низ селото
-
Панорама на селото
-
Патоказ
-
Топли Вирови
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 2,11 Радовановиќ, Воислав (1924). Тиквеш и Раец. Белград. стр. 282–284.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 319. Посетено на 1 октомври 2021.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 155. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, pp. 104-105.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 септември 2021.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Предвремени избори за пратеници 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 10 септември 2021.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 233. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.