Добромири
Добромири — село во Општина Новаци, во околината на градот Битола.
Добромири | |
Поглед на селото | |
Координати 41°4′9″N 21°27′20″E / 41.06917° СГШ; 21.45556° ИГД | |
Регион | Пелагониски |
Општина | Новаци |
Население | 296 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 7211 |
Повик. бр. | 047 |
Шифра на КО | 02037 |
Надм. вис. | 576 м |
Слава | Свети Никола Летен |
Добромири на општинската карта Атарот на Добромири во рамките на општината | |
Добромири на Ризницата |
Потекло и значење на името
уредиИмето на селото се поврзува со легенда според која селото го добило името од придавката „добар“ бидејќи неговите жители биле доста добри и не се карале меѓу себе, ниту пак со мештаните од околните села. Па, затоа, мештаните од другите села за нив велеле дека се добри и мирни, со што се создало денешното име Добромири.[2]
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во источниот дел на Битолското Поле, од левата страна на Црна Река, во северозападниот дел на територијата на Општина Новаци.[3] Селото е рамничарско, на надморска височина од 575 метри. Низ селото поминува регионалниот пат 2340, кој води за битолско Мариово и се движи низ Пелагонија. Од градот Битола е оддалечено 15 километри.[3] Од општинското средиште Новаци е оддалечено 3 километри.
Добромири се наоѓа во Битолското Поле помеѓу селата Новаци, Горно Агларци и Трн. Во минатото, водата за пиење ја добивале од бунари длабоки од 4 до 8 метри.[4]
Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Слатина, Табачица, Тумба, Ќерамитка, Долна Браненица, Рибарски Пат, Ѓупски Пат, Црквиште и Круши.[4]
Селото има збиен тип, поделено на три маала: Горно, Долно и Населеничко Маало. Последното маало е малку издвоено од остатокот на селото и во нејзе се наоѓаат поновите доселеници.[4]
Историја
уредиМесноста Тумба се наоѓа на еден километар северно од селото, каде се наоѓаат стари гробови, делови на темели на некој ѕид и парчиња грнчарија. За гробовите, мештаните претпоставуваат дека се турски. И во самото село се наоѓа една тумба, но нема остатоци на старини.[4]
Селаните говорат дека селото е старо. Првпат се споменува во еден турски документ издаден во периодот од 1650 до 1750 година. Во селото, исто така, има зачувани стари родови. Добромири претходно се наоѓало во месноста Ќерамитка, која се наоѓа на 1,5 километри југоисточно од денешната местоположба. Во тоа село, чума ја убила стоката, поради што мештаните се преселиле на денешното место. Не се знае кога е извршено преселувањето.[4]
Во месноста Црквиште, која е покрај селото, се говори дека некогаш таму имало црква. Денес, земјиштето во месноста не се обработува.[4]
При заминувањето на отоманската власт, во селото имало пет чифлици, чии сопственици биле Изет, Јашар, Нурија, Ќамил и Аџија, сите од Битола. Само родовите Богдановци, Поповци и Пајевци имале своја земја.[4]
За време на Кралството Југославија, во селото биле колонизирани четири српски семејства, кои биле протерани во 1941 година за време на бугарската окупација во Втората светска војна.[4]
Стопанство
уредиАтарот зафаќа простор од 11,1 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 1.062,4 хектари, на пасиштата отпаѓаат 31,1 хектар, додека шумско земјиште нема.[3]
Селото, во основа, има полјоделска функција. Во селото има продавници и угостителски објекти.[3]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Добромири живееле 416 жители, сите Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Добромири имало 216 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Добромир се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 40 куќи.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци и 50 Власи.[8]
Добромири е средно по големина село, но со намалување на бројот на населението. Така, во 1961 година селото броело 597 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 368 жители, од кои 364 биле Македонци, а двајца жители Срби.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Добромири живееле 345 жители, од кои 344 Македонци и 1 Влав.[9]
Во 2008 година по неофицијални податоци во селото живееле околу 300 жители, додека во 2019 година селото броело околу 350 жители.[2]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 296 жители, од кои 282 Македонци, 3 Албанци, 6 останати и 5 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 416 | 216 | 316 | 457 | 597 | 552 | 565 | 405 | 368 | 345 | 296 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Родови
уредиДобромири е македонско село.[4]
Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1953 година родови во селото се:
- Староседелци: Поповци (5 к.), Пајевци (4 к.) и Богдановци (1 к.);
- Доселеници: Калајџиовци (3 к.) и Клештовци (3 к.), доселени се од селото Долно Агларци, вториот род таму има истоимени роднини; Апчевци (2 к.), деленици од родот Клештовци; Мајсторовци (3 к.), доселени се од селото Суводол; Могилци (2 к.), доселени се од селото Могила; Шкорлевци (3 к.), имаат истоимени роднини во Врањевци и Подмол. Овде се доселени од Враневци. Подалечно потекло од селото Арматуш; Кајмаковци (1 к.), доселени се од селото Трн; Мијовци (1 к.) и Трајановци (1 к.), доселени се однекаде; Ганчовци (4 к.), доселени се во 1923 година од околината на Лерин; Зафировци (3 к.), доселени се во 1925 година од некое село во близина на Корча; Албанци (4 к.), се делат на Пачевци и Бузевци, доселени се во 1926 година од некое село во Албанија, во близина на Св. Наум, тие се Власи, и сега дома зборуваат на влашки; Трничани (1 к.), доселени се од селото Трн; Ковачи (2 к.), доселени се од Беранци; Мушика (1 к.), доселени се од Врањевци, каде биле староседелци и имаат истоимени роднини (Мушиковци); Бојиштани (12 к.), Лесковчани (9 к.), Вировци (1 к.), Сопотничани (1 к.) и Добреновци (1 к.), доселени се од поедини села во Железник и Копачка по завршувањето на Втората светска војна.
Иселеништво
уредиОд Добромири иселеници има на следните места: Тантаровци (8 к.), Здравевци (4 к.), Зајковци (4 к.) и Мурко (1 к.), се иселиле во селото Новаци; Чадија (1 к.), во селото Оптичари; Трајковци (2 к.), живеат во Карамани; Чукузовци (3 к.) живеат во Трн; Бенџовци (3 к.), живеат во Долно Оризари. Од родот Пајовци има иселеници во Битола.[4]
И ова село како и другите битолски села го има зафатено силна емиграција. Бројот на иселеници од селото изнесува над 300 жители. Најмногу се иселени во градовите Битола, Прилеп и Скопје, како и во прекуокеанските земји и Европа.[2]
Општествени установи
уреди- Основно училиште „Славко Лумбарковски“, подрачно петгодишно основно училиште во состав на ОУ „Славко Лумбарковски“ - Новаци
- Месна заедница
Самоуправа и политика
уредиВо XIX век, Добромири било село во Битолската каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Новаци, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.
Во периодот од 1996 до 2004 година, селото се наоѓало во рамките на некогашната општина Новаци.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Битола.
Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Новаци.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Новаци, во која покрај селото Добромири, се наоѓале и селата Балдовенци, Биљаник, Врановци, Гнеотино, Горно Агларци, Грумази, Долно Агларци, Мегленци, Новаци, Ново Село, Долно Орехово, Паралево, Рибарци, Суводол и Тепавци. Општината Новаци постоела и во периодот 1950-1952, во која влегувале следниве села: Билјаник, Добромири, Новаци и Рибарци.
Избирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 0163 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 278 гласачи.[16] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 274 гласачи.[17]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[18]
- Горна Тумба — населба од неолитско време;
- Арапски Гробишта — населба од неолитско време; и
- Голема Тумба — населба од неолитско време.
- Цркви[19]
- Црква „Св. Талалеј“ — главната селска црква, подигната во 1886 година, разрушена, па обновена во 1926 година, а дообновена во 1951 година. Добила фрескоживопис во 2001 година.
Редовни настани
уреди- Слави[4]
- Свети Никола Летен — главна селска и црковна слава
Личности
уреди- Родени во или по потекло од Добромири
- Јани Бошев — ополченец на ІV ополченска дружина, починал пред 1918 г.[20]
Култура и спорт
уредиВо селото работи фудбалскиот клуб ФК „Пелагонија Добромири“ кој се натпреварува во општинската А лига.
Галерија
уреди-
Улици во селото
-
Куќи во селото
-
Игралиште (во позадина оџаците на РЕК „Битола“)
-
Селото од далечина
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „Мој Роден Крај“. www.mojrodenkraj.com.mk. Архивирано од изворникот на 2021-12-01. Посетено на 2021-11-17.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 98. Посетено на 17 ноември 2021.
- ↑ 4,00 4,01 4,02 4,03 4,04 4,05 4,06 4,07 4,08 4,09 4,10 Трифуноски; Јован Ф. (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina: antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 237.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 166-167.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 12.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 17 ноември 2011.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Локални избори 2021“. Архивирано од изворникот на 2021-12-02. Посетено на 18 ноември 2021.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 28. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Македонците в културно-политическия живот на България. Анкета от Изпълнителния комитет на Македонските братства, Книгоиздателство Ал. Паскалев и с-ие, София, 1918, стр. 36.