Локов
Локов — село во областа Малесија, во Општина Струга, сместено високо на падините на планината Караорман.
Локов | |
Поглед кон селото од ридот над него, а во позадина се гледа планината Караорман | |
Координати 41°21′57″N 20°38′53″E / 41.36583° СГШ; 20.64806° ИГД | |
Регион | Југозападен |
Општина | Струга |
Област | Малесија |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 6338 |
Повик. бр. | 046 |
Шифра на КО | 26021 |
Надм. вис. | 1.325 м |
Локов на општинската карта Атарот на Локов во рамките на општината | |
Локов на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во областа Малесија, во северниот дел на територијата на Општина Струга, на западните падини на планината Караорман, а чиј атар се допира со вештачкото езеро Глобочица.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 1.325 метри.[2]
Селото Локов се наоѓа на патот Вија Егнација, наjстарата и наjзначаjната римска сообраќаjница на Балканот. Сместен е во центарот на областа Малесија помеѓу градовите Струга и Дебар и се простира на висорамнина од 1.360 метри надморска висина.
Историја
уредиВо текот на Втората светска војна, на 26 јули 1943 година, бил создаден малесискиот партизански одред. На 8 јуни 1944 година, по извршената реорганизација на Првата македонско-косовска народноослободителна ударна бригада се создала првата Македонска народноослободителна ударна бригада.
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците од 1873 година, селото имало 25 домаќинства и 75 жители мажи.[3]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Локов имало 320 жители.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Локов имало 320 жители.[5]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Локуф (Локва) е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 30 куќи.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[7]
Селото е целосно раселено по 1961 година, кога што броело 61 жител, македонско население.[2]
Процесот на миграцијата бил најголем во периодот помеѓу 1945 и 1946 година, кога голем број семејства се иселиле во Војводина, во околината на Прилеп (во Ново Лагово) и во градот Струга. Селото целосно опустело во 1965 година, кога со полнењето на вештачкото езеро Глобочица бил потопен единствениот пат кој го поврзувал селото Локов со градовите Струга и Дебар.
Според пописот од 2002 година, во селото Локов немало жители.[8] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 320 | 320 | 191 | 223 | 61 | 0 | 0 | 4 | 0 | 0 | 0 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
уредиЛоков во минатото било чисто македонско православно село, додека денес е целосно раселено. Сите родови во селото биле доселени.[13]
Стари родови на кои не им се знае местото на старина се: Шукревци (4 к.); Петковци со Неделковци и Ристовци (5 к.) се еден род; Митревци (1 к.), некој нивен предок бил „војвода“ и побратим со Турците во Коџаџик, па им ја предал тамошната тврдина, поради што народот ги проколнувал да немаат повеќе од 3 куќи; Блажевци со Ѓоргијовци, Танчевци, Близнаковци или Петревци, Глигуровци и иселените Милевци (13 к.) се еден род; Беќаровци со Димовци (4 к.) и Јовчевци со Србиновци и Блажевци (1 к.).
Родови доселени со позната старина: Стојковци (11 к.), доселени се од селото Шипиница во Долен Дебар (денес во Албанија) и Казимоски Љушо (1 к.), Ром, ковач доселен во 1948 година од селото Мислодежда.
Иселеништво
уредиНаселението на Локов многу се иселувало. Со што денес селото е целосно раселено.[13]
Општествени установи
уреди- Поранешно основно училиште „Наце Николоски“, денес претворено во спомен-дом на Македонската народноослободителна ударна бригада
Самоуправа и политика
уредиВо XIX век, Локов било село во рамките на Охридската каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Струга, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Луково.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струга. Селото припаѓало на некогашната општина Струга во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 селото припаѓало на тогашната општина Луково.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Караорман, во која покрај селото Локов, се наоѓале и селата Богојца, Брчево, Глобочица, Збажди, Мислодежда, Поум, Присовјани и ’Ржаново. Во периодот 1950-1952 година, селото Локов било седиште на некогашната општина Локов, во која влегувале селата Буринец, Локов, ’Ржаново и Селци.
Избирачко место
уредиСелото е опфатено во избирачкото место бр. 1892 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште во селото Присовјани, а во кое влегуваат населените места Буринец, Локов, Присовјани, ’Ржаново, Селци и Збажди.[14]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 22 гласачи.[15] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 19 гласачи.[16]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[17]
- Закамен — средновековна населба;
- Красје — средновековна населба; и
- Манастирец — средновековна сакрален комплекс.
- Цркви[18]
- Црква „Вознесение Христово“ — главна селска црква;
- Црква „Вознесение Христово“ — манастирска црква осветена на 24 јули 2016 година од митрополитот Тимотеј;
- Црква „Св. Петка“ — гробјанска црква; и
- Црква „Св. Преображение“ — камен-темелник осветен и поставен на 19 јули 1994 година од митрополитот Тимотеј. Позната е по тоа што во неа е забранет влез за жени поради некоја икона.
- Споменици
- Споменик во чест на НОБ во самото село
- Споменик во чест на НОБ помеѓу селата Локов и Буринец
-
Поглед на црквата „Св. Спас“
-
Споменик за загинатите борци во НОБ помеѓу селата Локов и Буринец
-
Споменик во чест на НОБ во самото село
-
Главната селска црква „Вознесение Христово“
-
Гробјанската црква „Св. Петка“
Личности
уреди- Родени во или по потекло од Локов
- Марко Блажески — македонски револуционер од ВМОРО.[19]
- Павле Силјанов Маркоски — македонски револуционер од ВМОРО.[20]
- Богдан Блажев Тасев — македонски револуционер од ВМОРО.[21]
- Атанас Јоноски Трифунов — македонски револуционер од ВМОРО.[21]
Култура и спорт
уредиВо селото постои спомен-дом на првата Македонска народноослободителна ударна бригада. Спомен-домот е поставен на местото на некогашното основно училиште „Наце Николоски“, кое функционирало од 1945 до 1962 година.
Локов како тема во уметноста
уреди- „Локов (1 дел) (Некој работи се трошет на зима)“ — расказ на македонскиот писател Ненад Јолдески од 2009 година.[22]
- „Локов (2 дел) (Вероника реши да умрит, Фичо да спијат)“ — расказ на македонскиот писател Ненад Јолдески од 2009 година.[22]
Галерија
уреди-
Поглед на селото од црквата „Св. Петка“
-
Околината околу училиштето во Локов
-
Поглед на селото
-
Стара куќа во селото
-
Поглед на селото
-
Споменик на НОБ во с.Локов
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 182. Посетено на 27 октомври 2018.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 104-105.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 253.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 162-163.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 30.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 27 октомври 2018.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 13,0 13,1 Русиќ, Бранислав (1953). Малесија. Годишен зборник на Филозофскиот факултет на универзитетот во Скопје. Историско-филолошки оддел. кн. 6.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 27 октомври 2018.
- ↑ „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-09-22. Посетено на 27 октомври 2018.
- ↑ „Референдум 2018“. Архивирано од изворникот на 2020-06-10. Посетено на 27 октомври 2018.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
- ↑ Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
- ↑ 21,0 21,1 Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
- ↑ 22,0 22,1 Ненад Јолдески Wezdensky, Штамата на Енхалон (Мемоари), Темплум, Скопје, 2009.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Локов на Ризницата ?
- Роднокрајски записи - Локов Архивирано на 10 март 2016 г. - репортажа за селото