Шеоба
Шеоба — село во Општина Неготино. Денес нема жители.[2]
Шеоба | |
Координати 41°35′18″N 22°09′34″E / 41.58833° СГШ; 22.15944° ИГД | |
Регион | Вардарски |
Општина | Неготино |
Област | Тиквеш |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Повик. бр. | 043 |
Шифра на КО | 18035 |
Надм. вис. | 300 м |
Шеоба на општинската карта Атарот на Шеоба во рамките на општината | |
Шеоба на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиШеоба се наоѓа во Тиквешијата, на јужното подножје на Конечка Планина (Серта), северно од патот Неготино - Струмица (Р1103). Лежи на надморска височина од 300 м, а атарот зафаќа површина од 15,9 км2.[3]
Историја
уредиВо XIX век Шеоба било турско село во Штипската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Шех Оба имала 215 жители, сите Турци.[4]
На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена ја покажува Шеоба (Šeoba) како турско село.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Власи.[6]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Во првите децении на XX век населението стрмоглаво опаднало, сведувајќи се на 39 лица во 1948 г. Во текот на наредните години во Шеоба останале неколку жители, а во 1961 г. останале само двајца, кои не се изјасниле за нивната етничка припадност.[7] Во текот на 1960-тите селото е сосема напуштено. Според пописот од 2002 година, Шеоба немала ниеден жител.[2] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 215 | — | 39 | —[8] | 2 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 јануари 2021.
- ↑ Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 322. ISBN 9989-862-00-1.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 231. ISBN 954430424X.
- ↑ Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Шеоба — Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)[мртва врска]
- ↑ Вбројано во населението на Џидимирци.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.