Корошишта
Корошишта — село во Општина Струга, во околината на градот Струга.
Географија и местоположба уреди
Селото се наоѓа во североисточниот дел на Струшкото Поле, во подножјето на Караорман.
Историја уреди
Стопанство уреди
Население уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Корошишта живееле 440 жители, сите Албанци.[2]
Според попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.717 жители, од кои 1 Македонец, 1.698 Албанци, 1 Србин и 17 останати.[3]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 1.201 жител, од кои 1 Македонец, 1.179 Албанци, 1 останат и 20 лица без податоци.[4]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 440 | — | 817 | 884 | 925 | 1.075 | 1.217 | 143 | 1.516 | 1.717 | 1.201 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Родови уреди
Корошишта е албанско село.
Според истражувањата на Јован Трифуноски во периодот помеѓу 1977-1979.
Родови во селото се: Каличи (30 к.) доселени се од селото Себишта, Голо Брдо. Во родот се знае следното родословие: Абиб (жив на 40 г. во 1980 година) Шабан-Џемаил-Рустем, основачот на родот кој се доселил; Лешко (15 к.) доселени се од селото Лисичани, Голо Брдо, го знаат следното родословие: Скендер (жив на 72 г. во 1980 година) Азис-Далип-Каплан, се доселил споменатиот Далип кој живеел 120 години; Борова (12 к.) доселени се од селото Борово, Голо Брдо; Којовец (13 к.) доселени се од селото Којовец, Голо Брдо (Дебарско); Дока (5 к.) доселени се однекаде, старото презиме им е Нурелар; Абдулаји (15 к.) и Коџаџику (11 к.) доселени се од селото Коџаџик, Дебарско. Потеклото им е турско.[9]
Според истражувањата на Бранислав Русиќ од крајот на 1940-тите.
- Родови во селото се: Коџа (2 к.) најстар род во селото, за нив некои велат дека се староседелци; Алимлар (3 к.) и Авдула (10 к.) доселени се одамна од Дебарско; Каличи (13 к.) доселени се на почетокот од XIX век од селото Себишта, Голо Брдо; Себиштас (8 к.), Исеилар (4 к.) и Алај (15 к.) исто потекло како и претходниот род, доселени се помеѓу 1800 и 1820 година; Јашарлар (9 к.) порано зборувале македонски, доселени се од селото Јабланица, Дримкол; Борова (6 к.) доселени се од селото Борово во Голо Брдо; Алут (1 к.) доселени се од воглавно торбешкото село Клење, најверојатно се исламизирани Македонци; Коевец (21 к.) доселени се од селото Којовец, Голо Брдо; Коџаџикас (18 к.) доселени се од селото Коџаџик, Дебарско; Фида (8 к.) доселени се од областа Матија во северна Албанија; Дока (15 к.) доселени се од блиското село Поум околу 1845 год; Лога (1 к.) доселени се одма после претходниот род од истото село; Ќирос (1 к.), Ајдери (1 к.), Деко (1 к.), Ќафелар (1 к.), Куртиш (1 к.), Назмин (1 к.), Махмуд (1 к.) и Муса (1 к.) доселени се заедно во 1923 година од селото Песочани, Дебрца; Влаши (1 к.) доселен во 1947 година од селото Велешта; Исеин Тефик (1 к.) Ром е. Доселен како ковач од селото Волино, не се знае подалечното потекло.[10]
Општествени установи уреди
Самоуправа и политика уреди
Културни и природни знаменитости уреди
Редовни настани уреди
Личности уреди
Култура и спорт уреди
Иселеништво уреди
Наводи уреди
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 252.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. САНУ. ISBN 8670251582. OCLC 466478840.
- ↑ 10,0 10,1 Русиќ, Бранислав. Струшко Поле-Корошишта. Архивски фонд на МАНУ АЕ 88/1.