Долно Каласлари

село во Општина Велес

Долно Каласлари (или Долно Караслари) — село во Општина Велес, во областа Клепа, во околината на градот Велес.

Долно Каласлари
Долно Каласлари во рамките на Македонија
Долно Каласлари
Местоположба на Долно Каласлари во Македонија
Долно Каласлари на карта

Карта

Координати 41°41′18″N 21°50′15″E / 41.68833° СГШ; 21.83750° ИГД / 41.68833; 21.83750
Регион  Вардарски
Општина Велес
Население 410 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 29030
Долно Каласлари на општинската карта

Атарот на Долно Каласлари во рамките на општината
Долно Каласлари на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа во источниот дел на Општина Велес, непосредно до новата траса на автопатот Е-75. Селото е рамничарско на надморска височина од 210 метри, и е оддалечено 9 километри јужно од Велес и 38 километри северно од Неготино и 37 километри северно од Кавадарци.

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948226—    
1953385+70.4%
1961330−14.3%
1971347+5.2%
1981404+16.4%
ГодинаНас.±%
1991458+13.4%
1994436−4.8%
2002446+2.3%
2021410−8.1%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Долно Каласлари живееле 110 жители, сите Македонци.[2]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Турци.[3]

Долно Каласлари е средно по големина село, коешто во 1961 година броело 330 жители, од кои 309 Македонци, 18 Албанци, 1 Србин и само 2 останати. Во 1994 година бројот се зголемил на 436 жители, од кои 435 биле Македонци и само еден останат.

Според пописот од 2002 година, во селото живеат 446 жители, од кои 443 Македонци, 1 Србин и само 2 останати.[4]

Од демографски асект е интересно тоа што за разлика од Горно Каласлари каде мнозинството се Албанци и бројот на населението опаѓа, овде во Долно Каласлари живеат само Македонци и бројот на население расте.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 410 жители, од кои 335 Македонци, 3 Албанци, 1 Србин и 71 лице без податоци.[5]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[6]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. б.п. Вкупно
1948 226
1953 76 307 2 ... 385
1961 309 18 ... ... 1 ... 2 330
1971 327 9 10 ... 1 ... 347
1981 395 2 ... 7 404
1991 457 1 458
1994 435 1 436
2002 443 1 2 446
2021 335 3 1 71 410

Стопанство

уреди

Со развојот на мали претпријатија и формирањето на индустриска зона на излезот од Велес кон Прилеп, многу стопанственици отвориле свои фирми во и околу Долно Каласлари. Најзначаен трговски центар е „Оlympus Plaza“ - Велес со седиште во Долно Каласлари со вкупно 3000 работници. Потоа други значајни фирми се: „АУТОЛ-М“ (сервис за автомобили), „Мотел Македонија“, „Макоил“, „Макпетрол“ и некои други помали фирми.

Самоуправа и политика

уреди

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 2193 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница. Во ова избирачко место е опфатено и селото Горно Каласлари.[7]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 396 гласачи.[8]

Културни и природни знаменитости

уреди
Археолошки наоѓалишта
  • Тумба — тумул од железно време
  • Чука — наоѓалиште од непознат тип од предримско време
Палеонтолошко наоѓалиште

Палеонтолошко наоѓалиште кој се наоѓа околу 3 км југоисточно од Велес во близина на селото Каласлари. Фосилното наоѓалиште е откриено во 1973 година при изградбата на автопатот Велес - Гевгелија. По богатството на пронајдените фосилни цицачи (коњи, газели, сабјозаби мачки. жирафи, свињи, кучиња и др.), ова наоѓалиште се вбројува во едно од најпознатите кои досега се откриени во светот. Површината на заштитениот простор изнесува 148 ха.

Редовни настани

уреди

Во Д. Каласлари на ден 6 мај секоја година се прославува славата Ѓурѓовден. Веќе неколку години наназад на овој ден се одржува и турнир во мал фудбал, каде што учествуваат повеќе од 15 екипи од различни места.

Поврзано

уреди

Иселеништво

уреди

Од селото иселеништво има во Турција, каде се иселило турското население.

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 157. ISBN 954430424X.
  3. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  4. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Архивирано од изворникот на 2012-03-24. Посетено на 24 март 2016.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  5. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  6. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
  7. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  8. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски

уреди