За други значења на поимот „Самоков“, видете ја страницата за појаснување.

Општина Самоков — рурална поранешна општина во Македонија, основана 1996 година[2], а престанала да постои со законот за територијална поделба на Македонија од 2004 година, кога била припоена на Општина Македонски Брод. Седиште на општината било селото Самоков[2].

Општина Самоков
денес дел од Општина Македонски Брод

Поглед кон селото Самоков.

Местоположба на поранешната општина Самоков.
Грб на Општина Самоков
Грб
Општи податоци
Седиште Самоков
Регион Југозападен Регион
Основана 1913, 1996-2004
Службен јазик македонски
Демографија
Население 1553[1] жит.
Населени места
Народности Македонци
Самоуправа
Контактни податоци

Територијата на општина се наоѓала во регионот Горно Порече, и заземала речиси една половина од областа Порече. Најголема река во општината била реката Треска. Општината граничела со: Општина Македонски Брод на југ, Општина Осломеј на југозапад, Општина Србиново и Општина Чегране на запад, Општина Брвеница на северозапад, Општина Желино на север, Општина Сопиште и Општина Студеничани на североисток и Општина Богомила на исток[1]

Демографија

уреди
 
Камбанаријата во селската црква во Самоков.
Население

Општина Самоков, според пописот од 2002, имала вкупно 1553 жители, 602 домаќинства и 1450 живеалишта[1]. Најголемо населено место било селото Самоков со 388 жители, а најмали биле Волче и Тажево со 7 жители[1]. Според етничката припадност, во општината живееле[1]: 1543 Македонци, 6 Срби и 4 жители попишани во рубриката останати.

Јазик

Доминантен јазик во општината бил македонскиот, каде од 1553 жители, 1541 жител се изјаснил дека македонскиот му е мајчин јазик. Покрај македонскиот, српскиот јазик го зборувале 6 лица и дополнителни 6 лица зборувале на останати јазици[1].

Религија

Во поглед на религијата, православието била доминантна религија во општината. Од вкупно 1553 жители, 1525 жители биле следбеници на православието (МПЦ-ОА), 2 жители се изјасниле како следбеници на католицизмот и 26 жители се изјасниле како следбеници на некои од останатите религии[1].

Населени места

уреди

Најголемо населено место во општина било селото Самоков. Во општината се наоѓале следните населени места:[2]: Ковач, Бенче, Битово, Близанско, Брест, Волче, Горно Ботушје, Долно Ботушје, Зркле, Заград, Звечан, Здуње, Калуѓерец, Ковче, Косово, Лупште, Могилец, Тажево, Брезница, Белица, Рамне, Растеш, Требовље, Инче, Самоков и Сушица.

Стопанство

уреди

Општина Самоков била воглавно земјоделска општина. Главни стопански гранки во општината биле земјоделството шумарството и сточарството. Значаен индустриски објект во општината била фабриката Сувенир. Денес на територијата на некогашната општина се наоѓа хидроцентралата „Козјак“.

Историја на општината

уреди

За време на српската окупација на Македонија 1912 - 1940 година, Порече се наоѓало во рамките на Кралството Србија а подоцна во рамките на Кралството Југославија. Оваа област припаѓала на Поречкиот Срез на чие чело стоел началник на срезот. Срезот бил составен од тогашните општини: Брод, Дебреште, Растеш, Самоков и Пласничко-Рабетинска општина. Претседателите на општините биле поставувани со декрет.

После Втората светска војна, административно, територијата на општината Самоков потпаѓа под Охридската околија.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 2012-08-28.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Закон за територијалната поделба на Република Македонија и определување на подрачјата на единиците на локалната самоуправа, "Сл. Весник на Република Македонија" бр. 49/96 од 14.09.1996 година“.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди