Тројкрсти

село во Општина Прилеп

Тројкрсти — село во Општина Прилеп, во областа Пелагонија, во околината на градот Прилеп. Притеснето со коритото на Црна Река на југ и возвишението Бедем од север. Се наоѓа на железничката пруга, стигнувајќи до Скопје.

Тројкрсти

Поглед на дел од селото Тројкрсти

Тројкрсти во рамките на Македонија
Тројкрсти
Местоположба на Тројкрсти во Македонија
Тројкрсти на карта

Карта

Координати 41°14′12″N 21°24′30″E / 41.23667° СГШ; 21.40833° ИГД / 41.23667; 21.40833
Регион Прилепско Поле
Општина  Прилеп
Население 39 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 20105
Слава Духовден
Тројкрсти на општинската карта

Атарот на Тројкрсти во рамките на општината
Тројкрсти на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Тројкрсти — село во средишниот дел на Пелагонија, во Прилепкото Поле. Селото е притеснето со коритото на Црна Река од југ и возвишението Бедем (646 м) од север. Околни населби се: Чепигово, Тополчани, Загорани и Новоселани. Оддалечено е 21 километар југозападно од Прилеп и 28 километри северно од Битола.

Историја

уреди

Според народната традиција, денешното село Тројкрсти настанало кон крајот на XVIII век.[2] Тогаш овде се населиле три христијански семејства, од кои потекнуваат денешните родови: Ржанковци, Ѓоревци и Ѓелдимовци.[2] Останатите родови се населиле во текот на XIX и XX век. За време на турското ропство Тројкрсти било рајатско село. Жителите обработувале малку земја на возвишението Бедем, а земјата десно од Црна Река била блато. Кон крајот на XIX век некој ага од селото Чепигово по рамното земјиште отворил канал и блатото се исушило.[2] Оттогаш жителите започнале да обработуваат земја и од десната страна на Црна Река. Од 1900 година две албански семејства од Пресил во Тројкрсти купиле малку земја со намера тука да основаат чифлици, меѓутоа со крајот на турското ропство во 1912 година не успеале во тоа.[2]

Во XIX век, Тројкрсти било село во Прилепската каза на Отоманското Царство.

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948211—    
1953230+9.0%
1961268+16.5%
1971258−3.7%
1981203−21.3%
ГодинаНас.±%
1991102−49.8%
199497−4.9%
200281−16.5%
202139−51.9%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Тројкрсти живееле 150 жители, сите Македонци.[3] Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 112 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Тројкрсти се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 15 куќи.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[6]

Тројкрсти, според намалувањето на бројот на населението, преминало од средно во мало село. Така, во 1961 година броело 268 жители, а во 1994 година 97 жители, македонско население.

Според пописот од 2002 година, во селото Тројкрсти живееле 81 жител, сите Македонци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 39 жители, од кои 36 Македонци, 1 Србин и 2 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 150 112 211 230 268 258 203 102 97 81 39
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови

уреди

Тројкрсти е македонско православно село.

Според истражувањата од 1955 година, родови во селото се:

  • Доселеници: Ржанковци (5 куќи) доселени се однекаде; Ѓоревци (9 куќи) потекнуваат од предокот Секула. Доселени се од соседното село Тополчани, го знаат следното родословие: Цветан (жив на 75 г. во 1951 година) Божин-Ѓорге-Атанас-Секула кој се доселил во селото; Шоповци (2 куќи) доселени се од околината на Крива Паланка. од Кривопаланечко се доселил предокот Дамче; Николевци (3 куќи) доселени се од селото Белче во Железник; Кромидовци (1 куќа) за нив се вели дека шетале секаде, овде дошле од Ерековци; Дадевци (3 куќи) доселени се од Шелеверци; Поповци (1 куќа) доселени се од Бешиште во Мариово; Тражевци (2 куќи) доселени се од Новоселани; Чарлинци (1 куќа) доселени се од Чарлија.[2]

Самоуправа и политика

уреди

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 1504 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 54 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитости

уреди
Цркви
Археолошки наоѓалишта

Личности

уреди

Иселеништво

уреди

Постари иселеници има во Врбјани (Србиновци), Крушеани (Турникаповци), Дупјачани (Тошевци). Родот Ѓелдиновци целосно се иселил во Прилеп. Некаде се иселиле и Чкоревци.[2]

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Ф. Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина (српски). Српска академија наука и уметности. стр. 138–139.
  3. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 247.
  4. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 148-149.
  5. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 20.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Архивирано од изворникот на 2012-03-24. Посетено на 7 мај 2013.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 315. ISBN 9989649286.

Надворешни врски

уреди