Могорче
Могорче — село во Општина Дебар, во областа Мала Река, во околината на градот Дебар. Селото е населено со Македонци-муслимани, Мијаци, од кои дел се изјасниле како Турци, поради политичко-религиски причини. Крај селото се наоѓа прочуениот мост Елен Скок.
Могорче | |
![]() Панорамски поглед на селото | |
Координати 41°31′50″N 20°37′23″E / 41.53056° СГШ; 20.62306° ИГДКоординати: 41°31′50″N 20°37′23″E / 41.53056° СГШ; 20.62306° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Население | 1794[1] жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 1250 |
Повик. бр. | 046 |
Шифра на КО | 08026 |
Надм. вис. | 972 м |
Мреж. место | Могорче |
![]() |
Географија и местоположбаУреди
Селото Могорче се наоѓа во западниот регион на Македонија, поточно во Мијачијата попознат како Мала Река. Селото се наоѓа во подножјето на планината Стогово, односно под падините на планината Маруша, од левата страна на реката Радика. Селото е планинско, на надморска височина од 1020 метри. Од градот Дебар населбата е оддалечена 14,5 километри. Атарот зафаќа простор од 12,8 км2. на него преовладуваат шумите на површина од 740 ха, на пасиштата отпаѓаат 270 ха, а на обработливото земјиште 176 ха. Според, тоа селото има, во основа, мешовита аграрна функција.
ИсторијаУреди
Според податоците од 1873 година, селото имало 50 домаќинства со 18 жители муслимани (Македонци) и 120 христијани (Македонци).[2] Во трудот „Галичник и Мијаците“ од Риста Огњановиќ-Лоноски, тој запишал дека исламизацијата на село Могорче се случила во 1877 година, кога во селото дошле Албанци, зулумќари и арамии, од селата Црнилиште и Десово од Прилепско.[3]
НаселениеУреди
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Могорче живееле 786 жители, сите Македонци (770 муслимани и 16 православни).[4]
Могорче е имиграциона населба, која што прераснала од средна, во голема селска населба. Така, селото во 1961 година броело 788 жители, од кои 764 биле Турци, 10 Албанци и 13 жители Македонци, а во 1994 година 1630 жител, од кои 935 се Македонци, 169 Турци и 525 жители се декларирале како - други (муслимани).
Според пописот од 2002 година селото броело 1.794 жители[5], од кои:
Националност | Вкупно |
Македонци | 1.408 |
Турци | 376* |
Роми | 1 |
Албанци | 1 |
Власи | 0 |
Срби | 0 |
Бошњаци | 1 |
останати | 7 |
На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[6]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 786[4] | 688 | 652 | 703 | 788 | 1.089 | 1.297 | 1.642 | 1.630 | 1.794 |
Културни и природни знаменитостиУреди
- Археолошки наоѓалишта[7]
- Богородица — средновековна црква;
- Вранска Краста — доцноантичка фортификација;
- Кошари — некропола од римско време;
- Николица — средновековна населба и некропола;
ИселеништвоУреди
По завршувањето на Втората светска војна (1941-1945), селото доживувало големи промени во поглед на миграцијата. Од 1959 до 1971 година имало голема преселба на жителите на селото во Турција. Економската миграција се случувала во периодот од 1965 кон Австрија, а од 1968 па сѐ до 1980 кон Германија, кога стагнирала до 1992 година. За време распадот на СФРЈ, жителите на Могорче биле на крстопат кој пат да го фатат, така од 1992 до денес најзастапена е економската, но и семејната миграција кон Италија.
Самоуправа и политикаУреди
Избирачко местоУреди
Во селото постојат избирачките места бр. 477 и 477/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место е опфатено и селото Гари.[8]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 1.725 гласачи.[9]
ГалеријаУреди
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 30 март 2013.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.170-171.
- ↑ Ристовска-Јосифовска, Билјана (2013). „Риста Огњановиќ-Лоноски за македонската историја и култура (дискурс од првата половина на XX век)“. Во Луческа, Ели; Димески, Звонко (уред.). 105 години од раѓањето на Јозеф Обрембски. Институт за старословенска култура - Прилеп, Институт за словенска филологија УАМ - Познањ. стр. 213. ISBN 978-608-4523-06-2.
- ↑ 4,0 4,1 Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.263.
- ↑ „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2008-09-15. Посетено на 2007-10-02.
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врскиУреди
- Могорче на Ризницата ?
- Портал на Могорче
- Сателитска снимка на Могорче на Карти на Гугл