Тануше

село во Општина Маврово и Ростуше

Тануше — село во Општина Маврово и Ростуше, западна Македонија.

Тануше

Поглед на селото Тануше

Тануше во рамките на Македонија
Тануше
Местоположба на Тануше во Македонија
Тануше на карта

Карта

Координати 41°43′19″N 20°34′22″E / 41.72194° СГШ; 20.57278° ИГД / 41.72194; 20.57278
Регион  Полошки
Општина  Маврово и Ростуше
Област Горна Река
Население 2 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1256
Повик. бр. 042
Шифра на КО 07079
Надм. вис. 1260 м
Тануше на општинската карта

Атарот на Тануше во рамките на општината
Тануше на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Селото е сместено во областа Горна Река, под планината Кораб. Атарот зафќа 16,7 км2 и се протега сè до врвот на планината.[2] Целата западна страна на атарот се граничи со Албанија.

Западно од селото, во повисоките делови на атарот, течат Бабин Поток (Прои и Бабес) и Изворски Поток, кои потоа се спојуваат, образувајќи ја Рибничка Река. Таа во свиок го заобиколува селото од север и исток, и продолжува на југоисток крај селата Грекање и Рибница.

Историја

уреди

Сите села во Горна Река порано биле македонски. Во XIX век, Тануше како и останатите села во областа биле во процес на албанизација. Во XIX век Тануше било албанско село во Реканската каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Тапушани (Tapouchani) е село со 50 домаќинства сочинети од 126 жители; од нив 51 биле Албанци муслимани и 75 Албанци православни.[3]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Танушане веќе било наполно муслиманско село и имало 350 жители Арнаути.[4] Се поставува прашањето колкав дел од нив биле вистински Албанци доселени од Албанија, а колку биле албанизирани (или неалбанизирани) Македонци.

Стопанство

уреди

Тануше има сточарско-шумарско стопанство. Според податок од 1998 г. атарот опфаќа 1.204 ха пасишта, 402 ха шуми и само 51 ха обработливо земјиште.[2]

Население

уреди

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Танушани се води како чисто албанско село во Реканската каза на Дебарскиот санџак со 80 куќи.[5]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948215—    
1953257+19.5%
1961288+12.1%
1971330+14.6%
1981345+4.5%
ГодинаНас.±%
19913−99.1%
199489+2866.7%
200216−82.0%
20212−87.5%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Албанци и 50 Македонци.[6]

Населението на Тануше опаднало во првиот период на XX век, но по Втората светска војна тоа почнало да се опоравува. Селото се зголемувало во текот на наредните децении за да опадне на само 89 жители во првата половина на 1990-тите, а потоа да се намали за 5,5 пати во наредните години. Интересно е да се забележи дека во 1953 г. се заведени 17 лица кои се изјасниле како Македонци,[7] што значи дека сè уште имало жители со македонска свест.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 16 жители, сите Албанци.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, сите Албанци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 350 215 257 288 330 345 3[9] 89 16 2
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]


Општествени установи

уреди
  • Танушка џамија
  • Основно училиште

Личности

уреди

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 293. ISBN 9989-862-00-1.
  3. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 174-175.
  4. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 264. ISBN 954430424X.
  5. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 49.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. Тануше — Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)[мртва врска]
  8. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  9. Населението на селото го бојкотирало пописот од 1991 г. и во него учествувале (и се попишани) само тројца жители.
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.

Надворешни врски

уреди