Мрзен Ораовец
Мрзен Ораовец — село во Општина Росоман, во областа Тиквеш, во околината на градот Кавадарци.
Мрзен Ораовец | |
Регион | ![]() |
Општина | Росоман |
Население | 2 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 11030 |
Надм. вис. | 411 м |
![]() |
Географија и местоположба уреди
Селото се наоѓа во Тиквешијата, оддалечено 20 километри западно од Кавадарци и 12 километри југозападно од Росоман.
Историја уреди
Подрачјето на Мрзен Ораовец е населено уште од древномакедонско време, за што сведочат остатоците од утврдената населба Падарница на 2 км југоисточно од селото.[2]
Во XIX век селото било дел од Тиквешката каза на Отоманското Царство.
Во селото е пронајден Тиквешкиот зборник, ракописен текст од XVI век.
Стопанство уреди
Население уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Мрзен Ораовец живееле 620 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Мрзен Ораовец имало 480 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
Според пописот од 2002 година селото имало само 5 жители, сите Македонци.[5]
Според пописот од 2021 година, во селото живееле само 2 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 620 | 480 | 429 | 399 | 301 | 179 | 97 | 25 | 14 | 5 | 2 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Родови уреди
Како родови во Мрзен Ораовец се споменуваат:[10]
- Староседелци: Ничовци (7 к.), Ицовци (1 к.), Илевци-Чашковци (2 к.), Пашевци (1 к.), Мишевци-Здравевци (4 к.) и Трљичовци (1 к.)
- Доселеници: Чочановци (6 к.), Арбовци (2 к.), Ќимовци-Бошковци (9 к.), Миновци (9 к.), Антовци (11 к.) и Тасевци (10 к.) сите овие родови се доселени во XVIII век од раселеното блиско село Даба. Само на родовите Антовци и Тасевци подалечното потекло им е од Дебарско Анѓушовци (1 к.) доселени се на крајот на XVIII век од околината на Призрен во Косово; Димовци (9 к.) доселени се во XVIII век од селото Радња; Јуруковци (2 к.) доселени се од јуручкиот предел кај Радовиш, од преку Вардар; Ордановци-Анѓелмевци (7 к.) и Симуновци (3 к.) доселени се од селото Житолуп во 1834 година; Сеџовци (1 к.) доселени се од селото Возарци во 1850 година; Мурговци-Мантевци (4 к.) доселени се од селото Сирково околу 1860 година; Филиповци (1 к.) доселени се во 1886 година од селото Сирково.
Општествени установи уреди
Самоуправа и политика уреди
Избирачко место уреди
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 718 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште на селото Камен Дол.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 69 гласачи.[12]
Културни и природни знаменитости уреди
- Цркви
- Црква „Св. Никола“ од XVI или XVII век
- Археолошки наоѓалишта
- Баток — населба од римско време
- Марков Стап — рудник за мермер од римско и доцноантичко време
- Падарница — утврдена населба од хеленистичко и римско време
- Св. Илија — населба и некропола од доцноантичко време
Редовни настани уреди
Личности уреди
Култура и спорт уреди
Иселеништво уреди
Наводи уреди
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 155. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900. стр.155
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 104 – 105.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Рајец.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.