Бели
Бели — село во Општина Кочани, во областа Осоговија, во околината на градот Кочани.
Бели | |
Поглед на Бели | |
Координати 41°55′42″N 22°22′48″E / 41.92833° СГШ; 22.38000° ИГД | |
Регион | Источен |
Општина | Кочани |
Област | Осоговија |
Население | 354 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2300 |
Повик. бр. | 033 |
Шифра на КО | 13003 |
Надм. вис. | 370 м |
Слава | Спасовден |
Бели на општинската карта Атарот на Бели во рамките на општината | |
Бели на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиБели се наоѓа на падините на Осоговските Планини, оддалечено неколку километри северозападно од Кочани. До селото се стигнува по асфалтот кој продолжува до Пониква. Патот кој води кон средишниот дел на селото понатаму продолжува до повисоките села Нивичани, Пантелеј и Рајчани. Селото се наоѓа на надморска височина од 370 м. Селскиот атар зафаќа површина од 15,5 км2.[2]
Месоностите во селскиот атар се познати како: Елењак (Олењак), Сламарник, Калуѓерица, Раковиќ, Тупанец, Гроотина, Карагудица, Градиште и Црквиште. Селото е од збиен тип и е поделено на четири маала: Горно, Средно, Долно и Кметско Маало. Првите три маала се десно од селскиот поток, а четвтртото е лево од него. Во селото има четири чешми од кои селото се снабдувало со вода за пиење. Тие се наречени: Долна, Средна, Баба Ружина и Војводик.[3]
Историја
уредиБели е старо село, а тоа се забележува и по зачуваните старински родови. Се претпоставува дека селото потекнува од средината на IX век и дека го основале Словени кои го примиле христијанството неколку декади подоцна. Во минатото, жителите на селото моале да работат во злетовските рудници, а тој период траел околу 30-40 години.[3]
Мештаните многу зборуваат за ајдукот Черго, кој бил родум од селото во родот на Чергоски. Тој имал дружина со која во средината на XIX век ги пљачкал богатите Турци и Македонци. Во неговата дружина имало и еден муслиман од селото Калиманци, кој му кажувал на Черго кои Турци биле богати. Поради тоа, некои побогати жители морале да го напуштат селото и да се преселат во Кочани. Некој Елмаз-бег со својата чета се судрил со Черговата дружина во планинското село Лаки. Споменатиот бег во селото ја донел Черговата глава и уште шест глави на неговите другари. По тој повод, кочанските Турци приредиле голема слава.[3]
Во периодот по 1878 година, по споменатиот Черго како ајдук се одметнал и Миајл Циганкар, кој бил доселеник од Гратче. Тој бил силен и раздразлив човек. Станал ајдук поради тоа што некој селанец Стојмен му се испречил на патот. Мијал имал чета од десетина другари. Со нив ги уценувал жителите и на своето село. На некој Ѓорѓи Кметовски му го грабнал синот и за негов откуп барал пари, џоки, опинци, чорапи и леб. Подоцна, во селото Саса, Миајл убил некој Алексо од Бели, кој бил во неговата дружина. Сопругата на Мијал Циганкар живеела во Ќустендил до 1916 година.[3]
На 9 ноември 1909 година, при претрес на Георги Стојанов била пронајдена пушка од типот на мартинка и во настанатата престрелка биле убиени началникот и брат му. Селото било целосно претресено од војници, а биле приведени 30 лица.[4] Во септември 1910 година, селото настрадало во разоружувачка акција на младотурците, а притоа 8 лица биле приведени и тепани.[5]
Во Првата балканска војна, 19 лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети.[6]
Стопанство
уредиСелото има полјоделско-сточарска функција. Во рамките на неговиот атар преовладуваат пасиштата на површина од 901 ха, обработливото земјиште зафаќа површина од 498,2 ха, а на шуми отпаѓаат 50 ха.[2]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Бели живееле 400 жители, сите Македонци.[7] По податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Бели имало 576 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[8]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 550 Македонци.[9]
Во текот на XX век е забележителен значителен пад на бројот на населените, па така селото преминало од голема во средна населба.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Бели живеат 466 жители, сите Македонци.[10]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 354 жители, од кои 342 Македонци и 12 лица без податоци.[11]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 400 | 576 | 706 | 778 | 846 | 726 | 486 | 467 | 454 | 466 | 354 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]
Родови
уредиБели е македонско село.
Родови во селото се: Мијовци (9 к.), Рајковци (8 к.), Шотовци (7 к.), Кметовци (6 к.) и Поповци (3 к.) кои се староседелски родови; Столевци (12 к.), Јанчевци (1 к.), Черговци (9 к.), Ќосевци (13 к.), Кршовци (8 к.), Маковци (5 к.), Дуритски (2 к.), Лаговци (4 к.), Гулковци (3 к.), Мутовци (2 к.) и Каракаши (1 к.) кои се доселени, но непознато е од каде; Дедо-Цековци (3 к.) и Лешки (2 к.) кои се доселени од селото Лешки; Шоповци (3 к.) кои се доселени од селото Козбунар на Плачковица.[3]
Иселеништво
уредиОд селото се иселиле родовите Утмански и Начески, а нивните куќи биле во Кметско Маало. Начески се преселиле во Штип, а Утмански не е познати каде заминале. Познато е дека некој предок од тој род бил надгледувач на рудник кај селото Злетово. Во поново време, во Кочани се преселиле родовите: Мијовци, Лагоски, Рајкоски, Лугоски и Ќосевци; во Виница се преселиле Ќосевци; и во Скопје се иселиле: Рајковци, Кршовци, Мијовци и Черговци. Забележително е иселување и во кочанските села. Така, во Мојанци заминале: Дуритци, Черговци и Рајковци; во Грдовци: Џебовци, Шоповци и Черговци; во Оризари: Ќосевци и Ушковци; во Долни Подлог: Столески, Ќосевци и Шоповци: и во Облешево отишле Беличани.[3]
Општествени установи
уредиВо селото работи подрачното основно училиште „Кирил и Методиј“, каде што се изведува настава до петто одделение. Освен тоа, во селото има продавници и угостителски објекти.[2]
-
Основното училиште
-
Влезот на училиштето
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во рамките на Општина Кочани од 1955 година.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Нивичани.
Во XIX век, Бели било дел од Кочанската каза на Отоманското Царство.
Избирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 867 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[16]
На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 347 гласачи.[17]
Културни и природни знаменитости
уреди- Војновица — населба со некропола од римско време;
- Гноиште — населба и некропола оддоцноантичко време;
- Градиште — градиште од доцноантичко време;
- Тодорица — населба од неолитско и доцноантичко време;
- Црквиште.
- Манастири
- Природни реткости
- Белски Даб — стар даб во дворот на манастирот.
- Реки
- Цркви
- Црква „Вознесение Христово“ — главна селска црква;
- Црква „Св. Илија“ — манастирска црква;
- Црква „Св. Петка“ — понова црква.
Личности
уреди- Родени во Бели
- Тројан Иванов (? — 1926) — македонски револуционер и деец на ВМРО.
Галерија
уреди-
Куќи во селото
-
Сретселото
-
Селските гробишта
-
Селото со Кочанско Поле во позадина
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (PDF). Скопје: Патрија. стр. 23-24.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Трифуноски, Јован (1970). Кочанска котлина — сеоска насеља и становништво. Скопје: Универзитетска печатница. стр. 58–60.
- ↑ Дебърски глас, година 1, брой 34, 21 ноември 1909, стр. 3.
- ↑ Дебърски глас, година 2, брой 22, 18 септември 1910, стр. 3.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 829.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 227.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рp. 132-133.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 30 март 2021.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“ (PDF). Посетено на 30 март 2021.
- ↑ „Парламентарни избори 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 1 април 2021.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. ISBN 9989649286.