Дренок (Струшко)

село во Општина Струга

Дренок — село во областа Дримкол, во Општина Струга, на патот помеѓу градовите Струга и Дебар.

Дренок

Поглед на селото Дренок

Дренок во рамките на Македонија
Дренок
Местоположба на Дренок во Македонија
Дренок на карта

Карта

Координати 41°23′29″N 20°33′38″E / 41.39139° СГШ; 20.56056° ИГД / 41.39139; 20.56056
Регион  Југозападен
Општина  Струга
Област Дримкол
Население 19 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6337
Повик. бр. 046
Шифра на КО 26019
Надм. вис. 1095 м
Дренок на општинската карта

Атарот на Дренок во рамките на општината
Дренок на Ризницата

Географија и местоположба

уреди
 
Стара куќа во селото

Селото се наоѓа во областа Дримкол, во крајниот северозападен дел на територијата на Општина Струга, на источните огранки на планината Јабланица, чиј атар се допира со државната гранична линија со Албанија.[2] Од оваа причина понекогаш се вбројува во областа Голо Брдо. Селото е планинско, на надморска височина од 1.095 метри. Од градот Струга е оддалечено 34 километри.[2]

Селото се наоѓа во областа Дримкол, на североисточните падини под врвот Радуч на планината Јабланица.

Соседни села на селото Дренок се: Гиновец од запад, Требишта и Долгаш од север и североисток, Буринец од исток, и Модрич од југ.

Историја

уреди
Спомен-плоча во чест на 55. годишнината од основањето на НОО Дренок
Спомен-плоча во чест на 95. годишнината од основањето на месен комитет на ВМРО

Во XIX век, Дренок било село во рамките на Дебарската Каза на Отоманското Царство.

Во 1902 година, во селото бил создаден месен комитет на ВМРО. Во 1943 година, пак, бил создаден народноослободителен одбор во селото.

Стопанство

уреди

Атарот зафаќа простор од 7,4 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 610,7 хектари, на пасиштата отпаѓаат 55 хектари, а на обработливото земјиште само 39,3 хектари.[2]

Селото, во основа, има мешовита функција.

Население

уреди
 
Зетовска носија од с. Дренок, Дебарски Дримкол, 20-ти години на XX век
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948284—    
1953262−7.7%
1961144−45.0%
197122−84.7%
198113−40.9%
ГодинаНас.±%
19914−69.2%
19942−50.0%
20022+0.0%
202119+850.0%

Според податоците од 1873 година, селото имало 150 домаќинства и 480 жители мажи.[3]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Дренок имало 500 жители.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Дренок имало 512 жители.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[6]

Селото е мало, во фаза на целосно раселување. Во 1961 година броело 144 жители, додека во 1994 година селото имало само двајца жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Дренок живееле 2 жители, сите Македонци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 19 жители, од кои 18 Македонци и 1 Србин.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 500 512 284 262 144 22 13 4 2 2 19
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови

уреди

Дренок е македонско село.

Според истражувањата од периодот меѓу 1935/37 година родови во селото се:

  • Староседелци: Трајановци или Трановци (19 к.) и Танасковци (4 к.), Тодоровци (1 к.), Трпеновци (1 к.), Мишановци (1 к.), Грујовци или Перчуковци (2 к.), Гулимановци (4 к.), Гаџовци (11 к.), Дуковци (3 к.) и Ѓуровци (3 к.) помеѓу староседелските родови има и еден домазет од Себишта.
  • Доселеници: Башовци (3 к.) доселени се од соседното селото Гиновец (денес во Албанија), во Гиновец имаат роднини муслимани; Гуговци (1 к.) доселени се од селото Гугово кај Солун/Воден; Чупевци (1 к.) они се многу стар род во селото, и за тоа не знаат точно од каде се доселени; Чижбановци (4 к.) доселени се од селото Извор во Голо Брдо (Албанија); Петановци (2 к.) доселени се пред околу 170 години од селото Луково; Оручевци (2 к.) доселени се од Радоежда и Макелари од другата страна на границата во Долен Дебар (денес Албанија); Божиновци (2 к.) доселени се најверојатно од селото Луково; Спанчевци или Кузмановци (2 к.) доселени се од селото Стеблево, Голо Брдо таму имаат род под името Спанчевци; Стојковци (1 к.) доселени се пред војната од 1912, се доселил Трпко со неговата мајка од селото Требишта, Голо Брдо. А во Требишта се доселиле од некое село во Дебрца, од каде избегал дедото Стојко, најпрво во Дебар, па во Требишта; Драповци (1 к.) доселени се од селото Стеблево, Голо Брдо во 1920 година.[12]

Општествени установи

уреди
  • Поранешно основно училиште
  • Касарна на АРМ — затворена во 2005 година и подоцна пренаменета во ловиште, користена од ловното друштво „Нерез“ од селото Безово[13]

Самоуправа и политика

уреди

Селото влегува во рамките на Општина Струга, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Луково.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струга. Селото припаѓало на некогашната општина Струга во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 селото припаѓало на тогашната општина Луково.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Манастирец, во која покрај селото Дренок, се наоѓале и селата Буринец, Модрич, Отишане, Селци и Џепиште. Во периодот 1950-1952 година, селото Дренок било дел од некогашната општина Модрич, во која влегувале селата Дренок и Модрич.

Избирачко место

уреди

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1886, сместено во селото Модрич, кое според Државната изборна комисија е сместено во основното училиште во Модрич.[14]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 22 гласачи.[15] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 21 гласач.[16]

Културни и природни знаменитости

уреди
 
Главната селска црква „Рождество на Пресвета Богородица“
Археолошки наоѓалишта[17]
Цркви
Реки[19]

Личности

уреди
Родени во Дренок

Иселеништво

уреди

Како и од многу села во Македонија, така и од ова село има многу иселено население. Некои родови од ова село се изумрени како: Џунгуловци, Бутиновци, Журловци, Николовци, Илијевци, Љушовци (од кои некои избегале во Битола).[12]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 115. Посетено на 23 октомври 2018.
  3. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 172-173.
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 261.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 184-185.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 23 октомври 2018.
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. 12,0 12,1 12,2 Филиповиħ, Миленко. С. Голо Брдо. Белешке о насељима, пореклу становништва, народном животу и обичаjима, Скопље 1940,
  13. „Касарна стана ловиште“. Вечер. 4 јули 2010. Посетено на 23 октомври 2018.[мртва врска]
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 23 октомври 2018.
  15. „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-06-10. Посетено на 23 октомври 2018.
  16. „Референдум 2018“. Архивирано од изворникот на 2020-06-10. Посетено на 23 октомври 2018.
  17. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.
  18. Ограбена „Св.Богородица" во село Дренок-струшко. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2013-09-20.
  19. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 28. ISBN 978-9989-2117-6-8.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди