Огњанци
село во Општина Петровец
Огњанци — село во Општина Петровец, во областа Блатија, во околината на градот Скопје.
Географија и местоположбаУреди
Огњанци се наоѓа во областа Блатија, во источниот дел на Скопската Котлина, на околу пет километри од општинскиот центар Петровец и на 18 километри југоисточно од градот Скопје.
ДемографијаУреди
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.142 жители, од кои 543 Албанци, 317 Македонци, 8 Турци, 12 Роми, 256 Срби, 2 Бошњаци и 4 останати. Следува табела на националната структура на населението:[1]
Националност | Вкупно |
Македонци | 317 |
Турци | 8 |
Роми | 12 |
Албанци | 543 |
Власи | 0 |
Срби | 256 |
Бошњаци | 2 |
останати | 4 |
Поголемиот дел од попишаните Албанци се всушност Роми, познати во скопските села под името „Маљуци“, кои го прифаќаат албанскиот јазик и национална свест.
РодовиУреди
Огњанци е мешано село, според истражувањата од 1951 година, родови во селото се:
- Македонски: Савевци (1 к.) они се староседелци; Вучиновци (2 к.) доселени се во турско време од Драчево, таму и сега имаат земја која ја обрадотуваат; Плачковци (5 к.) доселени се од селото Пакошево; Тошевци (1 к.) доселени се од селото Волково; Јаневци (1 к.) доселени се од Усје; Трипун (1 к.) доселени се од Бардовци; Никчевич Павле (1 к.) доселен пред крај на турското владеење од Ново Село; Атанасовци (1 к.) доселени се од Бадар; Станојче (1 к.) доселен од Наово; Николовци (1 к.) доселени се од селото Таор; Милутин (1 к.) доселен од Порече како домазет во 1930 година; Илијевци (1 к.) и Китановци (2 к.) доселени се од Говрлево; Василевци (4 к.) и Боцевци (1 к.) доселени се од селото Горно Соње, таму имале роднини (Милевци), уште подалечно потекло од Дебарско; Цветковци (1 к.) доселени се од селото Говрлево; Јаневци (1 к.) доселени се од Порече; Милошевци (1 к.) доселени се од селото Раштак во Скопска Црна Гора; Кметовци (1 к.) доселени се од селото Побожје во Скопска Црна Гора; Спасовци (1 к.) доселени се од селото Горно Соње; Петровци (1 к.) доселени се од Тиквеш, ги викаат и „Бугарчиња“; Петковци (1 к.) доселени се од селото Петровец; Ѓурчинова Санда (1 к.) дојдена е од Тетово ; Ивановци (1 к.) и Тимосиевци (1 к.) и они се доселени од Тетово; Мицевци (1 к.) доселени се од Ново Село кај Таорска Клисура; Матејевци (1 к.) доселени се од селото Маврово во Гостиварско.
- Српски: Бубало (6 к.), Глушица (1 к.), Репац (1 к.), Кокотовиќи (1 к.) и Чучаковиќи (2 к.) доселени се во 1922 година од Лика во Хрватска како колонисти; Божиновиќи (2 к.) доселени се од околината на Заечар во Србија; Гајиќи (1 к.) доселени се од селото Пепељевац кај Крушевац во Србија; Пауновиќи (1 к.) доселени се од селото Трновац кај Заечар во Србија; Трифуновиќи (1 к.) доселени се од селото Витановац кај Крушевац во Србија.
- Турски: Шериф Суља (2 к.) и Ибраимовци (1 к.) доселени се во 1878 година како мухаџири од Бугарија.
- Албански: Абдуловци (2 к.) доселени се од селото Студеничани околу 1931 година; Јашар (1 к.) и Шабан Осман (1 к.) доселен од Скопје; Фетаовци (2 к.) и Бафти Лиман (1 к.) доселени се од селото Брест на Скопска Црна Гора; Јаировци (2 к.) доселени се од Косово; Шабановци (3 к.) доселени се од селото Танушевци на Скопска Црна Гора; Ќазим Нури (1 к.) доселени се во текот на Првата светска војна од селото Јазирце кај Гнилане во Косово; Ќазим Ајрула (1 к.) доселен е како домазет од некое село во Долен Полог. Повеќето родови подалечно потекло имаат од северна Албанија.
- Поалбанчени Роми: Агушевци (4 к.) доселени се од околината на Урошевац во Косово; Садриовци (1 к.) доселени се од селото Орешани, подалечно потекло од околината на Урошевац; Бајрам Ајдин (1 к.) доселен во 1942 година од селото Трубарево, уште подалечно потекло од околината на Урошевац; Емин (1 к.) доселен од Студеничани, уште подалечно потекло од Косово; Зенуловци (2 к.) доселени се од Косово; Рамо Муртез (1 к.) доселен од околината на Гнилане; Реџеп Максут (1 к.) доселен од Косово; Амет (1 к.) доселен од Трубарево, подалечно потекло од Косово.[2]
Општествени установиУреди
Самоуправа и политикаУреди
Културни и природни знаменитостиУреди
Редовни настаниУреди
ЛичностиУреди
Култура и спортУреди
ИселеништвоУреди
НаводиУреди
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Трифуноски, Јован (1964). Сеоска насеља Скопске котлине. Скопје.