Отушиште

поранешно село во Тетовско, денес маало на Теарце


Отушиште — историско село во Тетовско, денес населба на општинското седиште Теарце, северозападна Македонија.

Отушиште
Отушиште is located in Македонија
Отушиште
Местоположба на Отушиште во Македонија
Координати 42°05′00″N 21°03′17″E / 42.08333° N; 21.05472° E / 42.08333; 21.05472Координати: 42°05′00″N 21°03′17″E / 42.08333° N; 21.05472° E / 42.08333; 21.05472
Регион Полошки
Општина Теарце
Шифра на КО
Надм. вис. 568 м
Отушиште на општинската карта
Отушиште во Општина Теарце.svg

Атарот на Отушиште во рамките на општината
Commons-logo.svg Отушиште на Ризницата

ГеографијаУреди

Отушиште е се наоѓало во Долен Полог — северниот дел на Полошката Котлина, веднаш од левата страна на патот Тетово - Јажинце, на 10 км северно од Тетово. Селото денес е споено со Теарце, кое е на југозапад.

ИсторијаУреди

Црквата „Св. Јован Богослов“ во Отушиште е изградена во XIII век. Селото е споменато во вакуфски документ од 1468-1469 г. како Отушишта.[1] Се смета дека името на селот потекнува на личното име *Хотуш.[2]

Старата џамија во селото е изградена во XIX век.[1]

Бугарскиот учител Андреј Стојанов, кој предавал во Тетово од 1886 до 1894 г. напишал за селото. 60 арнаутски и македонски[3] куќи.[4]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Орушница имала 215 жители Македонци.[3][5] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. сите 160 христијански жители на Отушица (Otuchitza) се Македонци.[3][6]

Со порастот на Отушиште и Теарце, двете села се споиле, и Отушиште станало населба на Теарце.[1]

Верски објектиУреди

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 1,2 „Стара џамија“. Управа за заштита на културното наследство. Посетено на 14 април 2014.
  2. Дуриданов, Иван. Значението на топонимията за етническата принадлежност на македонските говори. в: Лингвистични студии за Македония, София, МНИ, 1996, стр. 179.
  3. 3,0 3,1 3,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  4. Селищев, Афанасий (1929). Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии. София: Издание Македонского Научного Института. стр. 61.
  5. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.210.
  6. D.M.Brancoff. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, стр.122-123.

Надворешни врскиУреди