Општина Чучер-Сандево
Општина Чучер-Сандево (српски: Општина Чучер-Сандево) — општина во северниот дел на Македонија, основана во 1996 година. Седиште на општината е селото Чучер-Сандево. Ова е рурална општина сместена под падините на Скопска Црна Гора. Населена е со население од мешан етнички состав, предоминантно Македонци и Срби. На север и запад се граничи со Република Србија, на југ и исток со Град Скопје, а на североисток со Општина Липково.
Општина Чучер-Сандево | |||
---|---|---|---|
Општина | |||
Држава | Македонија | ||
Регион | Скопски | ||
Година кога е основана со закон | 1996 | ||
Седиште | Чучер-Сандево | ||
Населени места | |||
Управа | |||
• Градоначалник | Сашко Комненовиќ | ||
Површина | |||
• Вкупна | 240,78 км2 (92,97 ми2) | ||
Население (2021)[1] | |||
• Вкупно | 9.200 | ||
• Густина | 38/км2 (99/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+01:00) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+02:00) | ||
Повикувачки број | +02 | ||
Регистарски таблички | SK | ||
Мреж. место | cucersandevo.gov.mk |
Географија
уредиОпштинатата Чучер-Сандево се наоѓа на падините на Скопска Црна Гора, на север од Скопје. Таа зафаќа површина од 235 км2 и има 8.493 жители.
Во состав на општината има повеќе села, од кои најголеми се Бразда, Глуво, Сандево, Мирковци, Чучер, Бањане, Горњане, Кучевиште, Побожје и други. Покрај овие населени места, во општината има и три поголеми викенд населби: Бродец, Сенора и Голиово.
Историја
уредиОпштината како посебна единица на локалната самоуправа била формирана во 1996 година. Во атарот на селото се наоѓа изворот на стариот римски водовод со кој преку аквадуктот се снабдувале со вода римските касарни.
Името на Сандево е добиено од народниот херој од Втората светска војна, Александар Урдаревски-Санде.
Во селото Чучер е родена познатата уметничка Зорка Ацковиќ-Метикош, изведувач на македонски народни песни и ора, која преку својата работа во познатиот македонски ансамбл за народни песни и ора „Танец“, придонела за негување и зачувување на македонското национално културно богатство.
Општината е богата и со многубројни манастири и цркви како што се св. Илија, св. Никита, св. Троица, св. Арангел. За љубителите на планините и убавата природа тука е и планината Скопска Црна Гора која нуди безброј трим патеки за планинарење и излетнички места.
Стопанство
уредиВо општината како најразвиена стопанска гранка е земјоделието, потоа рудникот Бањани, како и повеќе приватни фирми: браварски, тулани, столарски, градежни стоваришта, ресторани, трговија и др.
Демографија
уредиСпоред последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, Општина Чучер-Сандево брои 8.493 жители, чиј состав го сочинуваат:[2]
Вероисповед | Вкупно |
православни | 6.428 |
муслимани | 1.954 |
католици | 8 |
протестанти | 0 |
останати | 103 |
Јазик | Вкупно |
македонски | 5.431 |
албански | 1.944 |
турски | 0 |
ромски | 24 |
влашки | 10 |
српски | 1.005 |
бошњачки | 0 |
останати | 79 |
Општествени установи
уредиВо Општината Чучер-Сандево се наоѓаат следните основни училишта:
- Во основното училиште Кирил и Методиј (со едно подрачно училиште) учат вкупно 253 ученици во 18 паралелки. Наставата се одвива во две смени, и се следи на два јазика, на македонски јазик и на српски јазик.
- Тоа се наоѓа во Сандево, а го сочинуваат и две подрачни училишта, во Долно Блаце и во Горно Блаце. Училиштето „Александар Урдаревски“ е изградено во 1963 година. Подрачното училиште во Долно Блаце е изградено во 1979, а во Горно Блаце во 1951. Вкупниот број на ученици кои го посетуваат ова училиште е 438, од прво до осмо одделение. Наставата се одвива во две смени во централното и една смена во подрачните училишта со вкупно 37 вработени (наставен и ненаставен кадар). Во основното училиште „Александар Урдаревски“ (со двете подрачни училишта) учат вкупно 438 ученици во 24 паралелки.
- Во основното училиште „Михаљ Грамено“ (со двете подрачни училишта) учат вкупно 215 ученици во 15 паралелки.
Самоуправа и политика
уредиГрадоначалник на општина Чучер-Сандево е Јован Пејковски кој бил повторно избран како независен кандидат на локалните избори од 2017 година за трет мандат од четири години.[3] Советот на општина Чучер-Сандево е составен од 11 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:
Редовни настани
уредиЛичности
уредиКултура и спорт
уредиСекоја година во август во село Глуво се одржува Меморијален турнир Љубомир Рајчевски-Рајче во чест на истоимениот долгогодишен фудбалер на ФК Вардар. Главен покровител на турнирот се граѓаните на село Глуво.
Иселеништво
уредиНаводи
уреди- ↑ „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
- ↑ „Население во Република Македонија на 31.12 по специфични возрасни групи, по пол, по општини, по години“. Државен завод за статистика на Република Македонија. Посетено на 2 мај 2018.[мртва врска]
- ↑ „Мандати за градоначалници и совет во РМ – Локални избори 2017“. Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 18 октомври 2017.