Илиово
Илиово (или Илиево) — село во Општина Делчево, источна Македонија.
Илиово | |
Координати 41°58′46″N 22°38′27″E / 41.97944° СГШ; 22.64083° ИГД | |
Регион | Источен |
Општина | Делчево |
Население | 50 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2320 |
Повик. бр. | 033 |
Шифра на КО | 09011 |
Надм. вис. | 600 м |
Илиово на општинската карта Атарот на Илиово во рамките на општината | |
Илиово на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во областа Осоговија, на извесно растојание од јужниот брег на Калиманското Езеро на Брегалница. Сместено е во крајниот северозападен дел на општината. Илиово е ридско село, чија надморска височина се движи од 600 до 660 м, зависно од маалото. Атарот зафаќа 14,4 км2.[2] Од спротивната страна на езерото минува патот Делчево-Кочани (А3).
Низ атарот течат следниве водотеци: потоците Градински Дол, Бабин Дол и реката Туришница, и сите се влеваат во езерото на север. Во јужен правец дотекуваат потоците Рибница и Филиски Дол, кои ја образуваат западната односно источната атарска граница. Недалеку од селото е и возвишениот полуостров Дедоантоска Чука.[3]
Историја
уредиПодрачјето на Илиово е населено уште од доцната антика, за што сведочи наоѓалиштето Гробишта крај брегот.[4]
На почетокот на XX век Илиово било село в Малешевската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Илиево било мало село сочинето од 180 Македонци христијани.[5][6]
Целото население потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Илиево имало 160 Македонци (сите под егзархијата) и во селото работело бугарско училиште.[5][7]
Во 1924 г. кај Илиово и Калиманци чета на ВМРО, на чело со војводата Панчо Михајлов, водела целодневна битка со српски единици кои биле во потера по неа.[8]
Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[9]
Стопанство
уредиКако ридско село, Илиово има полјоделско-шумарско стопанство. Според податок од 1998 г. селото имало 360 ха обработливо земјиште, 756 ха шуми и 96 ха пасишта.[2]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[10]
Во првите децении на XX век Илиово бележело голем пораст на населението. Ова траело сè до 1960-тите, кога бројот на жители почнал да опаѓа. Покрај позатата преселба село-град, познато е дека некои жители на Илиово се преселиле во селоо Градец на местото на иселените Турци.[11] Намалувањето на населението постепено продолжило во следните децении. Иселуваењето дополнително се засилило со изградбата на акумулацијата Калиманци.
Според пописот од 2002 година, селото има 127 жители, сите Македонци.[12]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 50 жители, од кои 42 Македонци, 1 останат и 7 лица без податоци.[13]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 180 | 160 | 466 | 562 | 528 | 413 | 304 | 209 | 170 | 127 | 50 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[14]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[15]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[17]
Самоуправа и политика
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 0602 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[18]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 74 гласачи.[19]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта
- Боришко Маало — средновековна црква и некропола
- Гробишта — населба од доцноантичкото време
Личности
уредиИселеништво
уредиСпоред истражувањата правени во XX век, родови со потекло од Илиово има во следниве населени места:
- Виничка Кршла, Виничко: Божанци (4 к.), чиј предок Ефтим-Арсо се доселил на почетокот на XX или крајот на XIX век[11]
- Градец, Виничко: дел од населението е доселено од Илиово по 1955 г. со иселувањето на Турците[11]
- Тодоровци, Каменичко: Паламарци (5 к.) доселени во 1895 г.[21]
- Црн Камен, Виничко: Спасевци (1 к.) доселени во 1900 г.[11]
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 136. ISBN 9989-862-00-1.
- ↑ Дедоантоска Чука (9276413) — GeoNames
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 128. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ 5,0 5,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 229. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 140-141.
- ↑ Михайлов, Иван. Спомени II. Освободителна борба 1919 – 1924, Льовен, 1965, стр. 718.
- ↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ 11,0 11,1 11,2 11,3 Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина. Скопје: Универзитетска печатница.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 171.
- ↑ Русиќ, Бранислав. Фонд Русиќ. Архивски фонд на МАНУ к- 3, АЕ, 96/1 в.