Ѓуземелци

село во Општина Лозово

Ѓуземелци — село во Општина Лозово. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 40 жители.

Ѓуземелци
Ѓуземелци во рамките на Македонија
Ѓуземелци
Местоположба на Ѓуземелци во Македонија
Ѓуземелци на карта

Карта

Координати 41°49′41″N 21°52′33″E / 41.82806° СГШ; 21.87583° ИГД / 41.82806; 21.87583
Регион  Вардарски
Општина  Лозово
Население 22 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2208
Шифра на КО 24012
Надм. вис. 372 м. м
Ѓуземелци на општинската карта

Атарот на Ѓуземелци во рамките на општината
Ѓуземелци на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа во Овче Поле, на околу 6 км источно од Лозово.

Историја

уреди

На крајот на XIX век селото било дел од Велешката каза на Отоманското Царство. Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 135 Македонци.[2] Според Димитар Мишев, селото имало население од 144 христијани.

Цркви

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948157—    
1953197+25.5%
1961204+3.6%
1971136−33.3%
1981128−5.9%
ГодинаНас.±%
199181−36.7%
199459−27.2%
200240−32.2%
202122−45.0%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 10 до 25 Македонци.[3]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 40 жители, сите Македонци.[4]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 22 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 135 144 157 197 204 136 128 81 59 40 22
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Родови

уреди

Ѓуземелци е македонско село.

Според истражувањата од 1958 година, родови во селото

  • Доселеници: Ганевци (4 к.), Митковци (3 к.) и Куличкови (2 к.) стари доселеници со непознато потекло; Тасеви (3 к.) доселени се, но не знаат од каде; Чекови (1 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Горобинци. Таму биле староседелци; Мрлевци (4 к.) доселени се во XIX век од селото Кадрифаково. И таму се доселиле однекаде; Саневи (2 к.) доселени се од селото Сопот; Бабаич Стојан (1 к.) доселени се од селото Сарамзалино; Миланови (1 к.) доселени се од селото Сарамзалино. Таму припаѓале на родот Теофци. На тој род припаѓал и претходниот род; Орданови (1 к.) доселени се во 1935 година од селото Делисинци; Портар (1 к.) доселени се во 1938 година од селото Кнежје. Таму биле доселени од Сарамзалино, каде припаѓале на родот Теофци; Ничеви (3 к.) доселени се од селото Немањици. Таму биле староседелци; Доневи (3 к.) исто така доселени од Немањици, каде припаѓале на некој староседелски род; Дедо-Стојеви (2 к.) доселени се во 1947 година од селото Подржи Коњ кај Крива Паланка; Ристо Марков (1 к.) домаќинот на семејството имал мајка мажена во некое кочанско село со некој Турчин. Во тој брак се родило дете. Подоцна комитите, мајката и детето ги префрлиле во селото Сопот, и тука она се премажила. Ристо прешол во Ѓузумелци; Анѓелови (1 к.) доселени се во 1947 година од селото Горобинци. Подалечно потекло од Кривопаланечко; Атанасови (1 к.) и они се доселени од Горобинци. Подалечно потекло од Кривопаланечко; Стојанови (1 к.) доселени се во 1957 година од селото Конопница кај Крива Паланка.[9]

Самоуправа и политика

уреди

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 1712 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[10]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 19 гласачи.[11]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.226.
  3. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  4. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  8. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  9. Трифуноски, Јован (1961). Овчеполска Котлина.
  10. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  11. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски

уреди