Болно

село во Општина Ресен, Македонија

Болносело во Општина Ресен, во областа Горна Преспа, во околината на градот Ресен.

Болно
Болно во рамките на Македонија
Болно
Местоположба на Болно во Македонија
Болно на карта

Карта

Координати 41°06′33″N 20°58′19″E / 41.10917° СГШ; 20.97194° ИГД / 41.10917; 20.97194
Регион Горна Преспа
Општина Ресен
Население 195 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 23004
Надм. вис. 906 м
Болно на општинската карта

Атарот на Болно во рамките на општината

Географија и местоположба

уреди
 
Патот јужно од Болно, каде што се сече со Болска Река.

Болно е на 6 километри северозападно од седиштето на Општината, градот Ресен, и нив ги поврзува асфалтен пат изграден 1974 година. Во селото се стигнува и пешачејќи на оддалеченост од 4 до 5 км, од градот Ресен, по овој пат жителите патувале со векови. На средината на овој пат на месноста наречена „Плачи Горница“ се разделувале луѓето кои оделе на печалба од своите најблиски.

 
Болска Планина гледана од северот на селото.

Селото од запад, север и исток е опколено со масивот на Болска Планина, додека од југ се наоѓа долгото Болнско Поле кое завршува кај Елскиот мост во должина од 5 км. со што завршува и Болнската територија.

 
Болска Река во самото село.

Болска Река составена од двете помали рекички Манастирка и Илинска Река кои се делата на местото Две Реки го дели селото на два дела. Поради поволната местположба (отвореноста према југ а ограденоста со планинскиот масив од север) климата е доста пријатана, Умерено Континентална со свои посебни т.н. болнски одлики; во лето ноќите се свежи како резултат на семејниот ветер или познат во селото уште и како Порек. А зимно време поради затвореноста од север е многу потопло за разлика од било кое друго место во Преспа. Селото Болно е оддалечено од Преспанското Езеро околу 15 км. воздушна линија и се наоѓа на надморска висина од 906 м. Оваа надморска висима на селото е повисока од езерското ниво за околу 55м.

Низ атарот на селото поминувал и еден крак од познатиот римски пат Вија Егнација, за жал никој не може да каже на кој дел точно поминувал (нема доволно археолошки истаржувања), но со сигурност е потврдено дека сево ова е точно.

Атарот на село Болно опфаќа целокупна површина од 30 км. кавдратни, со што спаѓа во редот на едно од нјаголемите на Општина Ресен, по селото Брајчино.[2]

Историја

уреди

Првпат село Болно се споменува во 1519 година во османлиските тефтери под името, Бохуно со 55 семејства. По вторпат се споменува во 1562 година со 77 семејства и околу 400 жители.

Според преданијата на старите жители зошто селото е наречено Болно, кажувано е дека во времето на Цар Самоил на територијата на селото имало болница, каде се лечеле војниците на Цар Самоил. Полскиот научник јазичар Пијанка во својот научен труд за топонимите во Преспа, тврди дека село Болно името го добило од личното име Бохун.

Корените на село Болно според научни сознанија се наоѓаат на месноста Селиште и Градиште. Оваа населба опстојувала сè до средината на XII век кога водите на Преспанското Езеро допреле до сегашното место Лениште.

Во поновата историја Болно се спомнува во почетокот на XIX век, во 1830. Хан има запишано дека во Болно имало 38 куќи. Отогаш наваму селото има постепено зголемување на бројот на населението. Според Васил К’нчов, село Болно во 1894 година броело 500 жители. Првиот поточен податок за бројот на населението во селото е од пописот од 1948 година кога селото броело 643 жители, со пописот на населението во 1953 година селото броело 671 жител. Со пописот на населението во 1971 година броело околу 512 жители. А во 1991 имало 280 жители, а во 2002 година имало 237 жители. Ваквото рапидно намалување на населението произлегува од преселничките движења од 1960-те па наваму. Население од болнско потекло има во Ресен и многу други македонски градови, европски и прекуокеански земји.

Дека во Болно имало активен живот во долг историски период, зборуваат, повеќето црковни градби: главната селска црква „Св. Атанасиј“ била обновена 1846 година, малата црква „Св. Никола“ 1826 година но се претпоставува дека е стара и над 400 години. Црквата „Св. Наум“ изградена во месноста Макла во знак на почит кон големиот просветител Наум кој на овие простори обавувал просветна дејност уште пред 1100 година (X век). Според преданија исто така во оклолината на село Болно постоела црквата „Св. Петка“, имало црква „Св. Варвара“ во месноста Ливачка Шума и постоењето на манастир во горниот тек на реката Манастирка по што и реката веројатно го добила името.[2]

Во XIX век, Болно било наполно македонско село во нахијата Горна Преспа во Битолската каза на Отоманското Царство. Селото Болно има дадено значен придонес во илинденскиот период и НОБ. Во времето на Илинденското востание од 1903 година село Болно било реонско средиште и од тука бил организиоран напад од повеќе селски чети, на чело со војводата Славејко Арсов на градот Ресен.

 
Спомен плочата во чест на загинатите партизани од Болно.

Во НОБ во 1941 година, жители на селото Болно се вклучиле во Народноослободитлната борба, како најголем јунак од овој временски период се истакнал Мите Богоевски кој дал голем придонес за ослободувањето на селото па и цела Преспа, загинувајќи на 12 септември 1942 во местото викано Болнска Корија, во придружба со својот соборец Стив Наумов. Други жители на Болно кои загинале во НОВ се: Илија Богоевски, Христо Герасоски, Борис Источки, Пере Источки, Христо Србиновски и Панде Црноевски.[3]

Стопанство

уреди

Атарот се протега на планината Галичица, па затоа зафаќа голем простор од 30 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 2.245,1 ха, на обработливото земјиште отпаѓаат 435,4 ха, а на пасиштата 114,3 ха. Селото има полјоделско-шумарска функција.[4]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948632—    
1953662+4.7%
1961600−9.4%
1971480−20.0%
1981517+7.7%
ГодинаНас.±%
1991434−16.1%
1994289−33.4%
2002237−18.0%
2021195−17.7%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Болно живееле 500 жители, сите Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Болно имало 640 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Болно се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 117 куќи.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 600 Македонци.[8]

Болно е средно по големина село, но со променување на бројот на населението. Така, во 1961 година броело 600 жители, додека во 1994 година живееле 289 жители, македонско население.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото имало 103 домаќинства и 237 жители, од кои 234 Македонци, 1 Србин и 2 останати.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото Болно живееле 195 жители, од кои 191 Македонец и 4 лица без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 500 640 632 662 600 480 517 434 289 237 195
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Родови

уреди

Болно е македонско село.

Родови во Болно се: Боглевци, Буљаковци, Боримечковци, Герасовци, Истожани (доселени од некогашното село Исток), Јаневци, Маџаровци, Манчевци, Милевци, Наумовци, Нечовци, Поповци, Савевци, Старковци, Србиновци, Суклевци, Толевци, Трајановци (Павлевци) и Шамбаровци.[15]

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1949 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Старковци (8 к.), Булаковци (4 к.), Шамбаровци со Ристевци, Наумовци и Ѓоршевци (23 к.), Нечовци (7 к.), Савевци (1 к.), Маџаровци со Веловци (5 к.), Манчевци (8 к.), Србиновци (5 к.), Богојовци (12 к.) и Милевци (5 к.)
  • Доселеници: Трајановци со Павлевци и Боримечковци (12 к.) доселени се одамна од селото Плаќе кај Охрид; Поповци (13 к.) доселени се одамна од селото Гопеш кај Битола; Суклевци (8 к.) доселени се одамна од селото Златари; Толевци (5 к.) доселени се од селото Свиништа кај Охрид; Истожани (6 к.) доселени се од селото Исток; Дамулевци или Цветковци (1 к.) доселени се од селото Лева Река.[16]

Општествени установи

уреди

Самоуправа и политика

уреди

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 1624 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место е опфатено и селото Петрино.[17]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 204 гласачи.[18]

Културни и природни знаменитости

уреди
Цркви[19]
Музеи и други спомен обележја[3]
  • Спомен куќа на Мите Богоевски - родната куќа на Мите Богоевски која се наоѓа во северниот дел на селото
  • Спомен плоча на загинатите борци од Болно - поставена во 1951 година на куќата на Мите Богоевски
  • Спомен плоча на првоборецот Христо Герасовски - Бучко
 
Паркот игралиште.
Паркови
  • Парк и детско игралиште - место за разонода кое се наоѓа во средиштето на селото
Археолошки наоѓалишта[20]

Редовни настани

уреди

По повод загинувањето на Мите Богоевски и во негова чест, секоја година во селото на 12 септември е одржувана културно уметничка програма.

Личности

уреди

Култура и спорт

уреди

ФК Илинден, а теренот на кој играл клубот се вика Грбавица, е изграден 1983/4 година. Фудбалот во Болно бил игран и пред Втората светска војна, благодарение на Мите Богоевски, кој преку спортот сакал да ја подигне народносната свест кај населението, како во Болно, така и во околните села. По Втората светска војна, во негова чест името на клубот го носело неговото име. Подоцна во 80-тите години клубот го сменило името во Болно.

Иселеништво

уреди

До 1949 година од селото во Аргентина се иселиле 20 семејства.[16]

Од 1960 година па наваму во Ресен има 60 семејстава, во Скопје 20 семејства, во Битола 6 семејства, во Охрид 6 семејства, Струга и Штип 1 семејство.

Во прекуокеанските земји и Европа: Канада (Торонто) 24 семејства, САД 40 семејства, Австралија околу 15 семејства, Шведска 6 семејства, Данска 4 семејства, Франција 3 семејства, Германија 2 семејства, Куба 2 семејства, останатите републики во Југославија 4 семејстава итн.[2][16]

Поистакнати иселеници се: Крис Ник, Дорче и Блаже Таневски, Митко Наумовски, Владе Савевски, Кире Боримечковски.[3]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 1 Архивирано на 24 јуни 2008 г.
  3. 3,0 3,1 3,2 Катин, Славе. „Во печалбарскиот крај од Болно до Стипона“. Македонско сонце. Архивирано од изворникот на 12 мај 2019. Посетено на 5 август 2022.
  4. Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 34.
  5. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 241.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 168-169.
  7. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 15.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  10. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  11. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  12. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  13. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  14. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  15. Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа. Скопје: Ѓурѓа.
  16. 16,0 16,1 16,2 Русиќ, Бранислав. Фонд Русиќ. Архивски Фонд на МАНУ к-2, АЕ 87.
  17. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  18. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  19. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  20. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  21. Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва том I, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  22. 22,0 22,1 Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  23. Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  24. Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том III, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.

Надворешни врски

уреди