Албански јазик
Албански јазик — јазик што го говорат приближно околу 6 милиони луѓе, првенствено во Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Македонија, но исто така и во некои други балкански држави, како и од емигрантски групи во Калабрија, Италија. Јазикот е еден, посебен огранок на Индоевропското јазично семејство. Во минатото за овој јазик во македонската терминологија се користел терминот арнаутски јазик. Во речниците на Ѓорѓија Пулевски, јазикот се нарекува арбански.
Албански | |
---|---|
Shqip | |
Изговор | /ʃcip/ |
Застапен во | Албанија, Косово, Македонија, Грција, Црна Гора, САД, Италија, Германија, Британија, Турција, Швајцарија, Канада и други земји. |
Подрачје | Југоисточна Европа |
Говорници | 6 000 000[1] |
Јазично семејство | Индоевропско
|
Писмо | Албанска латиница |
Статус | |
Службен во | ![]() ![]() |
Признаен како малцински во | ![]() ![]() ![]() ![]() |
Регулативен орган | официјално од Албанската академија на науките |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | sq |
ISO 639-2 | alb (B) sqi (T) |
ISO 639-3 | Разни: sqi — Албански aln — Гег aae — Арбареша aat — Арванитика als — Тоск |
![]() Сегашна распространетост на албанскиот јазик во Европа:
региони каде албанскиот јазик го зборуваат мнозинството од населението региони каде албанскиот јазик го зборуваат значителен дел од малцинството од населението |
лице | Shqiptar(e) [шќиптар(е)] |
народ | Shqiptarët [Шќиптар’т] |
јазик | Shqip [шќип] |
држава | Shqipëri [Шќип’ри] |
Денешниот албански јазик како стандардна форма го има дијалектот на Тоските, наспроти дијалектот на Гегите кој и покрај стандардизацијата сѐ уште масовно го користат во Косово и делови од Македонија. Впрочем, сѐ уште постои несогласување околу стандардизацијата на албанскиот јазик, а некои бараат повторна стандардизација во која би биле вклучени повеќе елементи од гегскиот дијалект. Постои и залагање во Косово да се земе како стандардна форма гегскиот дијалект со што албанскиот јазик би станал еден јазик со два официјални дијалекти. Инаку, лексичкиот фонд е главно латински, италијански, романски, грчки, македонски, српски и турски.
ДијалектиУреди
Постојат два диференцијални дијалекти на албанскиот: тоскански дијалект и гегски дијалект. Спорот со дијалектите и нивниот службен стгатус и денес не е разрешен во албанската научна и општествена јавност. Имено, денес службено и официјално се тврди дека албанскиот јазик е синтеза на двата дијалекти, што е насилно наметната теза од Енвер Хоџа и неговата политика. Денешниот албански јазик се заснова на тосканскиот дијалект и не е прифатливо за населението што користат гегски дијалект. Гегите и денес пишуваат и творат на гегски дијалект, но поради тоа и денес се прогонувани и казнувани таквите активисти. Поради тоа едонство за албанскиот јазик речиси и не постои, раздорот е голем. Во 1965 година од печат излезе книгата „Предавство“ напишана на гегски дијалект и албанците од северна Албанија побараа таа верзија на албанскиот јазик и тој дијалект да бидат официјализирани и албанскиот јазик да се заснова на тој дијалект[2] .
Разликите помеѓу двата дијалекти со огромни, дури и поголеми отколку некои словенски јазици како на пример словенечки јазик и српски јазик. Од вкупното албанско население на Балканот, околу две третини или мнозинство од албанците зборуваат на гегски дијалект. Тој дијалект е лексички побогат, почист и има поголеми изразни можности благодарејќи на влијанието на соседните македонски јазик и српски јазик[2].
ГраматикаУреди
ИменкиУреди
- Член
Членот во албанскиот јазик е постпозитивен, односно се става на крајот од именката, исто како во македонскиот јазик. Албанскиот има само определен член и се користат следниве наставки:
- -u за именки од машки род кои завршуваат на k, g и h, а за сите други -i.
- mal - mali (планина - планината), ujk - ujku (волк - волкот)
- -а или -ja за именки од женски род. Ако именката завршува на o или e, тогаш се користи членот -ja.
- verturë - vetura (автомобил - автомобилот), pallto - palltoja (палто - палтото)
- за именките од среден род (малку на број) се користи членот -t.
За разлика од македонскиот, албанскиот има само еден член и членот се користи и за лични имиња и топоними (Shkup - Shkupi, итн).
БроевиУреди
|
ФонетикаУреди
A | B | C | Ç | D | DH | E | Ë | F | G | GJ | H | I | J | K | L | LL | M | N | NJ | O | P | Q | R | RR | S | SH | T | TH | U | V | X | XH | Y | Z | ZH |
a | b | c | ç | d | dh | e | ë | f | g | gj | h | i | j | k | l | ll | m | n | nj | o | p | q | r | rr | s | sh | t | th | u | v | x | xh | y | z | zh |
а | б | ц | ч | д | нема | е | ' | ф | г | ѓ | х | и | ј | к | љ | л | м | н | њ | о | п | ќ | нема | р | с | ш | т | нема | у | в | ѕ | џ | нема | з | ж |
a | b | ʦ | ʧ | d | ð | ɛ | ə | f | g | ɟ | h | i | j | k | l | ɫ | m | n | ɲ | ɔ | p | c | ɾ | r | s | ʃ | t | θ | u | v | ʣ | ʤ | y | z | ʒ |
ПримериУреди
Албански јазик
| |
Писмо | латиница |
Пример | Прв член од „Декларацијата за човекови права“ |
Текст | Të gjithë njerëzit lindin të lirë dhe të barabartë në dinjitet dhe në të drejta. Ata kanë arsye dhe ndërgjegje dhe duhet të sillen ndaj njëri tjetrit me frymë vëllazërimi. |
Македонски | Сите човечки суштествa се раѓaaт слободни и еднакви по достоинство и правa. Tиe се обдарени со разум и совест и требa да се однесувaaт еден кон друг во дуxот на општо човечкaтa припaдност. |
Портал: Јазици |
- да- po
- не- jo
- здраво- tungjatjeta
- Јас зборувам...- Unë flas...
- македонски- maqedonisht
- албански- shqip
- Јас не разбирам...- Unë nuk kuptoj...
- и- dhe
- но- apo
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
Издание на Википедија — слободната енциклопедија на албански јазик |
- ↑ Гег 2 779 246 + тоск 2 980 000 + арбереш 80 000 + арванитика 150 000 = 5 989 246. (Ethnologue, 2005)
Gordon, Raymond G., Jr. (ed.), 2005. Ethnologue: Languages of the World, Fifteenth edition. Dallas, Tex.: SIL International. Онлајн верзија: http://www.ethnologue.com/. - ↑ 2,0 2,1 „Интервју со ПРОФ. Д-Р КАПЛАН РЕСУЛИ- БУРОВИЌ“. Архивирано од изворникот на 2009-02-10. Посетено на 2008-10-20.