Глажња
Глажња — село во Општина Липково, во северниот дел на Македонија.
Глажња | |
Координати 42°10′53″N 21°32′52″E / 42.18139° СГШ; 21.54778° ИГД | |
Регион | Североисточен |
Општина | Липково |
Население | 19 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1307 |
Повик. бр. | 031 |
Шифра на КО | 17022 |
Надм. вис. | 744 м |
Глажња на општинската карта Атарот на Глажња во рамките на општината | |
Глажња на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа недалеку од вештачкото езеро Глажња изградено по течението на Липковска Река. Пределот е ридски и има надморска височина од 560 до 744 м, зависно од маалото, од кои денес главно е Пресница. Атарот се издига до сртот на планината Скопска Црна Гора, на границата со Скопската Котлина, и зафаќа површина од 10,7 км2[2]
Историја
уредиВо 1861 г. Јохан фон Хан на етничката карта на долината на Јужна Морава го обележал Глазња како албанско село.[3]
На крајот од XIX век Глажња било албанско село во Кумановската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Глажња се состоела од 160 жители Арнаути муслимани.[4]
Стопанство
уредиГлажња има полјоделско-шумарско стопанство. Според податок од 1998 г. селото поседува 816,5 ха шуми, 126,7 ха обработливо земјиште и 13,4 ха пасишта.[2]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 350 Албанци.[5]
Населението на Глажња значително се зголемило во првите децении на XX век, што траело сè до 1960-тите, кога тоа речиси се располовило. Ова се должи на фактот што во непосредниот повоен период, три четвртини од населението биле Турци, а во наредните години, со изелување, тие се изедначиле со Албанците. Во 1971 г. во селото веќе немало Турци, но имало 18 Македонци, а останатите биле Албанци. Во текот на следната деценија бројот на жители доживеал голем пад и продолжил да опаѓа, но со поскромна стапка. Во 2002 година во Глажња имала 54 жители.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 19 жители, од кои 15 Албанци и 4 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 160 | — | 482 | 488 | 489 | 252 | 90 | 0 | 76 | 54 | 19 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
уредиСтароседелското население било македонско, но подоцна претрпело албанизација и исламизација со доаѓањето на албански доселеници северна Албанија. од Според податоците од 1941 година, родови во селото се:
- Староседелци: Пресница (16 к.) поисламени и поалбанчени. Во ислам прешле на крајот од XVIII век, во времето кога овде почнале да се доселуваат другите муслимански родови. Живеат во посебно маало, но се мешаат и со другите Албанци, па така сега се изјаснуваат дека се од фисот Красниќи; Мезни (15 к.) поисламени и поалбанчени. На ислам прешле кога и претходниот род. И они кажуваат дека се од Красниќите.
- Доселеници: Чап (19 к.) потекнуваат од фисот Буз Мајла во Љума во северна Албанија. Овде се доселиле одамна; Дан (6 к.) исто потекло како и претходниот род. Овде дошле по повик од претходниот род; Бочан (9 к.) потекнуваат од фисот Бериша во северна Албанија.[12]
Општествени установи
уредиСелото нема училиште, туку децата посетуваат настава во соседното Р’нковце.
Иселеништво
уредиСпоред истражување од 1965 г. во кумановското село Черкези живее родот Глажњани (2 куќи), кои се доселени од Глажња[13]
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 69. ISBN 9989-862-00-1.
- ↑ Croquis des westlischen Gebietes der Bulgarischen Morava von J.G. von Hahn und A Sach. Deukschriften der k Akad. d Wissenseh. philos. histor. CIX1Bd, 1861.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 217. ISBN 954430424X.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Глажња — Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)[мртва врска]
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ . Трифуноски, Јован (1951). Кумановско-Прешевска Црна Гора. Белград: САНУ. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје.