Селце (Ростушко)
Селце — село во Општина Маврово и Ростуше, во рамките на областа Мала Река. Селото се наоѓа на Селечка Река, чиј извор се наоѓа на самото сретсело.
Селце | |
![]() Поглед на селото од патот помеѓу селата Лазарополе и Тресонче | |
Координати 41°34′23″N 20°42′46″E / 41.57306° СГШ; 20.71278° ИГДКоординати: 41°34′23″N 20°42′46″E / 41.57306° СГШ; 20.71278° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Население | 4 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1254 |
Повик. бр. | 042 |
Шифра на КО | 07069 |
Надм. вис. | 1357 м |
Слава | Илинден |
![]() |
Географија и местоположба уреди
Селце е сместено во западниот дел на Македонија, во јужниот дел на општината Маврово и Ростуше. Претставува дел од долнореканскиот крај. До селото води асфалтен пат кој се двои од регионалниот пат Дебар — Гари.
Сместено е високо на планината Бистра, на надморска височина од 1357 метри, при што на самото сретсело се наоѓа селска чешма, изградена во 1998 година од страна на месното население. Веднаш крај чешмата се наоѓа и изворот на Селечка Река. Селото е оддалечено 22,5 километри источно од градот Дебар.
Атарот на селото зафаќа 17 км2.[2]
Историја уреди
Во осмалиско-турските документи од втората половина на XV век, за Селце било напишано дека било напуштено од страна на жителите на селото.[3]
Селото во своите најдобри времиња имало околу 80 куќи и со тоа припаѓало на најмалите села во долнореканскиот крај. Денес, нивната бројност е уште намалена и останати се одвај четвртина од нив.[4]
Население уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Иселувањето во Селце започнало порано отколку во другите села, па затоа во него останале само 62 жители според пописот од 1961 година.[2]
Денес, селото Селце е во целост раселено, како што било забележано уште со спроведениот попис од 2002 година, кога во селото немало ниеден жител.[5] Селото било целосно напуштено уште во текот на 1960-тите години.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 4 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 420 | 640 | 40 | 57 | 62 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 4 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Родови уреди
Селце е македонско село.
Според истражувањата од 1920-тите, родови во селото:
Ропановци-Јазевци доселени се од Мариово; Дамјановци (8 к.); Пулевци; Степановци; Поповци доселени се од Тресонче, сите се иселени во Лом Паланка (Бугарија); Поповци, Чибуковци и Бужаровци доселени се од Галичник; Гуржовци (14 к.) доселени се и они од Галичник.[10]
Самоуправа и политика уреди
Селото влегува во рамките на големата Општина Маврово и Ростуше, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Ростуша.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Лазарополе, во која покрај селото Селце, се наоѓале и селата Гари, Лазарополе, Росоки и Тресонче. Општината Лазарополе постоела и во периодот 1950-1952.
Културни и природни знаменитости уреди
- Цркви[11]
- Црква „Свети Илија“ — главна селска црква;
Редовни настани уреди
- Илинден — селска слава
Иселеништво уреди
Главно иселувањата на жителите од селото Селце биле во насока на Скопје, Битола и во Бугарија.[4]
Галерија уреди
-
Патоказ за селото
-
Патоказ за селото
-
Туристичко-информативни патокази
-
Селската чешка и изворот на Селечка Река
Наводи уреди
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 269.
- ↑ Тодоровски, Глигор. „Малореканскиот предел. Општествено-економски и просветни прилики во 80-те години на XIX век до крајот на Првата светска војна“, Скопје 1970, стр. 16-17
- ↑ 4,0 4,1 Според кажување на месен жител; забележано на 5 јули 2015 година од страна на Тони Ристовски, Ѕвонко Петровски, Никола Цибрев, Кирил Симеоновски и Цветко Неделковски
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 30 март 2013.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Смилјаниќ, Тома. Мијаци, Горна Река и Мавровско Поле.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.