Општина Дебрца
- За други значења на поимот Дебрца, видете на појаснителната страница.
- За центар на својата Општина Дебрца, видете Белчишта.
Општина Дебрца — општина во западниот дел на Македонија. Општината е создадена согласно законот за територијална поделба од 2004 година на 12 април 2005 година со спојување на општините Белчишта и Мешеишта. На север граничи со Општина Кичево (порано Општина Другово), на југ со Општина Охрид, на исток со Општина Демир Хисар, а на запад со Општина Струга. Центар на општината е селото Белчишта. Општина Дебрца е единствена општина во Македонија која не е именувана по општинскиот центар, туку по географската област.
Општина Дебрца | |||
---|---|---|---|
Општина | |||
Поглед на општинската зграда на Општина Дебарца во селото Белчишта | |||
Држава | Македонија | ||
Седиште | Белчишта | ||
Населени места | Список
| ||
Управа | |||
• Градоначалник | Зоран Ногачески | ||
Површина | |||
• Вкупна | 425,39 км2 (164,24 ми2) | ||
Население (2021)[1] | |||
• Вкупно | 3.719 | ||
• Густина | 8,7/км2 (23/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+01:00) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+02:00) | ||
Повикувачки број | +046 | ||
Регистарски таблички | OH | ||
Мреж. место | debrca.gov.mk |
Географија
уредиОпштина Дебрца се наоѓа во југозападна Македонија. Околни Општини, кои граничат со Општина Дебрца се:
- Од север: Општина Кичево (порано Општина Другово)
- Од југ: Општина Охрид
- Од исток: Општина Демир Хисар
- Од запад: Општина Струга
Главно населено место во општината е селото Белчишта.
Историја
уредиДебрца има важна улога за време на НОБ. На 18 август 1943 година, на Славеј Планина, Дебрца, е формиран првиот македонски баталјон „Мирче Ацев“, а на 11 ноември истата година во селото Сливово е формирана Првата македонско-косовска ударна бригада. Во селото Црвена Вода, пак, во месец ноември 1943 година е формиран Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ.
Стопанство
уредиДемографија
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Забелешка: Податоците се однесуваат на населените места во Општина Дебрца според административната поделба од 2004 година. Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија |
Според пописот од 2002 година, општината имала население од 5.507 жители, од кои
Народ | Вкупно | Удел (%) |
---|---|---|
Македонци | 5.323 | 96,68 |
Албанци | 153 | 2,78 |
Турци | 2 | 0,04 |
Роми | 0 | 0,00 |
Власи | 0 | 0,00 |
Срби | 8 | 0,14 |
Бошњаци | 0 | 0,00 |
останати | 20 | 0,34 |
Вероисповед | Вкупно |
православни | 5.322 |
муслимани | 167 |
католици | 6 |
протестанти | 1 |
останати | 11 |
Јазик | Вкупно |
македонски | 5.322 |
албански | 154 |
турски | 2 |
ромски | 0 |
влашки | 0 |
српски | 12 |
бошњачки | 0 |
останати | 17 |
Според последниот попис од 2021 година, општината имала население од 3.719 жители, од кои
Народ | Вкупно | Удел (%) |
---|---|---|
Македонци | 3.330 | 89,54 |
Албанци | 59 | 1,59 |
Турци | 2 | 0,01 |
Роми | 0 | 0,00 |
Власи | 0 | 0,00 |
Срби | 1 | 0,01 |
Бошњаци | 3 | 0,01 |
останати | 8 | 0,02 |
лица без податоци | 316 | 8,82 |
Општествени установи
уредиСамоуправа и политика
уредиГрадоначалник на Општина Дебрца е Зоран Ногачески од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[2] Советот на Општина Дебрца е составен од 11 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:
Културни и природни знаменитости
уреди- Манастир „Сите Свети“ во село Лешани.
Редовни настани
уредиЛичности
уредиКултура и спорт
уредиИселеништво
уредиНаводи
уреди- ↑ „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
- ↑ „Мандати за градоначалници и совет во РМ – Локални избори 2017“. Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 18 октомври 2017.
Надворешни врски
уреди- Општина Дебрца во „АБВ - деловен именик“ Архивирано на 6 март 2016 г.
- Страница за Општина Дебрца