Општина Росоман
Општина Росоман — општина во централниот дел на Република Македонија. Градоначалник е Стојан Николов. Општинско седиште е селото Росоман. Создадена е со одделување од Општина Кавадарци во 1996 г. иако постоела како независна општина и во 1950-тите.
Општина Росоман | |||
---|---|---|---|
Општина | |||
Држава | Македонија | ||
Седиште | Росоман | ||
Населени места | Список
| ||
Управа | |||
• Градоначалник | Стојан Николов | ||
Површина | |||
• Вкупна | 132,9 км2 (51,3 ми2) | ||
Население (2021)[1] | |||
• Вкупно | 3.796 | ||
• Густина | 29/км2 (74/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+01:00) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+02:00) | ||
Повикувачки број | +043 | ||
Регистарски таблички | KA | ||
Мреж. место | opstinarosoman.gov.mk |
Географија
уредиРосоман е една од помалите рурални општини и се наоѓа во средишниот дел на Македонија. Според апсолутната надморска височина, таа се вбројува во една од најниските општини во Македонија. Атарите на населбите се распространети во Росоманското Поле, односно во долното течение на Црна Река, која поминува точно низ средишниот дел на територијата на општината. Има правец на протегање североисток-југозапад. Од североисток се граничи со Општината Неготино, од исток, на југ и југоисток со Општината Кавадарци, од југозапад со Општината Чашка и од северозапад со Општината Градско. Низ општинското седиште Росоман поминува патниот правец Р-106 кој, преку Прилеп и Битола води за Охрид, а до сите населби постојат локални асфалтирани патишта кои водат за Скопје.
Демографија
уредиОпштината Росоман се состои од 10 населби. Сите се низински, освен населбата Мрзен Ораовец, која се наоѓа на апсолутна надморска височина од 570 м.
Во општината живеат 4.141 жител, од кои 3.694 (89 %) се Македонци, 409 (10 %) се Срби итн. Густината на населеност изнесува 31 жит./км2, со што таа се вбројува во ретко населените општини во Македонија. Во споредба со 1994 година, бројот на жителите во општината е намален за 259 (5,9 %).
- Вкупниот број на домаќинства изнесува 1.284, односно во секое домаќинство живат по 3,2 жители. Вкупниот број на станови изнесува 1.663, односно во секој стан живеат по 2,5 жители. Во централната населба Росоман живеат 2.554 жители, односно близу 62% од вкупното население во општината.[2]
Вероисповед | Вкупно |
православни | 4.111 |
муслимани | 6 |
католици | 1 |
протестанти | 0 |
останати | 23 |
Јазик | Вкупно |
македонски | 3.894 |
албански | 0 |
турски | 0 |
ромски | 5 |
влашки | 0 |
српски | 215 |
бошњачки | 0 |
останати | 25 |
Самоуправа и политика
уредиГрадоначалник на општина Росоман е Бранко Јанев од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[3] Советот на општина Росоман е составен од 9 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:
Култура и спорт
уредиВо Росоман има еден фудбалски клуб, „ФК Росоман 83“, којшто се натпреварува во Третата македонска лига.
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
- ↑ „Население во Република Македонија на 31.12 по специфични возрасни групи, по пол, по општини, по години“. Државен завод за статистика на Република Македонија. Посетено на 2 мај 2018.[мртва врска]
- ↑ „Заклучок за конечност на резултати од гласањето во вториот круг на Локалните избори 2017“. Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 3 декември 2017.
Надворешни врски
уреди- Портал на Општина Росоман
- Општина Росоман во „АБВ - деловен именик“ Архивирано на 6 март 2016 г.