Неготино (Полошко)

село во Општина Врапчиште

Неготино — село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, во околината на градот Гостивар. До 2004 година било седиште на своја Општина Неготино-Полошко.

Неготино
Неготино во рамките на Македонија
Неготино
Местоположба на Неготино во Македонија
Неготино на карта

Карта

Координати 41°52′42″N 20°53′2″E / 41.87833° СГШ; 20.88389° ИГД / 41.87833; 20.88389
Општина Врапчиште
Население 3.068 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1235
Шифра на КО 07053
Надм. вис. 549 м
Неготино на општинската карта

Атарот на Неготино во рамките на општината
Неготино на Ризницата
Знаме на поранешната Општина Неготино-Полошко.
Грбот на поранешната Општина Неготино-Полошко.

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа во областа Горни Полог, во источното подножје на Шар Планина, на десниот брег на реката Маздрача. Оддалечено е 12 километри североисточно од Гостивар и 6 километри северно од Врапчиште.

Историја

уреди

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од нахијата Калканделен и имало 90 семејства, 5 неженети и 7 вдовици, сите христијани.[2]

Во XIX век, селото било дел од Тетовската каза, нахија Гостивар, во Отоманското Царство.

Вкупно 17 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[3]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.311—    
19531.484+13.2%
19611.664+12.1%
19712.061+23.9%
19812.876+39.5%
ГодинаНас.±%
199160[4]−97.9%
19943.191+5218.3%
20023.673+15.1%
20213.068−16.5%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Неготино живееле 232 жители, од кои 200 Албанци и 32 Македонци.[5]

Според Афанасиј Селишчев, во 1929 година Неготин — село во Сенокоска општина во Долнополошкиот срез и има 129 куќи и 943 жители, Албанци.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 1.000 Албанци.[7]

Неготино е најголемо полошко село во Македонија. Така, во 1961 година има 1.664 жители, додека во 1994 година бројот се зголемил на 3.192 жители.

Според пописот од 2002 година, во Неготино живеат 3.673 жители, од кои 3.659 Албанци, 1 Турчин, 1 Србин, 1 Бошњак и 11 останати.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3.068 жители, од кои 3 Македонци, 2.962 Албанци, 1 Бошњак и 102 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 232 1.311 1.484 1.664 2.601 2.876 60 3.191 3.673 3.068
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови

уреди

Неготино е албанско село.

Според истражувањата од 1951 година, родови во селото:

Доселеници

  • Дедолар (1 к.) староседелци. Со доаѓањето на Албанците во селото се имаат измешано со нив, и го имаат прифатено албанскиот јазик.
  • Шеелери (17 к.) потекнуваат од фисот Бериша во северна Албанија. Они имаат роднини во селата Вруток и Чајле.
  • Шеволе (12 к.) од фисот Бериша во северна Албанија.
  • Сејдолар (6 к.) од фисот Бериша во северна Албанија.
  • Гарани (4 к.) основачот на родот се викал Асан Гарани. Тој се доселил од селото Гарани кај Кичево. Подалечно потекло од северна Албанија.
  • Кокоре (6 к.) доселени се од околината на Пешкопеја во северна Албанија.
  • Шулајна (3 к.) доселени се од Љума во северна Албанија.
  • Манчолар (17 к.) се викаат и Гоџолар. Доселени се од Хаса во северна Албанија (Суви Хас над Призрен). Припаѓаат на фисот Бериша. Овде живеат од втората половина на XVIII век.
  • Султајна (11 к.) доселени се од Чаје во северна Албанија. Во Неготино се доселени кон крајот на XVIII век. Го знаат следното родословие: Сулеман (жив на 73 г. во 1951 година) Мемет-Асан-Мемет Хоџа, кој се доселил во селото.
  • Раманлар или Демолар (7 к.) доселени се од северна Албанија.
  • Цака (2 к.) по потекло се од селото Ујмиште во Љума. Од таму се населиле во селото Ѓургевиште на Шар Планина. Па од таму некои се спуштиле во Добри Дол, а некои се доселиле во Неготино. Дел се останати и во Ѓургевиште.
  • Асе (23 к.) доселени се од Хаса во северна Албанија (недалеку од Ѓаковица). Во Неготино живеат од втората половина на XVIII век. Некои Албанци од овој род за време на Втората светска војна се однесувале многу лошо кон Македонците во полошкиот регион.
  • Спајолар (10 к.) доселени се од северна Албанија.
  • Паљолар (8 к.) потекнуваат од фисот Бериша во северна Албанија. Од старото место се иселиле во селото Ломница на Шар Планина. Па потоа некој предок дошол во селото Неготино.
  • Демолар (8 к.) потекнуваат од фисот Бериша во северна Албанија.
  • Парлак (1 к.) доселени се од селото Нови Сеј во Љума, северна Албанија.
  • Лепролар (51 к.) они се од фисот Бериша во Матија, северна Албанија. Во Неготино се доселиле тројца браќа кои во старото место паднале на крв. Потоа едниот од браќата се иселил во селото Топлица, додека другите двајца браќа останале во селото, од кои потекнува овој голем род.
  • Шериф (1 к.) и Азис (1 к.) они се Роми. Првиот род е од селото Врапчиште, а вториот од Тетово.[14]

Општествени установи

уреди

Самоуправа и политика

уреди

Избирачко место

уреди

Во селото постојат избирачките места бр. 440, 441, 442 и 443 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 3.561 гласач.[16]

Културни и природни знаменитости

уреди

Редовни настани

уреди

Личности

уреди

Култура и спорт

уреди

Иселеништво

уреди

Пред да се населат Албанците во селото, овде живеело православно македонско население. За тоа е доказ целосната македонска топонимија во полошкиот региот, како и зачуваните родови кои си знаат за старото место на своите предци. Сега се знае за следните македонски родови со потекло од ова село, во селата. Сенокос (Меноски), Волковија (Каракушевци и Цветковци). Стари македонски иселеници од ова село има и во Тетово. Последниот македонски род во селото се викал Илијески.[14]

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.362
  3. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  4. Во Пописот од 1991 година, во населените места: Страчинци, Љуботен, Арачиново, Грушино, Мојанци, Орланци, Боговиње, Жеровјане, Пирок, Милетино, Радиовце, Теново, Челопек, Горно Јаболчиште, Велешта, Горно Татеши, Долно Татеши, Врапчиште, Топлица, Вруток, Долно Јеловце, Здуње, Речане, Балин Дол, Беловиште, Гостивар, Дебреше, Мало Турчане, Чајле, Баниште, Дебар, Кривци, Селокуќи, Хаме, Делогожди, Корошишта, Ливада, Мислодежда, Ново Село (Делогожди), Горна Бањица, Долна Бањица, Симница, Долна Лешница, Желино, Озормиште, Требош, Бачишта, Букојчани, Горно Строгомиште, Зајас, Колари, Лешница, Палиград, Смесница, Копанце, Шемшево, Горно Палчиште, Долно Палчиште, Камењане, Кичево, Долно Свиларе, Кондово, Радуша, Рудник Радуша, Бедиње, Горно Коњаре, Д`лга, Куманово, Лопате, Романовце, Сопот, Табановце, Черкези, Белановце, Матејче, Никуштак, Опае, Ропалце, Жужње, Нистрово, Сенце, Тануше, Добри Дол, Калиште, Неготино-Полошко, Сенокос, Бериково, Гарани, Јагол, Ново Село (Осломеј), Поповјани, Премка, Србица, Стрелци, Туин, Шутово, Охрид, Ќојлија, Арнакија, Буковиќ, Грчец, Крушопек, Ласкарци, Љубин, Семениште, Барово, Јаболци, Биџево, Долна Белица, Заграчани, Калишта, Радолишта, Струга, Батинци, Вртекица, Морани, Студеничани, Глоѓи, Доброште, Непроштено, Пршовце, Слатино, Теарце, Голема Речица, Лавце, Мала Речица, Сараќино, Тетово, Баланци, Форино, Чегране, Џепиште, Гајре, Лисец, Скопје дел - Гази Баба, Скопје дел Карпош, Скопје дел - Центар и Скопје дел - Чаир, дел од жителите не прифатија да замат учество (го бојкотираа) во Пописот.
  5. Извештај на скопскиот митрополит за бројот на куќите под негово водство, 1902 г., отсликано од ДАРМ.
  6. Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“, София, 1929, стр. 24.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. 14,0 14,1 Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски

уреди