Коњари

село во Општина Дебар

Коњари — раселено село во Општина Дебар, во областа Горен Дебар, во околината на градот Дебар.

Коњари

Воздушен поглед на местото на раселеното село Коњари

Коњари во рамките на Македонија
Коњари
Местоположба на Коњари во Македонија
Коњари на карта

Карта

Координати 41°31′23″N 20°28′51″E / 41.52306° СГШ; 20.48083° ИГД / 41.52306; 20.48083
Регион  Југозападен
Општина  Дебар
Област Горен Дебар
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1250
Повик. бр. 046
Шифра на КО 08020
Надм. вис. 520 м
Коњари на општинската карта

Атарот на Коњари во рамките на општината
Коњари на Ризницата

Потекло и значење на името

уреди

Бранислав Русиќ во својата книга „Дебарско Поле“ забележал дека мештаните селото го нарекувале Којнари или Којнаре, додека сите соседни Македонци Конари, Којнари или Коњари. Во Слепчанскиот поменик, издаден во периодот 1544 и 1548 година, селото се споменува како Конари со две македонски имиња. Во поново време името на селото се запишува со „њ“, односно како Коњаре, Којњари или Коњари. По предание, името на селото доаѓа од луѓе кои ги паселе своите коњи пониско од денешните куќи, на месноста Патковици, каде имало убава трева на ливадите и добро поило. Тие подоцна се населиле на тоа место и таму чувале многу патки.[2]

Географија и местоположба

уреди
 
Воздушен поглед

Селото се наоѓа во западниот дел на територијата на Општина Дебар, а чиј атар се допира со државната гранична линија со Албанија.[3] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 520 метри.[3] Од градот Дебар, селото е оддалечено 5 километри.

Селското подрачје се наоѓа помеѓу селото Селокуќи на север, градот Дебар на исток, селото Бомово на југ и реката Црн Дрим на запад. Во источниот дел на атарот се наоѓало и некогашното село Сушица.[2]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Фуша е Којнарес, Фуша е Џепчиштес, Шушица или Шушаиц, Забели и Дејме, Забели и Курзас, Равша е Лиски Дапит, Шлајна, Врачиска, Тона, Дрим, Урда или Орда е Русит или Росит, Вори Бард, Мајка, Шпела, Уј те Фтофт, Габрниче, Љугу и Шкоз, Летија е Мјештит, Нива Даут Имами, Кодра е Куќе, Извор, Патковица, Ара е Ескут, Ара Шарофит, Ара е Ѓорес, Забели, Марена (некогашен манастир), Шулан, Ливади и Питаркс, Љугу и Ајакут и Лера.[2]

До селото води локален асфалтен пат, кој се исклучува од регионалниот пат 1201 од самиот град Дебар.

Земјиштето околу Коњари е зарамнето, со благи долини. Има многу костени, особено јужно од селото. Земјиштето во долините е црница, а наоколу растресита.[2]

Низ селото тече мал поток од изворот Џепчиште и служел за наводнување и поење на стоката. Како вода за пиење се користела Чешма е Бард, која летно време малку тече, дури и пресушува. Во селото имало 15 бунари, но за вода за пиење се користеле само 3. Во суштина, селото оскудевало со вода за пиење во летниот период.[2]

Селото се наоѓало долж долниот дел на една речна долина. Северниот дел се наоѓал на присојна страна, додека јужниот дел на селото бил на осојничава страна. Не било поделено на маала. Куќите биле главно свртени кон падот на земјиштето и биле изградени од чатми.[2]

Историја

уреди
 
Воздушен поглед на земјиштето околу селото

Основачи на селото и староседелци биле Македонци, кои имале своја црква со гробишта на месноста Киш (црква). Од таа црква, две икони (Богородица и Христос) околу 1800-тите години биле пренесени во банишката црква „Св. Димитриј“.[2]

Во XIX век, селото било населено со турско население.[4] По иселувањето на Турците, селото е иселено.

Подоцна, во 1889 година е запишано дека во Коњари живееле 28 лица, Арбанаси. Во 1912 година, селото имало 41 куќи, а во средината на 1916 година 220 Турци (односно Арбанаси).[2]

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[5]

Стопанство

уреди

Атарот на селото зафаќа простор од 6,4 км2.[3]

Мештаните се занимавале со земјоделство, а имале добри приходи од костени. Селаните работеле и како аргати надвор од селото.[2]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948320—    
1953344+7.5%
1961385+11.9%
1971415+7.8%
19810−100.0%
ГодинаНас.±%
199100.00%
199400.00%
200200.00%
202100.00%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Албанци.[6]

Селото било наполно раселено по 1971 година, когашто броело 415 жители, албанско население.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Коњари немало жители.[7] Истото било потврдено и на последниот попис од 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 320 344 385 415 0 0 0 0 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови

уреди

Коњари било турско или албанско село.[2]

Според истражувањата од 1954 година, родови во селото биле:

Иселеништво

уреди

Од старите македонски семејства кои живееле во селото се знае за Мандаловци, кои се иселиле околу 1855 година. Од нив некои живеат во Дебар, а други во Баниште.[2]

Од муслиманите има иселеници во Турција (Дамони, 3 к.), Албанија (Азизи, 1 к.), Охрид (Хајсе, 3 к.), Хаме (Хајсе, 1 к.), Дебар (Каја, 1 к.) и во Селокуќи (Мурати, 1 к.).[2]

Општествени установи

уреди
  • Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика

уреди

Кон крајот на XIX век, Коњари било село во Дебарската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Дебар, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Дебар.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Дебарска градска општина, во која влегувал градот Дебар и селата Баниште, Бомово, Елевци, Коњари, Кривци, Рајчица, Селокуќи, Спас и Хаме. Во периодот 1950-1952 година селото било седиште на некогашната Општина Коњари, во која влегувале селата Бомово и Коњари.

Избирачко место

уреди

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0549 (заедно со дел од градот Дебар) според Државната изборна комисија, сместено во простории на основното училиште „Пенестија“.[12]

На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 596 гласачи.[13]

Културни и природни знаменитости

уреди
Џамии[2]
  • Некогашна џамија

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 2,11 2,12 Русиќ, Бранислав (1954). Дебарско Поле. Скопје: Филозофски факултет - Скопје. стр. 172–174.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 34.
  4. s:Рапорт на Търпо Поповски и Павел Христов до Тодор Павлов от 28 януари 1914 г.
  5. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 6 јануари 2023.
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 6 јануари 2023.
  13. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2023-01-06. Посетено на 6 јануари 2023.

Надворешни врски

уреди